Ние Hipp Organic Combiotic На почеток бевме на Аптамил, па сменивме Ние 4 месеци и 4 дена Срцки, ќе помине се како викаат треба да пораснат само
Најтежок период ни беше од 2 до 3,5 месеци. Едното бебенце имаше многу поизразени грчеви од другото. После 3,5 месеци магично престана се. Обично и така било (велат поискусните) се доразвива дигестивниот систем и им олеснува на мешињата. Ама пак ќе кажам, немам намера да фаворизирам продукти, ама моите бебиња буквално се сменија од кога им сменив пробиотик. Немаа редовна столица и тоа дополнително ги притискаше. Сега се 6+, фала му на Господ, веќе долго време нормализирани им се тие работи. Овие суплементи само до одреден процент им ги олеснуваат тегобите, клучното е тоа дека треба да помине време. Трпение само... Ќе видиш дека на 4+ месеци нема ни приближно да ви е детето исто. Да дополнам и друго, не значи дека ако пробиотикот кој им одговарал на моите бебиња, ќе биде полезен и за твоите. Искрено ви посакувам ублажување на состојбата Инаку, близначињата ми се машки
Колиеф нас воопшто не ни помогна затоа велам, Coliprev од друга страна премногу навистина. Еве второ бебе со него ,се доиме воглавно само за спиење аптамил давам. Поздравче
Важно поминува! Ти благодарам многу! И ептен го чекам периодот кога ќе се стабилизира целото телце, се надевам и верувам! Сепак за едномесечно бебе се` му е премногу. Само дека ми е првпат, само мислам шо да преземам шо правам погрешно..дали вакво треба да биде бебето, кога ќе се смири.. Тешко ми заспива, дури понекогаш не дава знаци на грчеви, ама заспивањето му е крш. Де задремало, оп се ококорило. Сепак до развојот е. Ајде ми давате надеж кога велите дека накај 2 или 3 месец е друг муабет.*
Ајде ќе ги земам и овие да ги пробам зошто ептен имаме мака со грчеви. Сега баш си мислам дали кога сменив од Recol на Биогаја му започнаа грчевите. А само Coliprev користеше или плус други капки за грчеви? @katerin4ence
Сега само овие..и сме супер до пред 2 недели давав и пробаланс капку, ама бидејќи морав да пијам антибиотик,а и дојам. Пробиотик не давам постојано инаку ж, ама може да комбинираш не е контраиндицирано. Нека поминуваат грчевите ајде и пиши како ќе бидете. Ве гушкамее
Coliprev ги давате пред секој подој или по потреба? И дали дополнително давате пробиотик и капки за грчеви?
Го пратив мм, ама во моментот немале, па пробале нешто друго да дадат. Овие по аптекиве значи хорор се секогаш нив што им одговара сакаат да продадат. Нарачавме утре ќе стигне па ќе ти кажеме како сме. Фала ти мајка на советите многу!
Јас дојам отприлика на 2 и пол часа и давам 5 капки во лажичка директ па си дојам. Кога беше помалечкои почесто подојував на час и пол му давав по 3 капки. Инаку пробиотик давав само кога се роди, бидејќи царски и кога јас антиб. пиев инаку само со овие сме супер, друго за грчеви не давам
Nora jas ne razbrav zatoa te preprasav Ama se soglasuvam so tebe,ne Moses da znaes koga ke se posilni bolkite za da davas paracetamol
@katerin4ence ги земавме денес.Мн ти благодарам на сите совети, не знам дали е од капките ама веднаш се смири, а од сабајле баш беше кенкаво мноооогу. Ќе пишам да споделам повеќе искуства за некој ден повторно
Не мила, во betty нарачав вчера,денес ги земав јас од Сарафарм кај Анчевски...Ама мислам секоја betty и ако нема може да ви порача, 15 мл е шишенцето
Најдобро е пред доење ако е доењето отприлика на 3 часа 5 капки....ако се дои почесто тогаш на час и пол 2- 3 капки. Дозирањето нема врска со возраста бидејќи лактазата само ги разградува шеќерите од млекото, а не се задржува во организмот. Може и да се зголемува бројот на капки по потреба и да се намалува секако...
Мила 6 недели, од раѓање давам биогаја, ама еве веќе недела дена е нервозно, кенкаво. Денес земав Колипрев и засега сум задоволна еве. Давам на саат и пол до 2 по 3 капки пред доење. Вие колкави сте?