Туна со златна мешавина јадев тој ден, кога и кажав на докторката рече да избегнувам туна, тешка храна била .. Што знам може и грашокот беше по проблематичен тој ден, ама за секој случај не јадам пак.
И моето помина без грчеви. Знаеше да се свитка еднаш во ден, ама ништо страшно. А и да има, нормална фаза е која ќе мине.
Вчера за прв пат ги искусивме грчевите..се виткаше ко кифла црвенее,стенкаше,плакаше и никако не сакаше ни во раце неможевме да се погодиме многу мрдаше тој плака мама плака дадов само чај а дури денес бевме на педијатар ни дадоа капки за грчеви ама некако нема фајде денес е ист..офф давајте совет што да правам друго да му олеснам? Не јадам тешка храна внимавам многу ама ете.. инаку си кака нормално жолта боја 4/5 пати некогаш и повеќе зависи и си испушта гасови
Од еден ден давање капки нормално дека нема ефект. Барем 10тина денови. Не е за утеха ама има деца кај кои ништо не помага. Период е кој минува. Тешко е кога плачат ама биди присебна и гледај да му оселениш. Прави му масажа на мешето како што одат стрелките на часовникот. Вежби со ноџињата како да вози точак. Ставај му топло термофорче ,има во аптеките за бебиња специјално. Ставај го кај тебе на стомах, исто и бебе на меше.
Леле ја не знам дали не фатија грчеви или бебево нормално си плаче. Некако похистерично плаче од претходно, кога ќе си се искака обично си престанува па пак. па пак го дојам па ќе си заспие па ќе поплаче пак малце хистерично ама тоа е мскс 10мин некако успева да се смири или на цице или со цуцла а му давам превентивно гасбилби па и тие ги сака дека благички. Може ли од пробиотик да има проливче и од тоа да плаче толку? инаку био гаја му давам, он си има редовна столица ама некако со ова како и проливче да има :/
Трети ден не сме какани. Ќе си пукнам од мака. Јадев суви сливи. Јадев ким. Да пробам со варени? Поише делуваат така?
Направи си компот од суви сливи и пиј ја водата и сливите јади ги. Исто помага и киви и круши. А и сок од јаболко.
Мојов најмногу го протеруваше кога пиев смуди од јаболко и банана. Пиј наутро и јогурт со ленено семе.
Добро до кога се грчевиве? Некоја мајка да ме утеши.. Не плаче многу ама се грчи и ќе си прдне ама тоа навечер таман ќе заспие и 2 саати на секои 15 мин се буди и се грчи со ноџињата и цивка.. Многу е жална.. Освен биогајата и колиеф почнав и чајче да давам хипп. Е сега како го давате чајчето и колку?? На педијатар ми кажаа 2 пати количински колку сака.. Она одвај пие 10 мл и некако малку ми е 2 пати на ден... А колиеф не давам 6 пати максимум 3.. не стигам поише.. Искуство некое?? Што да појачам?? Инаку пазам на исхрана дури премногу само ориз и компир јадам се др исфрлив... и запек си напраив
До крај на 3ти месец... утеха нема,ама минливо е. Чај за доилки на хипп пиј ти, има многу билки кои ќе и олеснат на стомачето и полесно ќе ги испушта гасовите. Јас мислам само ради чајов што го пијам по 3-4 шољи во денот, не не фатија грчеви.. сеуште. Се надевам и нема да ја фатат.
Нема правила до кога ќе траат, но во просек кај повеќето по 3от месец драстично се намалуваст или исчеснуваат. Најмногу кај мојов помагаше термофорче на меше. Често правев и вежбички со ноџињата и масирав меше, по ова знаеше ептен да се распртка. Чајче нуди го кога сакаш, не се толку ограничувај, но 10мл на толку мало бебуле не се за потценување, мојов ни 2мл не пиеше. Можеш и со неколку издробени зрнца ким да свариш и да пробаш со него. Значи мојов не пиеше ама јас турбо бев со истите чаеви, значи пиј и ти. Јас имам лошо искуство со биогаја и колиеф/еспумисан до нив ли беше не знам ама кога прекинав бебе почна редовно да кака и грчевите престанаа...
Тој чајот за доилки смеам да го пијам?? Дека имам мн млеко... па така ми стои дома неотворен дека одма мастит фатив па страв ме фати од него уше поише млеко да не ми се прави... Се мислев мн топло да не е за термофорче.. дека кога ќе ја затоплам со ќебе ми се поти одма и се нервира... Инаку редовно си кака и испушта гасови само што се мачи пред тоа.. Незнам дали да прекинам капки..
Не прекинувај, следи, не знам.. но ако продолжат пробај да недаваш некој ден и ќе видиш.. Ставај топло само на мешко, никако да ја виткаш во ќебе, ја склетисуваш така, топло е сега. Чим редовно кака супер, мојов месец дена редовно какаше, ама потоа еднаш во 2-3дена со судни маки инаку грчеви ние најизразени имавме само 10тина дена, потоа онака или пак од капките си имаше мака, не знам.. ќе пукнам кога ќе ми текне
@*Milicka* мислам и твојата исхрана влијае на неа. Повеќе течноати гледај да јадеш. Јас мислам на супа живеев.
Имам, од него можеби и ми надојде млеко инаку немав за да ја дојам. Ем млеко ем против грчеви, 2 во 1 чај
дали ако има грчњви бњбето ќе кака и испушта гасови нормално? денес мнофу плачеше бебе а неколку пати наполни пелени. па превентивнно сакам да му дадам вода со ким не знам дали ги распознавам убаво