Јас се консултирав со педијатар ми кажа дека кафе не смеам да пијам освен ако неможам без кафе едно но многу ретко. Грав, зелка, кафе, овошје ( лимон портокал цитрон ) тоа да не јадам исто и газиран сок не
Искрено јас не пијам кафе, и незнам што ми текна два дена пиев и бебето збесна начисто, никако не спиеше, кемкаше, и само за во раце плачеше. Прв пат цел ден да биде будна.Како друго бебе да беше.Мислев е скок но не, дефинитивно од кафето беше. Не пијам веќе и пак си е по старо помирна.
Kafeto pravi grcevi, ama od edno ne e problem. I jas bez kafe ne mozam da funkcioniram nautro. Samo da ne se vnesuva mnogu kofein, zacineta, kisela hrana
Можеби, сепак секој организам е различен. А може и дека сме со капки, па немаме грчеви. Сепак внимавам на исхрана мах, ама без 1 кафе не можам
Во животов само 2-3 кафиња имам испиено Колку пазам на исхрана и пак џабе. Овошје конзумирам само како смути еднаш на ден. Намалив и тоа скроз! Течна кака во жолтеникава боја е пролив? Да не е настинат се плашам.
Majki dali e mozno bekutan cajot da se rasipi? Denes sakav da napravam no imase cuden miris a otovoren e pred 1 nedela.
Здраво мамички Од кои капки сте најзадоволни? Gas bimbi nurse harvey espumisan или becutan. Инаку давам пробиотик Waya па кои може да одат во комбинација со неа? Бебе е 20 дена
Здраво, пред се како тазе мајка сакам да прашам какви капки за грчеви може да се користи за бебе 6 дена.
Здраво мама, јас користам Колипрев за грчеви и пробиотик биогаја. Можам да кажам дека од колипревот ни се смирија грчевите. Секако пазам и на исхрана
Користев рекол бимбо од раѓање, после еден месец плус колактаза. Топло термофорче и многу трпение. Магично решение нема, капките ги смируваат малку но не исчезнуваат грчевите од нив.
Здраво Бебенцето има месец и пол и има грчеви, вчера и денес особено забележав дека многу му гргорат цревцата исто и цел ден не е искакано. Дали е нормално или да го однесам на педијатар?
Не е страшно ако не какало еден ден ,два. А цревцата од грчевите му кркорат, млекото ферментира во цревцата..
Моето бебе нема сеуште грчеви, пу пу да не се урочиме. 36 дена е. Некни кога и реков на педијатарката ми рече може и да нема, т.е да не и се појават никако грчеви, до сега ќе почнеле вика, штом нема до сега,нема ни да има. Кој знае, ќе видиме.... За јадење, јас не внимавам воопшто што јадам, се јадам и се пијам, секое сабајле кога станеме ме чека чаша свеж сок од неколку овошја, портокал, лимон, цитрон, јаболка, морков, ѓумбир, цвекло....СЕКОЈ ДЕН веќе неколку месеци пијам наутро свежо цеден сок, бебе не гледам да му смета нешто од тоа ниту алњргија да и се појавило од цитрусните овошја. И за второто знам, јадев се, тогаш и педијатарката ми викаше да јадам се, дека тоа внимавањето на исхраната врска немало......не знам ама навистина кај нас се пикажа вистина, се си јадам, се си пијам и еце беба до сега,не ми појавила проблем....
Машките бебенца повеќе страдаат од грчеви, најизразити се во втор месец, односно од 6та до 8ма недела. Околу 20% од бебенцата страдаат од грчеви, а не сите. Пишуваш дека се јадеш и нема влијание, јас пред некој ден јадев лут ајвар па не можев да го смирам од грчеви, така да кај секој различно, нема универзално правило кога во прашање е природа и медицина
Сите деца се различни, навистина и кај другите 2 деца грчеви не се сеќавам да имале, тоа што опишувате да се виткаат, да се стегаат, да плачат толку многу, не сме имале или имале нешто многу минимално ама не сум сетила, не биле толку изразени, што знам. Ете до сега и кај ова нема, а не мора да значи и дека нема да се појават, можеби тек идат, не знам, а навистина се јадам и луто јадам понекогаш и не гледам никаков проблем, ама се си е до дете, сите се различни и деца и ние мајките и организмите...