Еспумисанот е симетикон, него го користам веќе. Биогајатa е пробиотик, одлучив да го заменам со ProBalans Baby protect.
Како да ги давам Био Гаиа? Дали да ги растворам во млеко (шишенце) или со лажичка во уста? Бебето е 7 недели
Бебето е на аптамил, како да ги дадам капките инфакалм? Пишува во течност и после јадење ама тоа не знам како да го направам, дали во млекото да ги ставам?
Со силиконско лажиче му ги давам цело време, 2 месеци сме. И јас одлучив да ги сменам биогајата некако не делуваат многу, ги давам секој ден по 5капки и плус давам Саб симплекс но пак има грчеви. Пробав и еспумисан и колиеф и ништо не му помогна 100% малку се намалија но пак плачи пред да кака.
Ние сме задоволни, по 4 капки во секој оброк (на комбинирана исхрана сме , доење + АД), давам цело време, не по потреба. Во водата што врие за млеко додавам и 4 зрна ким.
Кој го има користено сирупчето Coli B да ми каже дали дававте еднаш или два пати по 5 мл? Бидејќи пишува 1-2 пати, па незнам дали да му давам два пати?
Од вчера со топло на стомак и приметив дека помага. Од капкиве саб симплекс аир досега не видов. Освен што почна повеќе да ми повраќа. @mamaJana се намали повраќањето по прекинот на капките? Претходно не повраќаше, од кога ги уклучив како чешма после подој повраќа. Ги укинав од денес. Само бигаја ќе користи.
Јас ги давав пред млеко во лажиче. Можеш и во млеко, ама помала количина за да знаеш дека ќе ги испие, па после другото млеко. Прочитај во упатството имаше поубаво објаснето.
фала да пробаме јас користев колиеф ама некско нема ефект и ми повраќа нагло се сомневам да не е од капките :/
Се немав приклучено до сега затоа каснам со одговор, не и се намали.. исто си тера, до 2 м и траеа грчевите а сега е во ред..