Најсилните грчеви се јавуваат во периодот од вториот до третиот месец, а може да се случи и бебиња што дотогаш немале грчеви, да имаат баш тогаш. Малово немаше грчеви, ама некаде околу два и пол месеци имаше епизоди на силни плачки и виткање (а воопшто не е плачко и немал грчеви од почеток), кои поминаа за два три дена. Ќе помине, мора да се издржи.
Фала ви девојки @Annath i @kukla21 ова ептен ме изненади оти мислев дека веќе ги поминавме пошто се смири едно недела две. Прво мислев од антибиотикот да не е ама помина мн време не би требало да е од него. Ајде уште еден месец ќе издржиме
Нам ни помогна еспумисан и чај од ким. Исто и топла пелена, и да ја држиш со раката на стомаче, така плус чувствуваат сигурност.
Ne spieni noki od grcevite i nie imame Ni dadoa cajce becutan od sladok anason koj i go pravam so cajce od kim prethodno prigotveno, infacalm kapki 2x20 kapki na den. Imavme epizodi i ovie denovi ama pokratki bea. Probaj
да ве прашам сте им давале на малите sab simplex капки за грчевите? по колку и колку често? и како определувате кога треба кога може и без? ние направивме месец и почнаа грчевите, често по 3-4 саати не можам да ја успијам ми се буди на кој и да е начин, се грчи и плаче.. а па ако заспие цврсто спие и по три саати и може и повеќе ама па ќе ја разбудам да цица и после пак борба.. ми е мисла дали и се фаќа многу малку спиење
Majkii do koga ne. smeeme da jademe hrana koja stvara grcevi,celo vreme dodeka gi doime ili dodeka traat kriticnite meseci?
Не е докажано дека некоја храна прави грчеви со исклучок на кафе, чоколадо и газирани сокови. Се друго е индивидуално и треба да се следи реакција на бебе. Јас се јадам.
И јас јадам се. Ама од кикирики на двапати и направив проблем на беба и веќе не ги јадам. Инаку за среќа немаме многу грчеви, ретко ептен и траат 15минути па откако ќе успее да се искака престанува да плаче. Туку ме загриживте со тоа дека од 2 до 3 месеци е критично со грчеви, значи кај нас допрва може да се случат. А баш се радував дека ги нема.
Кај нас не беше така, најизразени беа грчевите во 5та недела и траеа недела дена.. Јас пробав да јадам цитруси, но приметив поизразени грчеви кај бебе, исто и дерматитот му се влошуваше, сега не сум пробала ми е страв.. Грав, леќа, боранија.. јас не ни јадам па не знам за од нив.. А млеко пијам во кафе ништо не му е, односно и кафе пијам по првиот месец по едно на ден, немало реакција..
Се препорачува да се избегнува конзервирана храна. Конзерванси се пренесуваат преку млеко. Паштети виршли исто така. Има видео со Сајковски на јутуб тема грчеви кај бебиња ѕирнете. Јас 3 месеци давав еспумисан. Ние уште од старт заглавивме со грчеви.
Море со овој памет ништо не би му давала, ми се прероди беше штом џитнав се Само вежби, некогаш термофорче, внимавање на храна колку толку и доста е! Иако моево не ни имаше некои грчеви, ама мака ми е и за тие, па што се мачеше за во вц
Два сме, без некој ден. Дај Боже и ние да сме поштедени од грчеви. И досега имаме среќа, скоро и да немаме грчеви, неколкупати само и тоа по петнаесетина минути. Од почеток мислев дека голем ефект имат Колиеф капките а после баталив да ги давам и сфатив дека не е до нивниот ефект. Продолжив само со Био гаја. Инаку првата ќерка имаше мноогу грчеви, сите капки ги пробавме ама ефект не видов, пазев што јадам и пак не се спасивме од грчеви. Ама многу цицаше, многу... па можеби со тоа си го оптеретуваше стомачето. Сега ова бебе цица на 2 или 3 часа не многу долго, можеби и тоа да е причина што нема грчеви. Ова моја претпоставка, а можеби и нема врска.
така се погодило кај вас веруј ми. Да знаеш каков хорор од грчеви имаат некои бебиња се крстиме у капки.. Среќа ваша
Исто и кај нас како кај @emkaemka откако престанав да и давам капки малата се прероди. Прво пробавме еспумисан, па сан симплекс. Ужасни грчеви имаше. Когс ќе ми текне на тој период ми се плаче. Откако престанав да и давам капки, грчевите се смирија.