Мила јас по препорака на членка тука ги земав Колипрев, поекономични се бидејќи пакувањето е 15 мл. Сакам да споделам искуство дека втор ден сме со нив и мирни сме. Иако не очекував веднаш да ги смират грчевите, мн брзо делуваат, топло ви ги препорачувам на сите. Инаку сме 6 недели дојам на 2 h отприлика и давам 3 капки пред подој, а за дозирање @katerin4ence пишете и мн љубезно ќе ви објасни
Здраво мамички Моето бебе е 10 дена синоќа многу ми плачеше го фаќаа грчеви, цело време се грчи едвај ја смирив. За прв пат и правев чајче бекутан и малку ја смири. По колку дневно може да и давам?
Ич. Масажа на меше обратно од саатот движења, нишање странично како мајмунче, редовно подригнување, топли облоги на меше. Ќе помине ❤️
100мл дневно можеш да го поделиш на 2 пати. Најубаво земи си хипп бекутан има многу шеќер. И обавезно пробиотик давај.
Имаш од повеќе производители мада исти се само цената е различна ќе си видиш кој ти одговара. Biogaja, Waya, Linex baby, probalans baby protect... види некој од овие се дава еднаш на ден по 5-6 капки зависи како пишува во упаството, ако е на ад во шишенцето ако цица со лажиче малку мајчино и капките дирекно во уста. Во Waya пробиотикот има специална пипета за дозирање. Ставај топла пелена или термофор на мешето.
Од петокот мислам ги користиме, нема некоја разлика, но рано е уште Бебе исто спие, немирно, може и заби се во прашање, не знам уште прета со нозете Како и да е јас се решив да сменам па ќе видиме понатака Пробиотик е Јас до сега користев биогаја и ваја
Милички, да споделам дека со Колипрев капките сме одлични, ги користиме од четвртокот, на почеток имаше мала промена, сега веќе мислам нема воопшто грчеви. Воедно уште една другарка и ги препорачав за беба, не е член тука, почнаа од петок да ги користат, бебето има намалени грчеви,ама навечер уште се мачи вика. Ама секое бебе различно, па ќе продолжи да дава да видиме како ќе биде. Ќе споделам искуства со вас секако. Поздравче мамички
Откако пробав се и еве два дена како сме на Nurse Harvey’s и Про Баланс Протект и малку чајче од ким, имаме подобрување со грчевите. Мислам дека конечно ја најдовме добитната комбинација. Ај да не се заречам пу пу
Купив капки Waya и пишува да се даваат 7 капки дневно. Е сега директно во уста ли сите капки одеднаш да и ги дадам или со млеко?
Мајки кај 13:00h дадов био гаја дали вечер кај 23:00 или 00:00 можам да дадам пак капки но сега други зедов?