1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам, чајот на Бекутан е полн со шеќер, затоа бебињата го сакаат. Јас давав чајче од неколку скршени зрнца ким во филџан вода, и тоа со лажиче. Друг чај против грчеви многу ретко давав, немаше потреба од тоа.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    да и јас забележав дека е мн благ, го пробав, еххех
    а можи да ми кажиш точно како го правеше чајчето од ким, за да си знам за недај боже ако имаме пак јаки грчеви ...
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Во превриена жешка вода ставав 4-5 зрнца ким (пола филџан вода со 4-5 зрнца) и кога ќе се обоеше водата ги вадев зрната. На бебето му го давав млак, а не топол. Син ми нема навика да пие топли течности, директно од фрижидер си пие сè.
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас не му давам ништо за грчеви. Само го масирам со раката по стомачето во кругови како сказалките од саатот, така ме советуваше педијатар. И кога го слушам дека испушта гасови или кака, му ги подигам малку нозете и благо го притискам со свиткани коленца врз стомачето за полесно да се испразни.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Е и јас почнав така со масажа и викав ништо нема многу грчеви кога се засилија и кога достигнаа 12 часа во континуитет малата миту можеше да јаде а ниту спиеше . Тогаш купив и еспумисан и колиеф и сите чајчиња бекутан , камилица на хип дигестивен чај на хип и коморача на хип . Од сето ова немаше никаков резултат . Имаше резултат ако ја заспијам кога ќе заспиеше ретко имаше грчеви тогаш почнав да се прашувам зашто е така ако и пуштав бели звуци исто немаше грчеви . Во тие моменти се згрчуваше и тоа лесно еднаш до два пати . Ми беше чудно зашто се најинтензивни дење , додека е будна на крајот сфатив дека имам нервозно бебе не беше ни до формулата од формулата се згрчува 5-6 пати по јадење ни до ништо токму затоа и ништо не делуваше . Кај нервозните бебиња се активира нервниот систем на дигестивниот тракт и прозиведува јаки грчеви затоа се гушкаме цело време и настојувам да јасмирам чајчињата си ги пиеме меѓу оброк не со надеж дека ќе ни помогнат туку за да не пиеме чиста вода па ако ни се пие повеќе од 100 мл мада ова не се случува си преоѓаме на водичка .
     
  6. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    а да пробате со еспумисан капки јас и ги ставав во ад млеко а можете и со лажиче или во вода имаат вкус на банана
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Исто и мене ми го пишаа овој чај и мм го зема уште истиот ден кога се роди синчето ама сеуште не сум го отворила и не сум почнала да му давам оти нема грчеви сега за сега пу пу да не ни се уроци се си е таман, само што сакав да знам од кога можам да почнам да му давам од која возраст :?:
     
  8. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    На секоја од кутиите пишува од која возраст да се употребува , на пример чајот на бекутан и хип камилица и хип коморача се од раѓање од првата недела дигестивниот чај е од 2 месеци ама си пишува на кутијата на милупа не сум користела па не знам
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Јас кога јадев чоколадо ние имавме опасни грчеви, солзи му течеа, душиче, и тоа само од една коцка, а да не зборам за повеќе. И пребарувајќи по интернет за грчевиве прочитав дека чоколадото предизвикува грчеви и се препорачува да не се јаде до 6 месеци или барем до 3. Кафе не пиев ама чоколадо одвај издржав 3 месеци да не јадам, наместо тоа јадев други благи работи без чоколадо. Денес после долго време јадев Lions и сега засега сме добри.
     
  10. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    знае ли некој дали капките за грчеви infacol можам да ги најдам во македонија???
     
  11. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    не знам зошто толку голема фама за тие капки во смисла ги има или ги нема. ние истите ги користиме уште вториот ден откако си дојдовме дома од болница. до сега имам купено инфацол капки вкупно 5 кутичиња и тоа од различни аптеки- па во сите аптеки мислам низ скопје дека ги има. никогаш не сум влегла во аптека да ми речат нема капки. уште во болница ни ги препорачаа и одма си ги купивме. едно кутивче чини 360 денари, и се даваат пред секој оброк. помагаат и ги препорачувам. тие во комбинација со дршка од сардела и немаме никакви проблеми со запек, грчеви или слично. и тоа, да, колку и да звучи глупаво ( и јас од почетокот бев против ) помага 100% за запек, мислам на дршчето од листот од сарделата. После 5-6 минути и бебушката се олеснува. тоа е премногу тенко и не го осеќа а не спасува и тоа како. инаку мамички и јас имам прашање, во првиот месец ли треба да го однесам бебушко на педијатар и дај препорачајте ми некој добар воопшто не сум упатена во тој поглед. позз и бацки за бебенцата :* :*
     
  12. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Која е активна супстанца во инфакол капките ?
     
  13. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    simeticone- како основна компонента
     
  14. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Во тој случај еспумисан и симетикон е истиот лек не знам само дали концентрацијата име истаок нас не ни помагаат еспумисан фала многууу
     
  15. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    ќе те замолам да ми кажеш во кој дел од скопје си ги нашла, јас прашав во зегин, виола и уште една апотека, ми кажаа дека веќе ги немаат и тешко дека можат да се најдат. ги имало до пред некој месец ама повеќе не. во поглед на добар педијатар, јас во ремедика синот го насам и можам да кажам дека сите се добри.
     
  16. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Рецепт за грчеви: една капка зејтин со малку мајчино млеко. Бабински рецепт, но многу ефикасен.
     
  17. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    А ако нема мајчино млеко може со Ад ?
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Во лажичка се дава? Колку мајчино млеко и колку зејтин и колку пати на ден?
     
  19. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Да може со АД млеко, бидејќи тоа го пие бебето и се дава со лажичка кога има грчеви, а дозата е една капка зејтин со млекце.
     
  20. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Не знам дали е само реклама или е сугестија, меѓутоа капките Инфаколик нас најмногу ни помагаат.
    Ние ги користиме грчките капки, и пред секое доење и давам по една не целосно полна пипета. веќе две недели ги користиме и гледам подобрување. Не дека воопшто нема грчеви, но се со многу послаб интензитет.
    еве ги капките
    [​IMG]
    Јас пак пијам по 30тина зрнца ким 3 пати дневно, и тоа не знам дали има ефект, но ете некако не се откажувам од кимот.
    Кога има некој со мене полниме и термофорче, ама кога нема останува само држање на мешето, нежно тапкање по газето и галење по грбчето и пеење песнички.
    Многу се жални кога плачат, ама тоа е, да се тешиме со тоа дека ќе поминат, ;)