Инфакалм или сабсимплекс капки? Колиеф давав првото шишенце му помогна но од второво не. Давам и биогаја пробиотик. Какви да земам сега,ваши искуства?
колиеф многу добри, исто и био гаја, но некаде прочитав био гаја прави проблем со столицата.. колактаза така нешто имам слушнато биле многу добри
Пред подој со лајче... во едно гезве од око ставав вода околу 100 мл и прстофат ким да извријат и го цедев и давав
Мамички ние сме на малку мое млеко и адаптирано на 3 саати ни го препорачаа НАН 1, имаме 11 дена а и имаме грчеви од кои капки или чајче сте задоволни против грчеви. Или можеби има друго адаптирано кое не прави многу грчеви?
Моето е само на доење па пак има грчеви. Педијатарот ни препорача еспумисан немаше никакво подобрување од нив потоа ми кажа да земам едни други биогаиа ни од нив немаше никаков ефект. Па од аптека си купив бекутан чај и е подобро. Инаку кога го прашав педијатарот да и давам чај тој ми вика аа не во никој случај во мајчиното млеко има се само капки и давај па една другарка која веке има две деца ми го препорача чајот.
Зависи од дете до дете некое има многу некое помалце..Некој капки делуваат некој не...Сите различна приказна..не е толку страшно...јас кога бев очајна и давав бекутан да пијат па еве ја пркна...ким и давав тоа можда ме спаси..можда масажата на стомаче...можда само од себе поминаја...Секоја мајка знајт со е најдобро за бебето свое
Чајот од Бекутан како го давате наеднаш цела доза, повеќе пати во денот од истиот направен чај и колку може да стои еден чај во текот на денот или само свеж се дава? Леле колку прашања имам
Јас и давав околу пола мера некогаш и цело..зависи како и сакаше душичката..ама практикував свеж да и прам
Чаевите скиснуваат, секогаш правете нов пред пиење. Да ви препорачам едно чајче, од Дм на Бејбилов од ким во филтер кесици. Ние тој го пиевме.
Здраво мајки, како ги дозирате еспумисан капките? Ние сме 12 дена и веќе не мачат грчеви Сум заборавила како ги давав на синко