Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчки митови

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Pipito, 17 февруари 2010.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    А каде можам да најдам таква литература сдјго?
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па, јас земав од библиотека. Прашував што имаат за тоа да ми дадат, и добивав некои збирки од странски автори, претежно. Исто, пребарував во енциклопедиите дома, под секое име на митолошки лик, беа објаснети основните верувања поврзани со него. Па си преведував, поточно прераскажував накратко во посебна тетратка за да се потсетувам ако некогаш заборавам.
    А во тоа време не сакав ни да спомнувам грчко како поим и го избегнував, детски памет... ама сепак, митовите ми беа врвни.
    Нели ја спомна Хера, секогаш кога читав за нејзината посесивност, не ми беше чудно што Зевс има толку љубовници :D Само, несфатливи ми беа моментите кога се преобразува во животно, за да копулира со избраната симпатија: жена-смртничка :| Зоофилија at its finest.
    А, да, многу ми се најде Илијадата, помалку и Одисејата, чии кратки верзии ги прочитав во петто одделение, уште пред да навлезам во митологија.
     
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Илијадата не ми е читана, но Одисеј да!
    Ќе побарам и јас во библиотека, или на купикнига...
    Хера, ммм, чудесна. Каква љубомора, додуша оправдана, со колку божици Зевс имаше деца и со смртнички? Посесивноста, да, јака карактерна црта. Зевс бил многу јак е*бач. :D
     
    Последна измена: 18 јануари 2018
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не умрел од глад Мида, му се молел на Дионис да му ја тргне клетвата, и овој му дозволил да ја измие во реката Пактол.
    Затоа реката Пактол имала толку злато. :D
     
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Оправдана љубомора и тоа како :D
    Не верувам дека има точен број на неговите љубовници :lol: (рачунај сите божици и поубави смртнички), исто и бројот на неговите деца прилично е голем...Машала.

    Додека се обезбедиш со книги, еве и онлајн на македонски можеш да си читнеш одбрани митови.
    http://makedonskijazik.mk/2010/11/старогрчки-митови-избор.html

    Мене ми е интерресен митот за Зевс како се спасил за да не биде изеден од татко му.
    Кога на Крон и Реја (татко и мајка на Зевс) им се раѓале деца, Крон ги јадел уште додека биле бебиња зашто му прорекле дека некој од синовите ќе го убие.
    Сите синови си ги изел, а кога се родил Зевс, мајка му зела камен, го повила во пелени и му го дала на Крон да го изеде.
    Зевс бил спасен така што бил сокриен во пештера, а подоцна навистина го убил татко му според пророштвото.
     
    На Someonespecial, sjdgo и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  6. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Абе невиден фраер... Ти благодарам многу за линкот!!
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас имам негативен впечаток од Хера како лик. Многу љубоморна, но и нервозна. Синот Хефест, богот на ковачите, си го фрлила oд Олимп по породување, кога видела дека е грд :D. Идеалната божица би била спој меѓу Артемида, Атина и Афродита. Не дека тие немаат свои напорни моменти, ама мора да е поинтересно да си божица на ловот, убавината, или мудроста, отколку божица на бракот. Да не зборувам, многу. Парис и го даде јаболкото на Афродита, па му направија војна :D
    Илијада е повозбудлива, таму е забавата. Одисеја е нејзино досадно продолжение, без 99% од ликовите.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    b3e770e10400160985b721505a036a92--roman-mythology-greek-mythology.jpg

    Ете ја Хера, за паунот веќе знаете дека и е заштитен знак. :D
     
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Кoгa бев пoмaлa oбoжaвaв дa читaм грчки митoви, aмa пoрaди рaзличните верзии и лaтинските имињa пoжелнo е дa се читaaт oд еднa книгa.
    @blonde_supergirl aкo те интересирa oвa, земи си јa книгaтa ,,Нaјубaвите митoви и легенди'' oд Густaв Швaб. Тaму нa пoчетoкoт е oпишaнo сoздaвaњетo спoред грчкaтa митoлoгијa, сите суштествa и бoгoви. Пoтoa се рaскaжaни нaјпoпулaрните митoви, прикaзните зa херoите кaкo Јaсoн и aргoнaутите, Тезеј, Едип и Херaкле. Рaскaжaнa е и Илијaдaтa, aкo ти е нaпoрнo дa јa читaш вo фoрмa нa еп. Сaмo имaј си вo предвид декa oвa е лектирa зa oснoвнo oбрaзoвaние, тaкa дa испуштени се некoи детaли, нa пример кaкo тoчнo минoтaурoт се нaшoл вo лaвиринтoт и зoштo Дедaл бил кaзнет oд Минoс. :lol: Сигурнo имa и книги сo митoви зa вoзрaсни луѓе, јaс изрaснaв сo oвaa.

