И она не е плачка, ама по давање капки почнува да се грчи, витка нозе, црвенее. Нас ни рекоа 5 капки навечер. И таман мислам заспива, она почнува да се грчи. Вечер планирам да не давам и ќе видам реакција.
Да. А и читав демек со подолгорочна употреба грчевите се намалувале и викам нема штета од пробиотик. Жал ми е кога се грчи.
Нас ни рече може и по секој подој да давам, што тоа мене ми е многу и не гледам потреба од истото, па одлучив по 2пати да давам. Но ни рече по еднаш обавезно било кога. Види не давај ако не, можеби не и пријаат..
Како сакаш,ама ако е супер и потоа штом дадеш се грчи,значи не и пријаат.Консултирај се со педијатар.
Ако сакаш пробиотик да дадеш има и други, Провен на пример е супер. Јас имам позитивни искуства со него, малово имаше грчеви од грав, одма го смири. Зборам за периодот со цврста храна, а не за бебешки грчеви.
Ремедика, систина па и другиве си прават бизнис јасно како ден. зошто не викаат дај пробиотик, него стриктно биогаја? па и уште во зегин ја имало до 22ч ти работат земи си ја и сите знаеме дека е така ама нели слушаме доктор Ако детето има грчеви ќе има. Ништо нема да го спречи а и нормално е сосема. капките само ублажуваат. јас дадов еден куп пари за капки во потрага по вистинските. А не ги најдов Среќа не беа страшни .
Кукле, обично викаат грчевите се поинтензивни навечер. Може е само коинциденција но пробај без нив или давај ги наутро. Ако не бива ќе си смениш. А за грчеви даваш нешто? @emkaemka многу да не е 2*5. На упатството пишува еднаш. Освен ако не е препорака од педијатар, јас би давала еднаш.
Не ми се чини дека е коинциденција. 3 ден по пиење реагира. За грчеви не давам. Реално не сум приметила дека има.
Препорака од педијатар е, рече од нив штета немало само добро, пишав и погоре рече и по секој подој сум можела ама по 2-3капки.. Убаво пиша Ели погоре де
@kukla21 за биогаја не знам, ама мојата додека имаше грчеви кога ќе и дадев капки против грчеви (еспумисан, сан симплекс пробав) грчевите стануваа поголеми. Кога немаше да и дадам ништо имаше грчеви ама беа подносливи. Додека и давав капки не и давав и пробиотик па не знам дали делуваат исто. Од пред два месеци користам провен и сум многу задоволна.
@kukla21 пробај дај и на сабајле па следи ситуација. Јас сум задоволна од капките, бебево таман почнуваше да има грчеви почнав да му ги давам и по 3 дена не се грчеше повеќе и мака со грчеви не видовме. 3 шишенца потрошивме ние. И му ги давав секој ден различно не гледав да бидат секој ден во ист саат.
Sigurna si deka se dava 2x5 kapki ? Mene mi naglasi pedijatarot deka treba 1x 5 kapki vo tekot na 24 casa
Сигурна сум нас што ни е кажано и што ни пишува во извештајот, вас како ви кажале така правете, не секое бебе е исто