Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Ноќеска мирна ноќ. Од 9 и пол прво станување 4:10.
    Малку се грчеше до кај4:30 но вака да биде честам што сакате.
    Туку друга мака сега. Трет пат беба ми зајдува.
    Спие мирно и од нигде никаде вреснува и зајдува. Денес 2 пати.
    Патронажните сестри ми рекоа да и дувам во фаца додека не се врати.
    Не било ништо страшно, но мене живот ми се скрати.
    Што правите во вакви ситуации???

    И вие што не јадите како имате млеко? Јас 2,3 саати да не јадам градите папушки.
     
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    9.843
    Пол:
    Женски
    Моето често му залетнува од плунката и се засркнува, останува без воздух. Го вртам на страна и го исправам. Не сум прашала педијатар, ама мислам дека не е страшно, и со првото ми се има случувано. Мали се уште неможат сами да се справат со такви ситуации, а и дијафрагмата не им е уште салам развиена па им треба време да се вратат во нормала.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам и јас ние сме уште тре дена месец но почнаа грчеви сега и давам еспумисан и чај бекутан и вчера зедов ваја пробиотик меѓу тоа на доење сме и синојка плачеше и кога ја ставав на цицка како да немаше млеко и дадов чај го испи се смири сега сакам да прашам дали навечер ако и давам дохрана ќе има повеќе грчеви така ми збора ако ја доеш и даваш ад повеќе грчеви ќе и правиш искуства
     
  4. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Душо стави и топло на мешето ако имаш термофорче арно ако не со пеглата затопли пелена и завиткај ја и дај и да цица гушни ја, ад млеко и јас и давам на почетокот немав доволно а се роди голема момава моја и морав со тек на време и го намалев од 6-7оброка на 3 и тоа и ги давам зависи по потреба има денови и не и давам повеќе гледам да цица до душа се гади моево од цуцлата на шишето се мршти кога ке и ја допрам до устата и да го испие шишето пак бара да цица, ако познаваш некоја да користи ад млеко побарај и нека ти даде за неколку оброка јас користам Бебелан и водичка таква и зимам ако си од Велес пиши ми у порака прати некој ќе ти дадам пробај може нема да го сака а ќе дадеш 500ден за кутијата со тие пари памперсот ќе го купиш...
     
  5. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    А дали е вистина дека ако мешаш доење и ад повеќе грчеви му ствараш
     
  6. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Ние на 11 октомври ќе полни 3м до сеа 2или3пати ми плачеше така и се грчеше и толку да не е за подрек, и давав Био Гаиа пробиотик оти и кркореа цревата нејзе дали и од нив немаше грчеви нз... И пиев јас чај на хип за доилки за млеко а тој е со билки можеби и тоа придонесе нешто... А дека баш од мешање млека или само од едно фаќат грчеви нз.. Мн прди кај мене дури мириса како на возрасен и кака по еднаш дневно и ли на два дена ама прди уффф
     
  7. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Пием чај хумана многу течности ама навечер ми се многу меки и се нервираше вчера кј цицаше
     
  8. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    И мене ми се кашави да речам ја купив и пумпа за измолзување 2000дадов а 3пати ја употребив,како доиш ќе ти се ствара млеко онолку колку што е исцицано и каналите ќе ти се прошират и нема да осеќаш дека влече, не викам не пробај дај му ад и ќе прескокнеш така еден подој ама да не се одбие тоа полесно да не му дојде, ја вчера со ручекот мм отвори лименка пиво неможев да додржам се напив 2голтки од тоа ли беше нз градиве ми се тапани сеа, пробај со пиво без алкохолно...
     
  9. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Мамички кои користите/сте користеле Еспумисан Л за вашите малечки, колку пати на ден се даваат по 25капки?
     
  10. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Јас давам 3 пати по 25 капки,по препорака на педијатар.
     
  11. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    После или пред подој? Само капките директно или разредени во течност(млеко, чајче)?
     
  12. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Некогаш ги давам пред подој со лажичка,некогаш разредени во млеко.Сеедно е.
     
  13. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мамички помош малава а дојде 21 часот почнува да плаче и витка. Давам еспумисан чајче бекутан пробиотик ваја ставаме топла пелена и ништо еден месец сме до кога вака што друго да пробам помош
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ништо, ќе поминат грчевите до 3-от месец, евентуално пиј ти чај за доилки на база на ким да олесниш колку толку доколку бебо ти цица
     
  15. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јас денес зедов колиеф капки може некој да каже како ги давате инаку ја доем и дали може тие да успиаа некако како поспана ми е
     
  16. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Пред доење во лажичка ставав по 4 капки и му давав да цица. Не приметив поспаност.
     
  17. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Колку пати на ден и дали ви помогнаа
     
  18. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    6 пати давав на почетокот, а потоа почнав да намалувам. Јас сум задоволна, му помагаа на него. И пробиотик давав навечер Рекол.
     
  19. Кејти

    Кејти Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Едно прашање по колку пати на ден какаа вашите малечки кога имаа месец. Мојава какаше по четири пет пати овие два дена по еднаш денеска правиме месец па ми е чудно
     
  20. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мајки кој пробиотик е подобар PRO BALANS PROTECT или WAYA?