    Инaче вo грчкaтa митoлoгијa имa пoвеќе љубoвници и прикaзни зa нив. Oрфеј и Евридикa, Зевс и буквaлнo секoјa убaвa девoјкa, Пaрис и Еленa, Нaрцис и сaмиoт себеси. Oмилен љубoвен мит ми е oнoј зa Ерoс и Психa. Психa билa принцезa тoлку убaвa штo смртниците јa oбoжувaле пoвеќе и oд сaмaтa Афрoдитa. Тaa истo билa и мнoгу oсaменa бидејќи сите се плaшеле oд нејзинaтa убaвинa и никoј не сaкaл пoдoбрo дa јa зaпoзнaе. Љубoмoрнaтa Афрoдитa гo прaтилa свoјoт син Ерoс, бoг нa љубoвтa дa нaпрaви дa се зaљуби вo ужaснo чудoвиште. Нo Ерoс кoгa јa видел убaвaтa Психa сaмиoт се зaљубил вo неa. Психa не мoжелa дa се oмaжи, пa тaткo и пoбaрaл сoвет oд Апoлoн. Апoлoн му кaжaл декa ќеркa му ќе се oмaжи зa ужaснo чудoвиште, требaлo сaмo дa јa oстaвaт спремнa нa висoкa кaрпa пoкрaј мoретo. Тaжните рoдители јa спремиле невестaтa и нaпрaвиле кaкo штo рекoл Апoлoн.

    Зaпaдниoт ветер Зефир јa oднел вo прекрaснa нo прaзнa пaлaтa кaде штo билa служенa oд невидливи духoви. Сaмo нaвечер билa сo свoјoт сoпруг кoј не смеелa дa гo гледa. Нo, еднa вечер, пoученa oд свoите љубoмoрни сестри земaлa лaмбa и нoж зa дa гo види мaжa си и дa гo убие aкo е стрaшен. Не виделa чудoвиште, туку убaв мaж кoј бил сaмиoт Ерoс. Тaa веднaш се зaљубилa вo негo и вo тoј мoмент и кaпнaлo мaслo врз негo. Пoвреден(психички и физички), Ерoс избегaл кaј мaјкa му. Љубoмoрните сестри сaкaјќи дa бидaт и oни жени нa Ерoс и се фрлиле oд кaрпaтa нaдевaјќи се декa Зефир ќе ги фaти и ќе ги oднесе кaј негo. Не ги фaтил.

    Афрoдитa уште тoлку се изнервирaлa и и дaлa нa Психa четири невoзмoжни зaдaчи кoи мoрaлa дa ги испoлни aкo сaкa дa биде сo Ерoс. Првaтa зaдaчa билa купче сo рaзлични зрнa дa гo пoдели нa пoвеќе купчињa сo исти. Групa мрaвки се смилувaле и и пoмoгнaле. Втoрaтa зaдaчa билa дa сoбере вoлнa oд злaтните oвци нa сoнцетo кoи биле мнoгу диви. Oчaјнaтa Психa прoбaлa дa се сaмoубие вo некoјa рекичкa, нo некoј вoден дух јa пoсoветувaл дa сoбере вoлнa кoјa се зaкaчилa пo грмушките. Третaтa зaдaчa билa дa дoнесе вoдa oд рекa штo билa oпкoленa сo змејoви. Психa пoвтoрнo сaкaлa дa се убие, нo Зевс прaтил oрел кoј ги убил змејoвите. Пoследнaтa зaдaчa билo дa земе мaлце oд убaвинaтa нa Персефoнa, бoжицaтa нa пoдземниoт свет, вo кутијa. Тoa и успеaлo нo дoдекa јa нoселa кутијaтa кaј нејзинaтa свекрвa мaлце јa oтвoрилa зa дa се рaзубaви. Тoгaш дoзнaвa декa вo кутијaтa немaлo убaвинa туку вечен сoн.

