1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчки митови

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Pipito, 17 февруари 2010.

  1. Pipito

    Pipito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    58
    Ејј луѓе ќе можете да ме спасите или тешко.. Ми треба за утре некој грчки мит.. Ајде кој знае нека раскаже некој мит.. Плисссссс..!!!
     
    На Читател и sparkle.q им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Прометеј бидејќи бил миленик на Зевс живеел добар и удобен живот и бил заштитен од боговите. Долго време живеел среќно и кога поодминале години Зевс, кој веќе ги имал создадено луѓето, му било жал да ги гледа да живеат без неколкуте потребни дарови со кој животот ќе им биде поубав. Но Зевс не сакал да им ги даде сите потребни нешта на луѓето и затоа го испратил Прометеј да им даде некои потребни нешта потребни во секојдневниот живот. Прометеј луѓето ги научил да зборуваат, да се разбираат меѓу себе, да прават оружја од камен и од некои поцврсти ресурси, ги научил и да ги употребуваат, исто така ги научил да лекуваат со билки ги научил кои се отровни растенија и што треба да се јаде од растенијата а што од животните и уште многу други работи. Зевс кога го видел тоа малку се налутил, бидејќи им дал на луѓето толку многу неоткриени работи дотогаш непознати за луѓето. Зевс сакал даровите да им се даваат постепено а некои да не им ги даде воопшто плашејќи се дека тогаш луѓето ќе станат непослушни. И тогаш го викнал Прометеј и му рекол да престане да им дава дарови на луѓето. Но Прометеј иако и тој бил човек не им го дал уште огнот еден од најважните дарови. Не се помирил со таа помисла се додека не им го дал огнот на луѓето. На Прометеј му текнало дека богот Хефест работи со оган и решил да го украде од кај него. Отишол скришум и го зел и им го дал оганот на луѓето и им кажал како се пали оган и како се користи. Зевс бил разлутен од ова што го видел и се почуствувал измамен. Решил да го измами Прометеј и да го казни и тоа да му биде како поука за уште еднаш да не го мами врховниот бог. Се симнал и му рекол да му принесе жртва за даровите кои му ги дал на луѓето. Прометеј ја сфатил Зевсовата одмазда и решил да го насамари. Заклал еден вол и во кожата од волот ги ставил лојот и сланината, а другиот дел го ставил во коските на волот и му рекол: „Пресветол Зевсу, одбери го делот кој те привлекува. Зевс го одбрал делот во кој биле завиткани лојот и сланината и се почуствувал измамен и се вратил на Олимп, а Прометеј се радувал бидејќи го насамарил Зевс. Зевс му наредил на Хефест да го зароби Прометеј на планината Кавказ. Тогаш Хефест му наредил на своите помошници Кратос и Бија, односно Моќта и Силата да го приковаат на Кавказ. Тие го фатиле и го приковале Прометеј. Тогаш Зевс радосен ја довршувал својата одмазда. Пратил и орел да му го клука црниот дроб секој ден и откако орелот си заминувал дробот повторно зараснувал. Една ден кога Херакле трагал по златните јаболки го ослободил и го убил орелот и на Прометеевото место го ставил Кентаурот Хирон кој бил бесмртен. Под прстенот на Прометеј имало камче од карпите на Кавказ на кои бил заробен и на тој начин Зевс бил среќен мислејќи дека Прометеј живее прикован на планината Кавказ и одтогаш го сметал за еден од најголемите непријатели а Прометеј останал да живее со луѓето и сепак бил сакан од некои други богови а Зевс го мразел засекогаш. Така завршува митот за Прометеј кој му се спротиставил на семоќниот Зевс за да им помогне на луѓето.
     
  3. Pipito

    Pipito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    58
    ФАЛАААААААААА!!!!
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Нема проблем :D
     
  5. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    Незнаев каде да прашам па ајде тука. Инаку дали знаете некој македонски мит? Значи да напоменам, не грчки, строго македонски. Ептен ми е итно, ако имате време и ако сакате можете да ми испратите во лп или пак тука. Како и да е фала ви однапред. :)
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Мариовски легенди/митови

    За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата легенда говори за името Мориово, кое доаѓа од верувањето дека пред многу векови тука постоело море, за што сведочат многубројните карпи кои потсетуваат на школки.

    Мариовскиот крај, кој плени со едноставната, но халуцинантно моќна природа, оставајќи тишина во сеќавањето по средбата со неа, крие тајни, легенди, но и културна оставина, кои викендов беа предмет на трибината посветена на културното и туристичко заживување на Мариово, одржана во селото Старавина, родното место на една од најголемите македонски народни хероини - Калеш Анѓа.

