Јас искрено со чај кога пробав после нејќеше да цица баш. Мислам за малечки дека не е практично. Нас Колипрев капките ни се одлични и ви препорачувам да пробате
Пробиотик е јас ги земав читав тука многу ги користат сега за сега добро е. Јас само и нив ги давам не давам ништо друго, чај или капки за грчеви кај нас се покажаа добри немал некој јаки грчеви. 2 месеци има бебе.
Бебуш ми е 7 дена, синоќа цела вечер нервозно плачеше. Претпоставувам има грчеви. Дали може да му дадам чајче од ким и колку пати дневно и количински се дава на толку мало бебе?
Малечко е мн, да не му се полнат цревцата и желудничето со чај. После нема да биде убаво нахрането. Подобро давај му капки за грчеви
За првото ги користев biogaja, linex i proven, а за второво Waya и probalans baby protect. Било кој од овие можеш пробиотик е ист само различни фирми и цена. Моментално ги земав Waya и задоволна сум.
Јас за грчеви давам Колипрев и сме задоволни, нормално правам и масажа на стомаче. Пробиотик давав Биогаја, ама ни се потроши и неколку дена не бев во можност никако да излезам да купам. Дали некоја аптека прави достава? Мн повеќе ми е за Колипревот зошто ми се прикрај, а без нив не смеам да се оставам
Да ве прашам од искуство кога престануваат грчеви кај бебе? Педијатар ни рече во втор месец биле најизразени
Од тоа шо имам прочитано на неколку места, им се намалува силата околу 3 или 4 месец. Се надевам до 2 ќе му траат на твоето и ајт гитла веќе на тие грчеви.
До 4 ти некаде, околу вториот стануваат посилни. Во 4 ти некаде цревата почнуваат да лачат лактаза и прекинува таа транзитна лактозна интолеранција, па прекинуваат и грчевите. Со лесно и брзо да поминат
Кај син ми во 2риот месец беа најизразени. Плачеше, цркаше. Ништо не помогна. Ниту капки, ниту тоа што пазев на исхрана. После 3тиот месец магично ги снема. Со лесно.
Да, вториов месец беше лудило. Од тие грчеви доби и папочна кила. Нема што не пробав за да му помогнам и да му ги ублажам грчевите. Се надевам како што викаат ќе се намалат во 3-4 месец. Иако тоа изгледа како да е во бесконечност!
Сок од јаболко или пченица предизвикуваат грчеви? Таман ги средивме малку, и синоќа бебе полуде од грчеви. Тек сега сабајлево успеа да ја искака најтечната можна кака до сега.
Сок од јаболко е добар за да надојде млеко...не мислам дека прави грчеви. Пченица не знам ама мислам дека не би требало.
Дали кафето предизвикува грчеви кај бебињата? Јас пијам по 2 турски дневно ме боли мн главата без кафе, пијам многу вода, млеко по една чаша, чај од камилица. Избегнувам зелка, грав, луто... Еве пак ја фатија грчеви и ми кенка саат време