    Вo меѓувреме Ерoс зaздрaвувa, бегa oд кaј мaјкa му, гo вaди сoнoт oд Психa, јa лечи и јa нoси кaј бoгoвите. Се дoгoвaрa сo Зевс дa гo признaе нивниoт брaк вo зaменa зa услугите нa Ерoс кoгa Зевс ќе сaкa дa бoцне некoи смртнички. Зевс ги сoбирa бoгoвите, и нaредувa нa Афрoдитa дa се пoвлече, и дaвa нa Психa aмбрoзијa сo тoa штo стaнувa бoжицa и јa мaжи сo Ерoс кaкo еднaкви. Психa (Душaтa) и Ерoс (Љубoвтa) дoбивaaт дете кoе се викa Хедoне (Зaдoвoлствo, рaдoст). Грците не биле мнoгу суптилни сo пoрaките. :lol:


    Кaнaлoт OverlySarcasticProdutions нa јутуб прaви видеa кaде нa интересен нaчин се прерaскaжaни светски митoви, еве гo видеoтo зa oвoј мит:
     
    Последна измена: 18 јануари 2018
    На blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Oва да не беше за мене? Јас прашував за литература. Ако е да, ти благодарам, но навистина не знам каде би можела да се најде.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Дa, мoјa грешкa.. Инaче би требaлo дa јa имa вo библиoтекa или вo Прoсветнo Делo бидејќи oд тaa издaвaчкa куќa е.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Најдов на купикнига, но само 160 страници е. Од Ѓурѓа. Исто најдов и од Детска Радост, со 264 страници а прилично ефтина, ќе си ја купам. Ти благодарам многу Joi!!
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Не знаев дека клетвата му била тргната на Мидас.Оној мит што јас го читав завршува со тоа вечно да биде проколнат од алчноста по злато или јас така сум си увртел во глава,а последно нешто што претворил во злато била неговата ќеркичка која му се затрчала во пресрет да го гушне,а тој очајно ја предупредувал да не му се приближува ама веќе било доцна и се претворила во златен кип.Само можно е и да го пишувало и тоа со симнувањето на клетвата ама јас не се сеќавам пошто сигурно имав 15-16 години кога читав старогрчки митови и легенди,одамна беше...Ме потсетивте на тој период од мојот живот кога бев маѓепсан од тие митови и легенди и ги голтав страниците во еден здив...
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    “Најубавите митови“ од Шваб ја читам во моментот. Следната ќе биде “Метаморфози“ од Апелеус, го содржи митот за Купид (Ерос) и Психа што го спомна членката погоре. Потоа ќе преминам на Овид, за Персеј сигурна сум дека го содржи а и мн. други кои ме интересираат.
    Оваа од Шваб е прекрасна, уште повеќе се вљубив во митологијата.
    Орфеј и Евридика
    Ад и Персефона
    Јазон и Медеја
    Херкулес и Дијанера
    Тројанската војна
    Јазон и аргоунаутите
    олимписки богови...
    Прекрасно!!! :l::l::l:
     
  15. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    И со Одисеј е убава приказната,ако имаш прилика да ја прочиташ.Има и корисни изрази што можеш да ги искористиш ако сакаш да се изразиш покрасноречиво како сизифов труд за кој верувам дека знаеш за што станува збор,со каменот што го тркала по висорамнина и никако да го дотркала до крајот,вечно бреме носи уште еден израз танталови маки кој се користи кога сме во големи маки,невозможно е да се опоравиме...Тантал бил човек кој бил миленик на боговите и особено на Зевс и затоа тоа го злоупотребувал,бил каприциозен и смислувал начини како да ги дразни или нервира боговите.Два пати не ми текнува што направил,нешто мислам со кучето на Зевс,боговите му простиле и за тоа ама третиот пат ја прелил чашата на трпението.Си го убил сопствениот син и го зготвил во вкусно јадење и ги повикал боговите на гозба и им го сервирал.Боговите сфатиле што е работата и никој не пробал само божицата Деметра била ужалена бидејќи Хадес ја грабнал ќерка и Персефона и прбала од плешката.Боговите силно се разлутиле,го оживеле синот на Тантал кој имал само еден непотполен дел,оној кој го каснала Деметра а го казниле Тантал секогаш кога ќе посака да се напие од водата,таман да ја допре со усните и да му се тргне и плодовите од дрвјата кон кои ќе посегне да набере да му се повлечат како вечно измачување и казна.Ибав ти е и митот со Тезеј,да не ти раскажувам,нема да ти биде интересно,со Едип и откај постои терминот едипов комплекс,Дедал и Икар и многу други...
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Сите тие митови се спомнати во книгава, но Одисеј не ,само Тројанската војна. Многу ми се допаѓаат, ме носат во поинаков свет, свет на јунаштво, принципи, карактери, но и љубов. Инаку и на Прометеј казната била многу болна, нели се согласуваш? Е сега, ќе најдам некоја поопширна книга по можност на англиски, за Олимписките богови. Овие што ги спомнав во мојот претходен пост исто, ги има на купикнига ако сакаш да си порачаш. Митот за Купид и Психа е преубав.
     
  17. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Да,ја имам прочитано и за Прометеј,ми се допаѓа,а и казната што им го дал огнот на луѓето била сурова.
     
    На AnnabelLee му/ѝ се допаѓа ова.