    Една од многубројните локални легенди, можеби најинтересна, која ја нема во записите за нашето нематеријално културно наследство, е онаа за тревата што бега. Легендата за неа е своевидна реплика на волшебниот напиток од приказните кој им дава сила на јунаците да ги поминат искушенијата и премрежјата на личната иницијација. Растението, според мариовци, го добило името по карактеристиката да може да го скинат само одбрани луѓе. Од тревата што бега, која за неупатените изгледа сосема обично, се правеле амајлии кои штителе од зло. Нив ги носеле војниците низ сите војни кои го зафатиле Мариово, а многумина ја избегнале смртта благодарејќи на волшебното растение, раскажуваат селаните.

    Според народното мислење, мариовците се досетливи луѓе, силни и инаетливи борци против неправдата. Зад ваквиот став стојат многу приказни низ историјата. Една од нив е легендата за Калеш Анѓа, овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина. Според преданието, преубавата Анѓа, несакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег во Прилеп. Жителите на мариовските села, обединети и разгневени од настанот, отишле во Прилеп и ја вратиле Анѓа дома. Потоа се засолниле во тврдината Пешта, која и денес се наѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, се додека една баба не ги предала на Турците. Потоа, според приказната, Анѓа завршила во Истанбул. Таму таа го сретнала својот брат-близнак Анѓеле, го препознала по белегот на ногата и тој ја вратил назад во селото. Денес куќата во која живеела Калеш Анѓа се уште постои и е дел од зафатот на домашните и на странските залагачи за репарирање на културните споменици на Мариово. За жал, како што раскажуваат старавинци, сопствениците ја продале куќата за симболична сума. Така, потенцијалната туристичка дестинација, за која иницијаторите за културно заживување на овој крај се сигурни дека би привлекла многу туристи, е препуштена на исчезнувањето.

    И од најпознатиот мариовец, итрецот Итар Пејо, кој, според непрецизните локални преданија сигурни во неговото постоење, живеел во селото Градешница, се останати само приказните и мудроштините. Од оваа мариовска хумористична икона и од марифетлуците врзани со него би се воодушевувале туристи од сите страни на светот, но, за жал, од него во Мариово нема никаков материјален спомен. Архитектот Гоце Аџи Митрески, во рамките на трибината одржана во Старавина, нагласи дека Мариово, меѓу другото, може да се протолкува и како музеј на Првата светска војна, бидејќи во целиот регион се пронајдени шлемови, катарки за вода и бункери каде што се засолнувале војниците. Потврда за некогашната интензивна комуникација на Мариово со светот е и римски пат „Виа Игнација“, кој поминувал низ овој предел.

    Се надевам дека барем дел ќе ти помогне. ;)
     
  7. jasse

    jasse Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    А дали знае некој нешто општо за митовите?Ми треба за писмена работа,а немам појма што да пишувам.Фала однапред.
     
  8. funny-fifi

    funny-fifi Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ај некој ако има уште еден мит, нека каже.
     
  9. Mistery Girl

    Mistery Girl Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    јас немам митови се извинувам
     
  10. Mistery Girl

    Mistery Girl Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже мит итно е фала однапред
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.142
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Грчките митови се навистина интересни. Побарајте ги во библиотека, а ако ви е премногу итно, можат и на интернет да се најдат. Јас имав семинарска на оваа тема, ако на некој нешто му треба нека ми пише лп.
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    имам слушано грчки митови. не ги паметам многу но сепак се преубави
     
  13. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Има ли некој кого го инересираат грчка митологија,легенди,митови,лп:)
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    :)
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Мене ме интересира но само за специфични Богови како Пан, Аполо, а најмногу ја сакам Темис. Нешто повеќе за Нејзе!
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ana Noveska

    Ana Noveska Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ако има некој ке може ли да ми напише прераскажување за митот за орфеј и евридика
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ако си прва година, барај кај оперите во учебникот по Музичко, го имаа прераскажано митот ако не се лажам.
     
  18. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Херкулес, Персеј, Хејдс ( не знам дали вака доаѓа на македонски, мислам на Богот на мртвите) или Хад ќе дојде, не знам. Најинтересна отсекогаш би беше Хера, ја сакав нејзината (оправдана) љубомора.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Хад, или Ад. Ако ти текнува на македонски народни приказни со Колозов, пеколот честопати го нарекуваат адот :) Инаку, сум забележала сличности на овие митови, со тие приказни собрани од Цепенков, чест мотив кој се повторува се наречниците.
    Обожувам грчка митологија, кога бев осмоодделенка и прва година средно, се опседнував со таква литература. Омилен мит ми е оној за кралот Мида(с), кој посакал се што ќе допре да стане злато, и на крај умрел од глад, бидејќи не можел ниту залак да доведе до уста.
     
    На JollyGirl, Someonespecial и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела за тој мит искрено, но звучи интересно! Јас и многу филмови гледав на таа тематика. "Clash of the titans" од 80те ми е еден од омилените. Онаа серија која ја даваа порано за Херкулес ми беше интересна исто, таа со Кевин Сорбо.