Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци ехе мамички нас најголем спас ни беше чајчето бекутан и го дадов на малата од вториот ден ,педијатарот не искара не требало ништо до 2 недели ,а таа душичка го влечеше цуцето и шишето мислиш ке го проголта , и одма и олеснуваше на мешето , ама кој да знаел на почетокот дека не и стига млекото затоа така со сласт си го пиеше чајот, па почнавме со формула инаку ке зјдеше од плачење оти не и биле само грчеви туку и била гладничка , ке го препознаете плачот ако има болки во мешето само од мое искуство ако плаче и бара често да цица мора да си го проверите млекото ,јас не сакав да и давам вештачко ,ама многу згрешив цркаше дете од плачење уф и сега ми е жал кога ке се сетам ,како почнав од 3 месеци да и давам ад ке си го наполнеше мешето и заспиваше мирно,прво искуство сите грешиме
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци кај нас пак ништо не помагаше несакаше да пие никаков чај за грчевите и на крај најдов спас во тетра пелената затоплена со пегла одма се смируваше и го ставав да спие на меше а за млекото и јас почнав еден период да се сомневам во количината зошто постојано бараше да цица и се воспостави дека е само лакомо а јас си имам доволно млеко така да излезе дека грчевите се во прашање...
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци мене денес мм ми донесе чај од анасон, ама за јас да го пијам а не бебето, помагал да се нормализира млекото и да го смирува стомачето на бебето, е сега ке видиме колку ке се смири дали некоа од вас го пиено?
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци исто и за чајот на хип за доилки имам мн слушано...пробај па ке ја видиш реакцијата
Не верувам да создаваат зависност тоа се капки за грчев може да ги користиш првите месеци потоа не зошто ќе му се регулира стомачето и грчевите ќе исчезната,така да нема да се создаде зависност па да бебето не може без нив без гајле јас и погоре напоменав не сум користела ни чаеви ни капки против грчеви туку термафор кој се става на стомачето и ептен сум задовона многу ми помогна.
јас не сум размислувала за термофор од причина што мислам дека кога ке му го ставам тоа топло на стомачето дане се испоти, и да настине. Денес со чајот немав успех се поврати, па ако вечер почне да плаче ке му дадам капки друг избор за да му помогнам немам, а за термафор читав и други го користеле и се задоволни, би требало да размислам и јас за таа опција.
Според мене тоаа опција ти е најпаметна термафорот јас го ставав преку облеката и плус ствав пелена преку стомачето па термафорот и нема да се испоти за да се настине плус ништо не штети надвор е од бебето пеку кожата, мене ми беше страв со капки незнаев како ќе реагиаат на бебето зошто бебето ги внесува во себе
јас купив термафор, ај сега кажете дане има некоа посебна техника за местење, колку време да стои на стомачето? и аптекарот рече да паѓа термафорот под папочето на бебето, нели е тоа многу ниско? о дали жештината од термафорот може да му направи проблем на тестисите? оти велат на машките бебиња им сметало висока темп.?
јас му го ставан на долниот дел од мешето кај што се цревата. му го ставав над облеката и го држев дури не се излади и јас имам синче а мене никој не ми кажал за тестисите ама то не се чува преку цел ден за да се направат проблеми
Нема да го ставаш на тестиси, ќе го ставаш погоре, не може под папочето, ќе го покрие и него. И не директно на голо, туку над бодито што му го ставаш, а може и над шпилхозните, зависи колку е топол. Јас имав обично мало термофорче, го полнев со топла, да не речам жешка вода и го ставав обично над шпилхозните.
епа овој термафор неможам јас да го направам колку да биде топол оти е од оние со паричка внатре ја стискаш и сам се загрева, и гледам на кутијата пишува дека се загревал до 50 степени. папчето му е паднато уште од болницата за тоа и си мислев дека нема да му направи проблем ако термафорот го зафати и него.
нема гајле ќе го ставаш над алишта и јас имам таков ќе го тргниш кога тебе повеќе нема да ти е топол.
Ние имавме многу јаки грчеви на почетокот и траеја по 3 саати и пробавме се, од исхрана до термофорче, масажи на стомачето, чаеви и капки. Фала богу сега веќе сме скоро 3 месеци и почнува да ги снемува иако некогаш знаат да се појават ама се кратки. И на нас ништо не ни помогна колку чајот за грчеви на Хумана од коморача и ким, се смируваше веднаш. И мислам дека чајот за доилки од билна аптека ги смирува грчевите преку мајчиното млеко, јас го пијам и не знам дали имам повеќе млеко од него ама знам дека малку се потсмири од кога пијам па веќе не давам чајче за грчеви. А од капките користевме Инфакол и многу повраќаше од нив, дека тераат да ждригнуваш и немаа никаков ефект во намалување на грчевите и ги прекинав.
Дали некој има пробано чај од анасон од Алкалоид? Доаѓа во мали кесички, се продава во аптеки, ама имам видено и во маркети. Имаме пријатели со мало бебе кои се жалат на грчеви и сакам да знам дали може да препорачам вакво нешто. http://www.alkaloid.com.mk/caj-za-doenc ... -----.nspx
јас му го давам ова чајче на бебушот, ама кај нас немаше некој посебен ефект, во периодот кога го факаат грчеви ништо не ни помага, а на другарка ми бебето му помага чајот кога има грчеви. додека не пробаш нема да знаеш и кај вас како ке делува.
Чајот за грчеви од кога може да го користиме? Кај мене сеуште не покажало дека има грчеви ама во случај кога би имал дали змеам да му давам уште од сега?
Ќерка ми немаше воопшто грчеви , па еве нас кој чај ни го препорача педијатарот (во случај да се појават грчевите)
Koritsaki и јас земав чаеви на Милупа, и овој и уште два други(едниот е од Камилица, а другиот е само тревка на сликата, незнам од што е). Овој чај знам дека бил за смирувањЕ(позади така пишува), а тој од камилица за колики пишува дека е. Јас да ти кажам цела су збунета, но почнав да и ги давам, а дали дека не се многу благи како Бекутанот овие не баш ги обожава. Kalias Бекутан чајче можеш од почеток да даваш. Нас ни помага ова чајче и сум задоволна, а сега еве пробувам и со овие на Милупа чајчињата.
и ние немаме грчеви фала богу засега, ама јас ми давам неколку дена по малку чајче од бекутан, и одма си го пие