Јас никогаш не би можела да се оправам од ова. Премногу сум приврзана за моите, посебно за мајка ми, не би можела никако да продолжам напред ако знам дека неа ја нема повеќе. Дека нема никогаш повеќе да ме гушне, допре, бакне, сослуша, даде совет, па и искара некогаш.. да ме држи за рака кога сум болна, да ми ги брише солзите кога сум тажна и да ги умножува насмевките кога сум среќна. И мене ми се замаглуваат очиве при самата помисла. Никако, брр, не! Скраја да е!
Имам другарка на која татко и почина кога таа имаше само 11 години..На никого не му посакувам вакво нешто да му се случи, како што рече Izaabella, скраја да е !
Јас доживеав и полошо од смрт на родител. Сликата никогаш нема да ја заборавам и никогаш нема да бидам цела. Во секој момент, не можам да бидам среќна целоно, нитуа тажна целоно - се ке беше поубаво да беше тука, и се ке беше тажно, но не премногу. Сигурно е тешко без родител, ама вака е ужасно. Најлошо е што видов како им побелува косата на моите за нецел саат и како боли душата. Оттогаш знам дека има душа секој. Оти ја сетив Како боли. Оттогаш мразам физичка и психичка болка. И не ми е гајле за никој друг освен моите блиски.
Болката секогаш останува, кога имав 5 години го загубив брат ми. Кога имав 12 татко ми...и сами со мама се бориме низ живеачкава....од 12 години се морам да правам сама...не созреав, презреав прерано мислам..тешко е. Низ многуу работи поминав, премногу.
Фала му на Господ и мајка ми и татко ми се здрави и живи. Но имам другарка која го загубила татко и кога имала само 9 години. Навистина и е тешко.
Го изгубив татко ми кога имав 12 години, а брат ми 9 не убаво чувство.... после 11 години сеуште ми недостига како првиот ден, иако сум сега возрасна, ги имам мама и бато, имам дечко, имам се ама него не страшно ми недостига, особено на убави работи, ме чека дипломска, а јас не знам како ќе се изборам со емоциите тогаш... најмногу ми е жал за брат ми, зашто цел живот е опкружен со жени.... се изнаплакав дури го напишав ова
Јас имам повеќе пати спомнато на форумот, ја изгубив мајка ми само што наполнав 7 години. Брат ми 13 имаше. Мислам дека сите зборови и компарации се излишни за да можам да објаснам колку е тешко да изгубиш толку битна личност, а посебно на толку млади години. Впрочем јас не ни ја запознав. Имам неколку спомени од неа, другото го знам од другите што ми кажале. Најмногу ми сметаше жалот со кој сите ме гледаа и зборуваа со мене од стално! Смрт ми беше како мала некој да ме праша Кај работи мајка ти? Или нешто такво.. Сакав со сите што се запознавам директно прво да му кажам и да ги избегнам сите оние „Аууу загрев мори тоааа, сонценце, анѓелче, греотичка, извини не сакав“ и такви драми. Значи искрено тоа само потешко ми го правеше цело тоа искуство. И имам кажано, ќе кажам уште 100493484 пати, некои празнини никогаш нема да се пополнат! Без разлика колку сум, и ќе бидам среќна еден дел од мене почина заедно со неа. Беше прекратко во мојот живот и ми е криво што немав шанса да ја запознаам повеќе, бидејќи била предобра личност, пресилна, и со голема ведрина. И се што можам да направам е да се стремам да сум повеќе како неа, и да се надевам дека можеби еден ден таму некаде ќе се сретнеме пак...
Моите родители се веќе стари. Секој момент може да се случи најлошото... Постојано се молам за нив, да поживеат уште. Не можам да замислам како ќе ми биде да изгубам некој од нив.
Јас ја загубив мајка ми непосредно пред да дипломирам, иако веќе бев возрасна, имав дечко со план за свадба, значи свој самостоен живот боли и ми фали и секој ден ми фсли се повеќе и повеќе. А сестра ми која беше преприврзана со неа, наскоро по смртта беше матурантка и наеднаш созреа, сама ги водеше сите битки,иако тука бевме тато и јас но нема споредба со таква загуба, дали на 5,15,или55 боли и фали.
Го загубив татко ми на 31 Јули,преголема болка,постојано мислам на него,постојано плачам...имам бебнце 7 месеци и малку ми е утеха а како за поголема беља жаж ми работи во странство јас сум сама со 3 деца дома,ја гледам мајка ми колку пати и многу ме боли незнам како ке терам понатака,незнам како да си помогнам
Јас ја изгубив мајка ми кога имав 10 ипол години, а татко ми пред 2 години многу е тешко кога знаеш дека си сам нема каде да одиш нема кој да те поддржи
Како тоа нема кој да те поддржи, па ќе се исправиш ко карпа и нема што да те пресече. Глава горе, и мене ми е тешко, ама поарно на млади години да се исчеличи човек отколку на стари. Не му се плаши на животот и не паѓај пред луѓе!
Така е човек станува се посилен со загубата, стоиш на две нозе стабилно. Тешко е ама замисли дека сите работи што ги остваруваш се за нив. Горди се на нас
Баш ми е жал. Верувам дека би сакале да си среќна, да го живееш животот најдобро шо можиш, да си силна. Ако те сфатив добро имаш детенце, радувај му се него, не си сама никако.
Се одразува негативно врз самодовербата и храброста, човек не е сосема истиот по загубата на родител.