Мајки, малата е 2 недели, има многу грчеви, особено во текот на ноќта, давам саб симплекс ама од страв дека е мала 2 пати по 10 капки во млекото, но како да нема ефект. Колку и како давате вие на бебе од 14 дена? И за чај од ким, прочитав погоре 4-5 зрна во пола филџан вода, давате одеднаш да ја испие водата или како? Во вц излегува само еднаш во 24 часа, а мочка 7-8 пати сигурно. Давајте совети ве молам....испаничена сум скроз
Мајки ние полниме 40 дена утре на цицање сме.. вчера имавме многу грчеви преку ден си спиеше по 2 3 часа сега по пола час и се буди од грчевите какво искуство имате вие со колиеф капките ги давате 25 капки одеднаш или ги делите по 4 капки на секое доење.
Мајки дали комбиниравте биогаја со саб симплекс? И дали саб симплекс мора да се даваат наеднаш 20 капки или може да се дават по 5 капки неколку пати во денот?
Јас давав саб симплекс 15капки три пати на ден, после доење, а биогаја приквечер 5капки и се покажа ефективно
Здраво, сакав да ви кажам на сите мајки ви честитам да ви е здраво и живо и со мн љубов и среќа. Пред се не сум мајка, млада сум али ви ги следам вашите поставки па додека сум млада за повеќе да научам и повеќе детали во иднина. За ова грчеви кај бебињата сум прочитала на интернет дека тоа е од погрешен рбет и од тоа може да се лекува Прочитајте и имат снимка: http://www.aktuelno24.com.mk/видео-бебето-не-престанувало-да-плаче-2 Имат еден таков киропрактичар кој се вика Туран во Скопје (има тел број да го прашате) , 8 или 10 години учел во Кина и до ден денеска одаат луѓе кај него имaат позитивни коментари а сигурна сум дека имат и други киропрактичар. Али ако со толку многу месеци не сте успеале да го спречите од грчењето можеби да е од погрешен поставен рбет (не сум докторка, ни ништо затоа ве молам не ме сватете погрешно и без негативни коментари) Али да не ве плашам мајки, можеби и да се случи само еден единствен погрешен потег би можело да чини неподвижност или можеби живот мислам недајбоже, ја само ви дадов мое мислење а другото вие си знаете за вашето бебе и што побрзо да оздрави. И многу гушкање
Не се баш сеќавам бидејќи почнав прво со колиеф но немаше ефект. Мислам дека од 6та или 8ма недела да беше
Баш зошто еден погрешен потег може да чини неподвижност не се носи бебе било каде. Грчеви се нормална работа и ќе поминат секако.
Грчевите не се болест, ниту се јавуваат поради погрешен 'рбет (не е можна ваква формулација на зборови, ама ајде, сфатив што сакаш да кажеш) туку нормална реакција на разработувањето на цревата при внесување на храна и варење на истата, плус ресорпција на хранливи материи и исфрлање на вишокот. Ако бебето има проблеми со 'рбетот, сигурно грчевите нема да се единствен симптом, и тоа како се забележува ако има проблеми. Впрочем, на ортопед се носат бебињата од раѓање, дали мислиш дека ортопед не би забележал ако има некоја неправилност? Башка, вакви сајтови не ми се за верување.
Здраво Ке ве молам поискусните за совет Малата има 11 дена и почнаа грчеви Сега за сега по 2 до 3 капки бекутан кидс витс за грчеви помагаат Но сакам да ми кажете за чајот од ким Само на бебе ли давате или и вие пиете тие што доите Пијам и чај за доење од Хип И кажете совет што друго ви помогна
За бебе во зовриена 100мл. вода ставав 5-6 зрнца ким. Јас пиев по една лажичка анасон во 200мл. зовриена вода. Тоа ни беше најдобро решение. За подобар ефект јас пиев дури и по 3 шолји чај на ден , а убаво ми делуваше и мене затоа што бев подуена со гасови.
Мајки кога ги давате Био Гаја капките? Се во исто време или било кој дел од денот и дали заедно со капките за грчеви?
Ти благодарам на брзиот одговор. Маж ми моментално е во аптека, и ги купи. Се надевам ќе помогнат. Дали чајчето го даваше ладно, или секогаш гледаше да биде топло?