Во понеделник имам закажано прв преглед на педијатар. И сабајлево како за беља го фатија страшни грчеви. Буквално пишти дете. Цицаше,бљуцна и сега само пишти,греота ми е да го гледам,се грчи целиот. 5 дена сме стари. Може да дадам некои капки на своја рака или како да му помогнам?
Ставај топло на мешето, е сега на оваа жештина незнам како ама кај нас тоа многу помагаше.. Топло термофорче, или една тетра затоплија со пегла и здиплена ставија на меше. Јас давам пробиотик редовно биогаја и капки за грчеви анти колик од бекутан, мислам дека можиш на своја рака зошто горе долу капките се тие само производителите различни а и ако бебе има грчеви мислам дека се неизбежни, и педијатар би ти дал
100ml ама не наеднаш. Моето прашање е капките infacalm како се даваат? 2пати по 20капки или 2пати по 10?
Кој чај за грчеви можам јас да го пијам, за да не му давам на малото со шише , да не ми одбие после цицање
Јас ги давам капките на бекутан без пробиотик и сум задоволна. Ги давам после ноќниот подој и цел ден сме без грчеви. 6 недели сме.
Сега сме веќе скоро 5мес. Кај нас имаше ефект, но сепак е индивидуално.До 6недели имаше повеќе грчеви, кога ќе му дадев од капките се смируваше. Обавезно ставав и топло, после 6недели до 3 месеци немаше толку многу ама сепак и давав а сега давам само пробиотик секојдневно, многу ретко и од бекутанот зошто почнавме со воведување на цврста храна па ако некоја храна и направи грчеви
Лакта микс,и внимавај на исхрана избегнувај кравјо млеко,чоколада,краставици,марули,зелки,грав,грашок... се што содржи целулоза газирани сокови,цитруси и какао. И лупи се што има лушпа било овошје или зеленчук
Женички, како мајка на 2 деца ќе ви кажам дека ништо не помага, ма какви се капки не сум дала, за џабе. На почеток некои деца си имаат големи маки (и моето прво бебе исто), почекајте, после 4-5 месеци сами се смируваат грчевите, за тоа време само чајче бекутан со 4-5 зрнца ким во него и термофорче на меше. Со лесно
Мајки извинете ако веќе сте пишале за овие капки ама неможам да барам имам пуштено да ми донесат капки од Грција, дали има некој задоволен од Infacalm Oil Drops грчките? И дали се ОК за доенче од три недели? Фала
Ги има и тука кај нас, јас ги земав пред некој ден па сега ќе видиме како делуваат. Иначе може за 3 недели ваљда, ние сме 4ипол.
Јас ги земав од Зегин, не ги користев долго, многу стануваше нервозен од нив, но кај други бебиња па помагале како што разбрав.
Малата по цел ден има грчеви и тешко се смирува. Досега не било вака. Ќе и дадев капки, па на меше ќе ја ставев, па думкање и ќе се смиреше и имаше грчеви сабајле и вечер. А еве неколку дена по цел ден. 2 месеци сме. Си велам да не се при крај грчевите па сега и се најинтензивни. Искуство некоја??