Топло на меше, термофор, масажи на меше со кружни движења, точаче со ноџињата.. Имам погоре споделено, на 2м и 3недели престанав да му давам Биогаја и Еспумисан, тоа му давав и за некој ден магично снема грчеви, да пробаш и ти да престанеш да даваш, само со топло на мешето и вежбички да продолжиш, барем 5дена и види Инаку велиш даваш и АД, верувам си менувала и исто било од сите..
Топло и вежби правиме, пробав да не давам ништо но кратко два дена баш ке пробам подолго и онака не помага. А ад еднаш сменив од беба на нестле почнав аптамил и др ми рече да не менувам пак да не му сметаат чести промени. Инаку и не какаме редовно, а после какање обавезно има грчеви. Сакам да пробам некој ден да пие само ад дали ке му биде подобро. И така молзено пие само па ке го замрзнам моето ако нема промена ке му го дадам понатака.
Исто и моево не какаше редовно, тоа ни беше и најголем проблем, грчеви немаше многу. Какаше еднаш на 2-3 па и 4ри дена и дур бидне, па тоа беше церемонии, а сега по 3пати минимум си кака, без мака Ептен ми е жал кога ќе ми текне, ми се измачи бебе болен беше и во цела фрка скрос заборавив да му давам, така и приметив. Инаку само на доење сме ние..
И мојот од Беба од нестле какаше еднаш на три ден и сменав на Хип комбиотик и од тогаш проблем немаме. Инаку за грчевите кај некои бебиња колку и да даваш капки не помагаат пробај не давај па види како ќе биди.
а дење убаво ви спие? нашево кога има мн грчеви ни во раце нема шанси да го успиеш, нас единствено ни функционира носење во слинг - со мака ама заспива и спие по два три саати убаво.
Дење во раце може да спие, спуштање не функционира никако. Едно време убаво спиеше во количка со аспоиратор уклучен или фен, ама во последно време ни тоа не функционира.
@Chantal и мојот имаше проблем со каките. Исто е на комбинирано , доење+хип. На моето му помога кога јадам супа, во варење додавам лажица масло. Можеш дирекно и во чинијата. Убаво го протерува. Измеѓу пијам и компот од сливи. А чинија супа обавезно наутро и навечер. Аптамилот е меѓу ,,потешките,, млека, знае да прави проблем. Сепак консултирај се да пробате нешто друго штом само еднаш сте смениле. Моето е на Хип, добро му е . Читајќи ги тука мајките ретко која се жали од него. Велат оти е блиско со мајчиното и не е толку густо. А има и пробиотик и пребиотик. Греота е душиче се мачите и оно и ти.
На 11 ти имам термин на педијатар па ке зборам. Инаку едно кратко време му се среди столицата и набрзо пак по старо мислам пиев компот од сливи тогаш. Супа секако ми е на мени. Сега прочитав имало аптамил за грчеви можеби ке пробаме со тој сепак сакам прво со педијатар да зборам. Од денес го замрзнувам моето млеко да видам како ке се однесува само со ад. Таман си рековме има грчеви но посилен е подобро ги поднесува пак многу јаки грчеви со вриштење и проблематично јадење. Мора да пробам све не ми изгледа дека на 3месеци ке прекинат. Уште малце имаме до 3месеци.
Имаме 21 ден и имаме страшни грчеви. И давав бекутан чајче и гас бамби капки. Ми кажаа дека бекутан чајчето ствара повеќе грчеви па синојка и дадов зовриена вода со 5 зрнца ким и гас бамби капките и се смири малце. Вечер сакам да пробам само чајчето од ким да и го дадам без капки зашто еве 2 дена не е какана а педијатарот ми рече не е страшно ако се 2 дена ама можно е да и е од капките. Сакам да прашам што е ова биогаја, гледам многу го користат па ако може некој подетално да ми објасни. Помагаат за грчевите или?
Detevo.mi.bese.mirno tri.dena.. vcera jadev riba I parce.cokoladna.torta.. crlq vecer ne.sum.spiena.. samo kenka I.eve I sabajlevo.se.maci. od.sto.moze da e? Ribata.ilii tortata
Тоа сакав и јас да прашам.... nurse harvey's од кај го купувате? Прашав во Струмица онлине аптека некоја, вака ми одговорија (Почитувани, ви благодариме на интересот, но за жал Nurse Harvey's го нема повеќе од самиот дообавувач во Македонија... дали сакате да ви понудиме некоја алтернатива? Со почит Тим 24 Часа Аптека)