Дали некоја од вас пробала наместо да го дава чајот да го пие самата? Зборам за тие што доите? Секој ден различни комб правам Инаку денес планираме да почнеме со Биогаја се надевам ке помогне Завчера пиев на 2 пати јас чај од 4 зрна ким пола лажичка анасон на Бекутан пола пакетче коморач од Хип и една лажичка Хип за доење, пак дадов и Бекутан капки за грчеви ама мислам дека малово посмирено ми беше и од чаевите јас што ги испив. Поентата на не давање чај на неа ми е *мм во аптека кога го барал чајот самата аптекарка му рекла проверете убаво во чаевите на Бекутан се појави влага и мувла доста клиенти ни реагираа (па ако нешто не е во ред подобро мојот организам да оди во први борбени редови) *друга работа што од болница уште и за Ад кога ни кажаа ако треба да дохранувам (доколку гледам дека не и е доволно моето) да и давам со шприц, теоријата е дека ке се навикне на шише пошто е полесно па исто и со чајов па нема да сака да ми цица после
Чајот го давам топол од причина што бебе мое не сака ништо ладно ни да пие ни да јаде. Ако ти го пие и изладен слободно давај го и така. Едит: Разредувај го со повеќе вода бидејќи чајот е пун со шеќер. Јас пробав и со тие чаеви без шеќер ама бебе мое нејќеше да чуе...
Ние синоќа прв пат спиевме со мм после цела недела грчеви. Ама да не зборам пред време ќе видам вечер како ќе е. Инаку помогна Епсумисан по потреба, т.е јас му го давам веќе две вечери со млеко кога ќе ми се разбуди среде ноќ за второ хранење, тоа е некаде после 1 по полноќ, зошто тогаш најтешките грчеви го фаќаат. А преку ден поминуваме со Колиеф, по 4 капки на шише ад млеко максимум по 4-5 пати давам. И најважно топло на мешко. Јас не верував дека топла крпа стоплена со пегла толку ќе му помогне, ама ете помогна. И нон стоп ми е пеглата уклучена и пеглам штом се излади. Имам и термофор гел перничка, ама дур ја растопам процедура е, а вака со крпа побрзо ми е. Синоќа го бањавме во степен потопла водичка, се смири па кога се растртка во водата, мислам му олесна на детето. Сега пак ми се грчи, ама не сум дала од сабајле капки зошто го дојам преку ден колку имам млеко. А и по еднаш на ден 5 капки биогаја, јас ги давам со силиконско лажиче, а ми кажаа можело и во млекото да се стават. Се надевам го најдов лекот за тие пусти грчеви, не можам да гледам како се витка. И нарачав Саб Симплекс од Бугарија за секој случај да ми донесат, ама дури за две недли другар ми се враќа накај Македонија.
Јас давам само еспумисан. Не сум знаела дека и цитрусните овошја ствараат грчеви и неќна во понеделник во текот на денот изедов скоро 10 лимони и бебе вечерта 2 саата плачеше. Братучедка ми вели дека треба да давам и биогаја за грчеви но педијатар ми кажа дека немало потреба сето тоа било прање пари.
Кoристевме рекoл и пoмагаше. Мнoгу и пoмoгна тoпла тетра, термoфoр, чаj oд ким. Пиев чаj за дoилки oд билна аптека пoмагаше на бебе.
Мене искрено не ми помогна ништо, малку можеби Еспамусанот ми беше од корист, а за најдобар пробиотик сум слушнала и од доктори и од мајки, за био гаја , како и да е за 2 месеци се ке му помине само трпение
Мајки, помагајте, цела ноќ плачевме, јас сум преморена, малиот е 9 дена. Вчера прв пат му ставив во ад млеко 4 капки colief и му дадов со лажиче bio gaia. Не знам дали нешто правам погрешно и како да му помогнам и колку пати да му давам од colief. Страв ми е да го масирам на стомачето или да му ставам топло, папочето уште не му е паднато
Сакам да му давам комбинација од еспумисан и колиеф, некоја идеја како да ги давам? Дали наизменично?
Девојки, некој совет/препорака од искуство. Бебето за неколку дена прави 4 месеци. Некаде пред 10на дена одеднаш му се смени режимот на какање, од неколку пати на ден во еднаш на два дена. Од тогаш спие лошо, се буди на секои два саати и ги крева нозете, испушта гасови многу често. Единствено што имам сменето е што почнав да му давам ваја пробиотик некаде недела дена пред сево ова да почне. За грчеви ли се работи? Тие ко шо знам треба да престанат кај 4ти месец, а не да се појават..
Да се надоврзам на @monpan Поминавме страшен период со грчевите, бебе е 3 месеци и 1 недела, биогаја давав, nurse harvey's, еспумисан по препорака од педијатар кои ги прекинавме пред недела, waya пробиотик и така Не знам што и колку помогна, малку се потсмири на крај од 3 месец, но еве пак 2 недели скоро нон стоп се буди, прета со нозете, испушта гасови, се вознемирува Станува кај 2 часот и кај 5 А од 6 натака и не спиеме може да се каже Што да дадам од капки да му помогнам? Се надевам ќе помине ова уште месецов Заради ситуацијава не одиме на преглед кај матичен
Мајки, дали комбинирате пробиотик и еспумисан или друг лек за грчеви да давате наеднаш со млеко? И како е најправилно ?
Ние сме на ексклузибно доење и наутро пред подој даваме 5капки биогаја на лажиче со измолзено млеко и после тоа 2-3 капки колиеф. Една недела како ги користиме и има подобрување..