Јас користев линекс па ваја... неам никаков резултат.. се помирив. Најмн ги фалат био гаја но меѓутоа моментално ги нема.
Бебчо мој различно.. месец сме. Понекогаш 2 пати по некогаш дури и 6 пати нормално е посебно ако е само на мајчино млеко. Битно да му е жолтеникаво златна бојата
Со првото дете од крај на прв месец до крај на 3ти се откина од грчеви а беше на ад. Со второво навршуваме 2 месеци и од 15 ти влагаме во 3ти досега никаква мака немавме а на доење сме. Од вчера приквечер се откина од плачење. Мешето не му е тврдо ама се смирува со свиткани ноџиња и во раце. Едвај да се смири за да цица или да дадам чај. И на бајачка бевме и на лекар. На лекар ми рекоа дека мешето му е лабаво нема згрчување ама можно е да се колики. Си викам да е нешто јас што сум јадела оти друго нема што.
Леле се откинува моето бебе неколку дена од плачење, а е будно плаче користам Рекол капки, сега ќе сменам сo Gas Gocce, навистина не знам целото помодрува само плаче...
И моето има грчеви деновиве, јас му ставам топла тетра пелена(со пегла ја топлам) на стомачето и го смирува, пробај мајка од капките нема некој ефект. Гушкај го со стомачето на твоето тело прилепено, ќе се смири од топлината.
Грчеви се. И кај тие што немале од раѓање може да се појават накај 2.5-3 месец, оти во тој период генерално се најинтензивни грчевите кај најголем дел бебиња. И малово мое немаше грчеви воопшто, ама кога имаше некаде два и пол месеци, два дена со ред се корнеше од плачење во период од 11-13 часот. После ко ништо да не било. Не беше плачко воопшто, многу мирно бебе беше, и со грчеви немаше никаква мака. Ама тие два дена многу плачеше. Педијатар ми кажа дека се грчеви и дека баш тогаш се најјаки.
грчеви од 2 дена.. абе со децава чоек да не знае на што е. Ама да,спремна сум и пак да се повтори. Нема што да се прави тоа е ,период кој мора да помине.
Генерацио помош!! ! Вчера бебе 8 недели. Сите се жалите на неспиење,јас обратно. Не ме загрижува тоа што спие туку тоа што 2 дена слабо ми цица. Плаче плука цицка се врти па заспива. И така гладна спие 2-3 часа преку ден. Ноќе нормално цица, убаво ги празни 2 преполни гради и спие по 5 часа. Од 20:00 стана во 01:00 па во 6:30. Ме плаши ова со цицањето. Да не се одбива???. Некогаш убаво си фаќа И мирно цица но неколку пати хорор. @marchi-cool , @Yowannty @Septemvri @Мариаа. @Scorpion91 И кој бевме генерација? ??
Можеби е само еден период од многуте што ги имаат. Кај мене се има случено еден ден да не сака да цица, еднаш да и р'жи постојано, а сега три дена не спие повеќе од 15 мин.денски и по еден саат ноќе. Си мислев гладен е,ама не...убаво напредува. Почекај мила, мислам дека ке и пројде
некој што користел дармфлора плус нека ми пише во колку течност се подготвува и дали се дава наеднаш ?
Имате над годинка? Јас како што знам за деца поголеми од годинка се дава. Така е назначено. Не е класичен пробиотик. Кој ви ги даде?
матичен педијатар,имаме само 2ипол месеци,не е назначено над годинка туку пишува за деца под 6години 1лажичка на ден,стварно не сум сигурна за ова ,и на аптекарката и назначив дека е за 2месечно бебе и ми го даде не рече ништо....
Ако ти рекол да даваш. Давај. Не знам што да ти кажам. Има куп пробиотици за бебиња посебно. Ме зачуди дека баш тој.
4 meseci sme veke ali malata noke ne spie mirno.....gi kreva nozinjata za da ispusta gasovi.....davame colief i biogaia....vardam so ishrana .....dali ima nekoj iskustvo i dali i kaj nekoe drugo bebe tolku dolgo traele grcevite.....nekogas noke i gi osekas crevata kako i krkorat
Дали може место само пробиотик да сд даваат капките Рекол кој се за грчеви и содржат пробиотик...затоа што Биогајата ја нема, па во апотека на мм му ги дале овие?
Ние сме 3 месеци и 25 дена. Грчевите ни прекинаа во втори месец и сега повторно се појавија. Ние сме царски. Поради тоа може да траат и до 6-ти месец