Како што претпоставував, хомеопатски лек е. Штом помага, слободно можеш да го даваш и без консултација со лекар.
Сварив 200 мл вода со 2 зрна ким, дали е ок дозата? Колку да му дадам на бебе и кога? Пред или после подој? Колку пати дневно? Бебе е 7 дена.
Моето бебе многу прди дали е нормално тоа од грч да не и е тазе мајка сум па незнам. И плаче понекогаш кога прди.
И моето е исто додека прдне дури со плачење е најчесто се дешава наутро мислим дека е нормално додека ми се среда цревцата
Ги земав денес инфакалм капките, на упатството пишува да се растворат во течност, како ги давате и во што растворени, дали може да се стават во ад?
Засега само Биогаја му давам по 5 капки во денот. Ти беше на 9ти Декември породена така? Јас на 10ти. Незнам дали можи истовреме и еспумисан да му давам, додуша нема големи грчеви фала Богу ама превентивно сакам да му дадам, а докторката ми рече еспумисан после 2 месеци
Да на 9ти се породив и веќе недела дена има многу силни грчеви, бев скептик за капки зошто на син ми ни еспумисан, ни био гаја, ни саб симплекс, ни чај со анасон, ниту од ким, термофор ама баш ништо не помогна три месеци кога наполна му престанаа преку ноќ. Ама инфакалм не ги имам давано а гледам ги фалат по форумов па може ќе и помогнат. Еспумисан давав околу месец кога беше синко ама од нив ми се чини уште полошо му беше.
Да да јас многу кратко му ги давав, единствено подобро му беше од термофорот ама моментално, мислам нема лек за грчеви, може само да се ублажат но додека не му се развие дигестивниот систем си имаат мака..
Мамички за грчевите давам бекутан чај од анасон, и ставам термофорче бебешко, е сега плус ни дадоја провен пробиотик кој е во кесички кои се растворат во течност, се мислам како да и го давам дали со чајчето да го растворам и заедно да ги пија или башка пробиотикот само ми е така да не и скратам мн од млекото. Ве молам за совет или искуство
Пробиотик не се раствора во топла течност, инаку џабе ќе го даваш. Раствори ја количината на лажичка со малку вода и дај го.
Мајќи јас за грчеви не давам ништо, само цица, топло на мешето, во раце нишкање, гушкање, и тоа е тоа. Мора да се помине овој шериод. Тешко е за мене, ама за него уште потешко. Жал ми е кога го гледам како се грчи, ама после сите прочитани коментари дека ни едни капки не им помагсле, решив да не давам ништо. Не знам колку е исправно, ама се водам по тоа дека и нас не ни давале ништо, па поминало.