Тука прочитав. Јаа инаку пд Србија ги земав. https://www.facebook.com/348150412288492/posts/800433563726839/
Ми се плаче кога ќе се сетам на моментот со грчевите, среќа заврши тој период. После 2,3 дена откако излеговме од болница почнаа грчевите. Првин не беа толку силни, но од ден на ден стануваа се посилни. Најпрвин почнавме до Waya и со espumisan, кои првин ни делуваа, но после веќе не. После ги земавме Colief капките и мислам дека тие ја смирија работата. Ставав на секое пиење млекце. Грчеви малата имаше од 19 часот, па се до полноќ. Вриштеше од плачење. Ставав и термофор, од Зегин го земавме около 500 денари некаде. И тоа некогаш ја ублажуваше болката. Среќа за еден месец, се средија грчевите.
Девојки може ли да се дават биогаја капки и плус саб симплекс.Како да ги давам и по колку.Био гајата се по 5 дневно,а другите три пати по 15 капки,но незнам да не е многу?
Од кој чај сте најзадоволни при грчеви? Досега користевме Бекутан од сладок анасон , но велите содржи многу шекери. Со кој друг би можела да го заменам?
Свари 5,6 зрна ким во 100мл вода, тоа давај, а за чаеви јас сум против, содржат шеќер и стануваат зависни бебињата после, син ми само на доење беше до 4 и пол месеци, ни чај ни вода не пиеше. Но ваша одлука.
Давам и јас од почеток еве веќе 6 месеци е и уште и давам, педијатарот ми кажа дека овие се до 3 год, а подоцна има други, па затоа не знам дали воопшто има потреба толку многу
За постариот син не сум давала, но сега во зимскиот период му давам и него. Добар е за имунитетот воопшто, од таа причина јас го давам, а без престан до 3 год.не верувам дека ке давам. На таа возраст ке прима преку исхрана, можеби во зимските месеци кога е сезона на вируси.
Јас давав првите три месеци. Сега по потреба ама ретко. Знае да се свитка од мешето посебно наутро околу 5-6 часот но и со пробиотик и без исто. Давам кога и кркори мешето или има потечна столица.
Мајки , бебе има скоро 4 месеци. Грчевиве не престануваат , ставаме топло на меше, даваме и Ваја пробиотик. На кој друг начин можам да му помогнам на бебуш, греотка е да го гледам само пртка , а не е какан веќе 3 дена а само на доење смеѓ
Ние имавме страшни грчеви се додека не ја погодив комбинацијата на саб симплекс и биогаја. Педијатарот рече да давам една кутија биогаја па кога ќе заврши да почнам со ваја и така најизменично. После неколку дена од кога и дадов ваја бебе доби пак грчеви, не какаше, се виткаше. Почнав пак со биогаја и се се среди.
Јас давав ваја, додека ги давав грчевите беа поинтензивни, плачеше до зајдување. Престанав да ги давам и грчевите престанаа. Пробај направи пауза некок ден, пробај биогаја во комбинација со колиеф, на почеток ова ги смируваше грчевите кај бебево мое.