Па тоа им е и намената впрочем на капките.Да ги ублажат колку-толку грчевите. Кај некои се поинтензивни, други пак воопшто ги немаат. Добро е што постојат и вакви препарати.
@iki26 како се покажаа капките? Јас од еспумисанот не видов многу подобрување па планирам да ги сменам ама веќе незнам со што.
Па што знам да ти кажам искрено. Навечер пак сме со плачки но не толку интезивни. Може ги имаат ублажено грчевите,но сеуште постојат.
Ние сме 18 дена, на почеток на грчевите корнеше дури и зарипна гласчето. Ни препорачаа еспумисан, ублажува ама пак има скоро после секој подој. Се грчи кенка, ноќе не сака да цица. Имаме и мрсулчиња, и понекогаш се задавува па ме фаќа страв. Тежок период што мора да помине.
Денес бевме на контрола и матичната ни препорача некој пробиотик нормиа, наместо био гаја. Некој да го користел ова и искуства?
Јас сум и го давала на големата овој пробиотик кога имала пролив или повраќање. Подобро се покажал отколку Линексот. Задоволна бев од него
Нас не фаќа моментално после јадење или спиење и тоа многу силно и се смирува само со фен а зајдува од плачење мора да му викам погласно да се поврати а му давам био гаја секој ден и ми рекоа да не ги прекинувам неколку месеци да му давам и colief од овие мирно ми спие
Давај му био гаја не му ги прекинувај, нас од нив ни поминаја грчевите. Имаше малку грчеви околу 3та недела и само неколку дена со капките му прекинаа грчевите па сега нема.
Според упатството се водам. Давам околу 15тина капки еднаш дневно (јас секогаш навечер). Инаку пишува во упатст ото еднаш дневно од 11-20капки, препорачливо навечдр да се даваат.
Во што го дававте пробиотикот био гај? Во упатството освен дозата од 5 капки друго не пишува. И за чај бекутан, колку мл. Дававте на новороденчиња?
Јас го давам директно во уста, или кога ми е нервозен во лажиче со малку млеко. Чај почнав да му давам после првиот месец. Секој ден различно но не повеќе од 100 мл на ден така и пишува на кутијата од бекутанот. Јас му давам чај Оти вода не пија ептен малку ако голтни голтка две. Бекутанот е ептен благ а моево бебе Хип чајот не го пија го плука. Можеш да пробаш и чај на Хип да му даваш на бебињата бидејќи не содржи шеќери како бекутанот.
Мајки ние сме 2 месеци и 4 дена и уште имаме грчеви, гасови.. посебно навечер од 7 докај 10часот синко е нај нервозен и се вие целиот. Само во раце сака да биде, таман го ставам на кревет се грчи испушта гасови и плаче. И јас ги користев еспумисан, сега ги земав Колиеф ама не гледам некоја разлика. Исто и биогаја пробиотик давам, но изгледа до 3ти месец ќе си се мачиме . Една мајка ми кажа дека нејзиното до 5ти месец било така, искрено се надевам дека нема да бидеме и ние таков случај.
На моето и тиква варена му делува како дигестив пробај и со тоа, може да се дава и од 5 месеци бидејки не е алергена, а е многу корисна. Инаку воопшто нема простор за грижи. Можно е и да е гладно, рани го навечер еден час пред нанкање со кашичка може млекцето не го држи. Док Може и да се запчиња.
И ние сме скоро 2 месеца и девојчето има многу грчеви. Абе хорор е дома, исто од кај 7 навечер кога ќе ја фатат, до 2-3 часот после полноќ само плаче, се грчи, испушта гасови... Се сломи малата со овие грчеви. Имам над 5 врсти на капки сменето и џабе пари фрлени, ништо не помага. И пелена топла и ставам на мешето, масажи, се е џабе. Синчето нема грчеви, барем е мирен. Аууу полудев веќе, едвај издржувам
Доколку доите треба да внимавате и на храната која ја внесувате вие, да не е зелка, грав, грашок и сл. Односно мајките да избегнуваат храна која преку млекото му создава дополнителни грчеви на малото, јас многу внимавав и поминавме полесно. Варев и ким неколку зрнца во водичка, а пиев и лакта микс на Becutan . Пробувајте се Вреди за ДОБАР СОН
Nas mnogu night give ublazija grcevite Gas bimbi kapkite. Znae da poplace koga ama ne kako prethodno. Probajte gi I vie
Тежок е тој период. Ама мораш да бидеш смирена. Дали доиш? Ако да, внимавај на исхраната, грав, зелка не внесувај. И убаво пишала членката погоре, кимче свари и. Нам тоа ни помогна колку - толку. И прави и вежби со ноџињата како да вози точак. Ќе пушта гасови и ќе се искака полесно.