` Турски се турски, уши да си јадете и двете што ме навлековте да ја отворам оваа тема и лиги да ми течат . Кадаифот со ф`стаци е фантастичен а и галактобурекот е вкусен
Од грчка кујна имам пробано само гиро (два пати) и не ми се допадна. Не ми беше вкусно. А и многу го поскапија. За такво нешто 120 денари се премногу. А пред 8 години беше 50 денари.
Од грчка кујна еве ќе го издвојам гирото, кое им е најдобро, Цацики (Ѕаѕики) - исто многу ми се допаѓа, додека грчката салата на пример воопшто не ми се допаѓа. Како кујна не е нешто посебно, има многу подобра храна од нивната низ светот. Немојте да мислите дека турските специјалитети како баклава, кадаиф итн. се грчки ве молам. Нека си се лажат Грците сами, цел свет знае дека се турски.
melomakarona ги пробав еднаш и се заљубив, ама прекрасни беа. Сум купила уште неколку пати од една стоп&го продавничка пред Калитеа ама не беа како овие, од Солун од една позната слаткара
Се спомне ли Грчка кујна одма Гиро спомињаат, исто ко да дојдеш у Скопје и хамбургер у 7ица да јадеш ц ц ц