Млеко само наутро со житарки или бисквити, битолско тетрапак пијам. Јас имам бекутан капки ама уште немам дадено, се двоумам.
@lavinija28 нас некаде околи 8 ми ден ни се јавија грчевите. Сепак е различно кај секое бебе, кај некои подоцна стануваат интензивни. @Abeja инаку капкиве се од природно потекло , а како ми објаснија и не се ресорбираат во организмот, така да не се оптеретувај. За неколку дена смирија и еве да не подречам уште ги користам и супер сме што е до грчевите. Инаку млеко пијам ј јас и тоа ладно
Јас не знам дали се баш баш грчеви бидејчи сум видела бебиња многу повеќе да плачат. Значи, нс моменти пушта силен плач, се вцрвува и мислам ги стега ножињата- при цицање можи малку да се врти и нервира, ама од кога ќе зацица убаво ок е. Исто се смирува ако го преслечам , ако го крениме и нишкаме...така да не знам можи ии да му жежи. Сега околу вратчено гледам има црвени точки како потпарен од жешко. Во таков случај да не го мачкате со нешто?
Јас судокрем секаде каде е црвенилце некое во прашање. Инаку давав пред Колипрев Еспумисан, и полошо му беше некако...Еспумисан е ист со Бекутан , затоа спомнувам. Макар што не мора да значи дека исто би било кај вас...
На нас ни препишаа Колипрев ама во неколку аптеки кажаа дека не ги увезувале веќе, па земавме замена Колиеф. Пак има понекогаш грчеви ама ако претера со цицање и дохрана. Пазете само си има ограничување колку капки може во 24 саати и овие не се даваат така само капки, туку мора во млекце. Прочитајте упатство. На нас ни се препишани на 6 саати по 4 капки во дохраната. Исто му давам и Recol bimbo капки и овие многу повеќе му помагаат.
Од бекутанов капките прочитав по 20 треба, др рече по 20 претпладне и попладне, вие како давате? Јас не почнувам засега ама да сум спремна...
Да, нема проблем со тоа. Додуша од само раѓање давам биогаја, па кога се појавија грчевите воведов и колипрев и освен со жешково сега друг проблем немаме
Има во Бети аптеки, јас ги купувам. Дозирањето кај колипревот е поразлично бидејќи на интернет најдов дека се од природно потекло ензимите. А колиефот се добиваат изгледа на друг начин, па различно се дозираат. Предходно и нив ги земав, ама од колипревов сум нногу позадоволна јас, а и ми траат сепак подолго, како што беше ограничувањето ме спасија
Колипрев и Био Гаја му давам, добро е засега. Био Гаја еднаш на ден по 5 капки, а Колипрев по 4 капки во млекото. Слатко млеко ми рекоа да не консумирам. @lavinija28 Да не му е топло па му се прави црвенило? Јас за дома му облекувам само боди и чорапчиња, а кога јаде, му соблекувам чорапчиња за да се лади. Вака ме советуваше педијатар, ми рече никако многу облека на детето, особено кога јаде повеќе се загрева.
Оваа недела бевме на контрола па и кажав на педијатрот дека вклучив колипрев, па ми даде некој проспект што го имаше за неа, а ми се допадна. Опишани се грчевите, која храна ги зголемува, дозирањето е убаво објаснето, има корисни работи мислам, па еве да споделам може на некоја членка да и користи
По се што пишуваш низ темите ми личи дека сте кај педијатар Поп Лазарова, истите ствари ги практикувам. Само страв ми е да не го настинам, па после доење му облекувам пижамчиња надоле и од денеска ми е по боди на долги, вчера ми кивна неколку пати. Ама кај секого собната температура е различна.
Почнаа грчевите пред 3 дена многу интензивно, со плачење посебно навечер со саати не можевме да заспиеме никако. Морам да ги пофалам Колипрев капките, значи како друго бебе да е сега после 3 дена интензивно плачење, ефектот се покажа одма. Грчевите се смирија, па дури и столицата кака по 2 3 пати на ден, фала му на Бога. Голема благодарност до @katerin4ence што сподели!
И кај мене кива, особено кога го преслекуваме. Дома е над 26 степени, крева и до 28...се надевам не му е ладно по боди долги танко, повој и долни пижами...покриено со танко кебенце...
Скроз исто. И климата ја пуштам пред бањање, некој ден во несвест ќе паднам. Да направиме 40 дена и одам кај моите во куќа цело лето, не се живее во стан уште сега. А со кивањето прекина значи така му е убаво по еден слој долги, мада еве сме пак од сабајле надоле голи пак му е топло.
Дефинитивно Колипрев, барем кај нас. И јас давам биогаја плус, ама тоа е пробиотик и не делува на грчеви, добра е за флората.
Ми земал деверот ама не такви туку колимил на хумана, добри се тие? Ама по состав се со камилица и пробиотик џабе фрлени пари 800 ки и биогајата е пробиотик