Нема правила. Може и 6 месеци да траат. А може и кратко да престанат и со воведувањето на цврста храна пак да се јават.
Ние ги користиме. Био гаја навечер (околу 19-20ч) по 5 капки и капнувам директно во усте. Колиеф по 5-6 пати во текот на денот, некогаш давам со лажичка (4 капки и малку млекце), а понекогаш ставам во шишенце со мое млеко, исто 4 капки.
девојки да ве прашам, бебчето ми е 40дена, има грчеви и кога спие цело време испушта некој звуци како да се стиска. Дали тоа е од грчевите има ли некој слично искуство??
Oд грчевите е мaјкa.Мoетo пo цели нoќи тaкa прaвеше.Спиеше и стенкaше. Дaвaј кaпки.Ние имaвме тoлку грчеви штo еден периoд oдбивaше дa цицa.Oд сите испрoбaни кaпки единственo ни пoмoгнaa Infacalm.
Бебето ми е 3 недели, од вчера ми е плачливо, има гасови и мешето му кркори. Земав еспумисан капки и му ги давав како што пишува во упатството 25 пред подој, иначе цицаме на 3 часа отприлика. Веќе денеска има подобрување, не плаче толку и си спие. Што мислите дали му давав пречесто од капките, да продолжам како во упатството или да давам само по потреба? По групите на фб гледам ги даваат само по неколку пати на ден, или по потреба. Јас од синоќа па до сега веќе му дадов 4 пати, пред подој, страв ми е да не го предозирав
Во упатството пишува пред секој подој, така да не верувам дека можеш да го предозираш. Во иднина пробај поретко. Јас давав два пати во ден и доволно беше. Ќе видиш како ќе реагира бебе со поретко, па ако треба ќе зголемуваш
Кога почнуваат грчевите кај бебињата? Ние пред 2 дена дојдовме дома од болница недела дена ми е стара бебушка и приметив се грчи плаче па ќе се искака. Еве денес саат ипол неможевме да се надоиме плачеше во меѓувреме испушташе гасови нејќеше цице да фати... Почнав од денес со биогаја ... треба нешо др да и давам од капки??
Како ги даваш колиеф со лажичка? Дека на упатството пишува во минимум 15 мл млеко да се растворат... Јас мислев да капнам исто од града малце млекце во лажиче 4 капки колиеф и да му дадам.. ама сега се замислив... комплицирано ќе биде да се молзам пред секој подој па шише па капки со оглед на тоа што ми кажаа 6 пати на ден да давам...
Јас така правев, некоја капка млеко во лажиче, капките и давав и педијатарот ми потврди дека е ОК. А да даваш 6пати не е многу? Плус сега во старт па и премногу да не е, не се сеуште толку изразени што знам, јас давав некои 2-3пати. Инаку видов погоре си прашала за грчевите, да на бебе му почнаа 10тина дена од раѓање.
Баш така, малку капнував од града во лажиче и ставав 4 капки Колиеф. Може така, единствен проблем е што повеќе ќе му горчи, па затоа е подобро во повеќе млекце. Види, ако пие од лажичето, така давај.
Мислам дека уште сте мали за грчеви, но уште некој ден и ќе почнат. Јас ги давав од втора недела, кога ни почнаа грчевите. Бидејќи посетите на педијатар се почести првиот месец, послушај совет од докторот што да даваш и колку.
Можеш после две недели да почнеш со пробиотик и еспумисан, јас други капки не сум давала бебчето скоро и да немаше мака со грчеви. Топла пелена, чај од ким исто многу помага за грчеви. Плус пробиотикот е добар за имунитетот.
Јас од две недели давам пробиотик само, за сега да не ја подречам нема грчеви. Можеш пробиотик дс даваш уште одма. Си испушта гасови редовно, нема мака. Само еден ден се грчеше и плачеше многу, јадев туна тој ден, не знаев дека не смеам.Среќа со топла пеленка и гушкање ни помина за брзо. ама страшно беше..
На капките Еспумисан пишува дека може да се даваат од 14 дена старост, но јас почнав од 7, премногу плачеше @Chanell* јас си јадам туна повремено, немаме проблеми од неа а и прв пат слушам од тебе дека може да предизвика грчеви. Ако си јадела само еднаш туна, може грчевите и не биле од неа, не се секогаш предизвикани од храна, едноставно стомачето мора само да се "среди" и да проработи.