Мислам по упатство беше 25 капки пред секој подој. Јас искрено давав два пати во денот по 25 (еднаш наутро, еднаш навечер). Пробај вака, ако не наголеми.
Мене педијатар ми рече 3х25 капки на ден. Пред доење, во делот од денот кога има грчеви, навечер најчесто.
Мајки дали има некоја искуство со овие капки? Дали помагаат? Малата ми е 2месеци и 10 дена ама предвреме родена дали би можела да и ги давам. Иначе пиеме и биогаја ама неколку часа делува и после пак и се јавуваат грчевите
За капкиве незнам.... Немам искуство Стави и топла пелена на стомачето или термофорче, масажа со ноџиња како точак да вози, кружни движења со показалец околу папуче.
Се имам пробано термофорче и ставам и масажи ништо не ни помага и овие ми ги предложија во аптека. Сакам чај од ким да и дадам ама ми е страв дека кога бевме на контрола докторката ми рече да не и давам ни вода ни чај немало потреба.
Биогаја е пробиотик, а ова се капки против грчеви. Така да не би требало да е проблем освен ако не добиеш поинаков совет до педијатар. Јас давав паралелно биогаја и еспумисан (капки за грчеви)
Ако ги даваш овие капки, немој да даваш Биогаја. Оти овие содржат пробиотик, плус симетикон за олеснување на грчевите. Немам лично искуство. Ама чај од ким навистина помага, неколку искршени зрна ким во филџанче вода, да зоврие и давај да пие.
Не треба вода, ама малку чајче по 10-20мл еднаш, два пати на ден не е проблем, ако сака да пие. Нас ни кажуваа да не даваме многу чај од ризик да не скрати од млекото, а на малите им треба да кркаат за да надокнадат. Моево му нудев ама едвај некоја голтка пиеше. Давав Еспумисан, Биогаја, масажи, термофорче, ама едно време престрашно беше, кога го префлив од Пренан на Нан и сменив млеко, давав Аптамил комфорт да му се средат грчевите и запекот.
И јас и давам НАН1 и денес докторката ми рече да и го сменам е сега се мислам дали да и купам аптамил или некое друго. Аптамилот мислам дека е добар можеби ќе и се намалат грчевите
Од обичниот Аптамил може нема да се намалат, ако не помагаат капки, масажи...итн. пробај со антиколик или комфорт млеко месец-два, полесно се дигестира, има Новалак, Аптамил. Консултирај се со педијатар секако.
Го користи ли некоја мајка hipp comfor organic 1, како е задоволна и дали дава плус пробиотик ? Мамички како ги давате капките Sab simplex капки против грчеви?
Здраво мамички. Бебушка моја има 12 дена и страшни грчеви. Дали е можно да има многу грчеви оти кога спие си спие по 4-5 часа, не ја будам на секој 2-3 часа да јаде.
Ако напредува не ја буди. Јас ја оставав да спие зошто уште во болница почна да качува килажа. Имавме грчеви, давав Еспумисан во консултација со педијатар.
Јас не видов подобрување од нив, сменив пробиотик по испиено едно шишенце од нив. Од сите можни капки за грчеви пробани на бебка и помагаа колку толку Co-lactase од Еурофарм. Имаше 24ч грчеви, на 2 месеци дознавме дека е 100% интолерантна на лактоза, од тогаш пие млеко без лактоза и како друго бебе да е. Од тогаш не давам капки за грчеви само пробиотик.
Јас ги давав и се уште давам на бебе за имунитет. Ги давав и на почеток, кога би требало да има грчеви бебе. Мое бебе немаше воопшто. Не знам дали имаат врска капките или така се погоди, ама мака не видовме никој, ни бебе ни ние покрај неа
Здраво мајки кои се подобри капки за грчеви саб симплекс или бигаја 27 дена сме премногу се грчи а и неможе да кака секој ден што ни ствара дополнителни маки премногу гасови дури со плачење додека прдне на ад млеко сме
majki kako gi dozirarate infacalm kapkite,deka na upatsvoto pisuva 20 kapki rastvoreni vo tecnost 2 pati na den,a doktorkata mi rece 5×25 kapki direktno vo usta