1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење невиност со мувач. Да или Не?

Дискусија во 'Секс' започната од Femina...1, 30 март 2012.

  1. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Значи јас сум 17ипол години и немам дечко туку мувач.. работата е во тоа што тој сака да имаме односи и треба да се видиме сега викендов и да му одговорам дали сакам .. јас него го сакам и сакам да го направам тоа со него ама не сум сигурна во тоа колку тој мене ме сака и незнам што да направам а никогаш не сме разговарале за врска најверојатно затоа што и на двајцата ни е добро вака како што сме.. Сепак, некако не сум сигурна дали би требало да го направиме тоа.. :worried: иии што би се случило после тоа.. ве молам помагајте стварно многу ми значи вашето мислење...!! :sweat: :sweat: :doh: на никој не сум кажала за ова ни на другарки ни на никој оти ми е срам дека ќе речат дека сум мала или дека оти не ми е дечко а јас го сакам.. :worried:
     
  2. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    можам само да ти кажам дека се во животот е ризик.. ако си подготвена и ако стварно мислиш дека сакаш тоа да го направиш тогас добро... но ако во тебе постои страв од тоа што би можело да се случи после тоа, мислам дека е подобро да не го направиш тоа.. а и зависи колку си блиска со него .... сепак ти одлучуваш сама за тоа така да размисли добро! :)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.112
    Допаѓања:
    155.884
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Не го прај,ќе се каеш. Не си сигурна,а типов е теле. Не биди глупа да те манипулира со секс.
    Ако одговара за секс,зошто пак не имате и врска?!
    И што ќе се случи потоа?! Ќе те сака до крајот на животот, ќе ти биде благодарен и ќе те воспева и гледа ко кинеска кралица. Нот! Ќе те фрли ко партал,а ти ќе патиш едно сто години за истото и ќе кубеш коси.
    Големо такво ако го сакаш. Мислам како може да сакаш кретен кој те манипулира со секс и не сака да биде у врска,а имаш 17 години (и не,тоа и пол,не додава на зрелост,точка).

    Значи не го прај и не се мувај веќе. Биди мангуп,откачи го,пред тој тебе да те откачи и после мувањето. И поим немаш што е сакање,со извинување.Ти удриле хормоните у глава и мислиш дека го сакаш и не знам што ти. Ти фали зрелост.

    Ама више ако ти е толку битно да не го изгубиш,да му удоволиш,спиј бе. Жива и здрава после,ама стегни зуби и издржи кога ќе те одбегнува.
     
    На Kolumbo, sleepingbeauty, yeah и 35 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Да те сака, нема да ти е мувач, туку дечко. Штом не си сигурна, не го прави тоа. Доволно е да имаш и најмал сомнеж, за да не ја донесеш таа одлука и тоа е тоа. Нема зошто да се форсираш
     
    На coki35, Twinkles, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Супер совет од Лилит, запамти си го.

    Како што се прави тој мангуп и ти бара а не си му ни девојка, направи се и ти мангупка и откачи го. Ехее има да сакаш и понатака еден куп. Биди малце своја и пребери ги хормоните бидејќи потешко да се собираат солзи и искубена коса ;)
     
    На Kolumbo, Go-Girl и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    HE!!!!
     
  7. Gorde87

    Gorde87 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Чим го сакаш зашто да не,подоцна ќе осетиш дека ништо страшно не си направила
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.112
    Допаѓања:
    155.884
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Горде,ако ти така си се заебала,не го заебувај девојчево со вакви коментари.
     
    На Kolumbo, EvAngelos, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Немој. Убаво ти има погоре кажано лилит! Ако сака секс, зошто не сака врска? Ма да и тоа не ти е гаранција дека после нема да те остави. Нека не ти мачка очи. А и најбитното од се, штом бараш одговор од тука НЕ СИ СПРЕМНА НА ТОЈ ЧЕКОР. Да беше, ќе го направеше и никому ништо! Така да мој совет ти е НЕ
     
    На SamovilkaH му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    немој да се одлучиш на ваков чекор, подоцна може и да се каеш... вакви фраерчиња ги има насекаде , на овој твој мувач една му е целта и лилит ти кажа погоре...
    ...и после тој чекор ке слушнеш муабетчиња успеав да ја легнам ....
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Подобро не.
    Не дозволувај да те влече за нос и покажи дека имаш достоинство. Мислам дека треба да му кажеш не, типов по се изгледа дека сака да манипулира со тебе и да биде со тебе само за секс.
    Подобро почекај уште малку, а штом се двоумиш и прашуваш тука значи дека длабоко во себе сеуште не си спремна.
     
    На Femina...1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Губење невиност со мувач.Да или Не?

    Лилит најверојатно си во право .. и јас си мислев дека тоа е најправилното нешто да го направам ама изгледа се надевав дека некој ќе ми ја одобри глупавоста можеби дури и ќе ме поттикне,, :| ама ви благодарам искрено на сите за искрените одговори.. вечерва веќе му реков дека неможам да излезам и утре ќе избегнувам да се видеме а ако веќе не успеам ќе му кажам дека е рано и дека ако не ме сака да прекинеме.. Сеуште мислам дека го сакам, што е иронија ама барем ќе видам колкава е всушност таа љубов.. :( :( :( :| Фала многу..
     
    На srcekrsacka и UbavkaBube им се допаѓа ова.
  13. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    НЕ, НЕ И НЕ!!! Ке се каеш многу, направи го тоа од љубов и почит но взаемна, верувај подобро чувство нема :$ Со срека :*
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ако се мувате долго време зошто да не... Ако го сакаш направи го тоа, само внимавај потоа да не ти рече дека не сака веќе да се мувате. Изборот е твој :)
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Искрено јас би била навредена од ваква понуда, па уште ти дал рок до кога да одговориш. И не знам зошто се двоумиш, кога љубовта меѓу вас е платонска. Ти го сакаш, но тој тебе очигледно не. Другарките не си ги прашала, зашто веќе однапред го знаеш нивниот одговор и мислам дека ти уствари не бараш мислење, туку подршка од било кого, за да најдеш начин да се оправдаш самата себе си во намерата се да направиш, за да го задржиш типов. Но тоа воопшто и не е начинот да го задржиш. Ќе имате секс, емотивно повеќе ќе се врзеш за него, а штом тој ќе го добие она што го сака, ќе почне да станува се поладнокрвен, ќе те одбегнува, ти ќе се соочуваш прво со илијада прашалници, па очајничко газење на достоинството, па ќе се ставиш самата себе си во позиција на давеж, па кога ќе настапи моментот на каење, ќе се чувствуваш најмизерно, отфрлено, нечисто... Размисли, вреди ли?
    Уживај во своите 17 години, кога и фаќањето за цицка е сензација, а не пак нешто повеќе.
     
    На Kolumbo, davidof, srcekrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ако сакаш да се каеш направи го тоа |( Види го бе мангупот секс сака, а девојка не
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    И јас се согласувам со претходните коментари... Зошто не ти е дечко? Ако те сака вистински ќе сака да бидете во врска, да биде во јавност со тебе. Не вреди да му ја дадеш невиноста на некој што никогаш не се декларирал како твој дечко ако ништо повеќе. Да не си била невина, ќе ти кажев што сакаш прави, ако го сакаш имајте секс, но вака не... Не штима нешто, еве гледам дека и самата си напишала. Барем нека ти биде прв некој што заслужува и што искрено те сака.
     
    На Femina...1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    1.565
    Значи ако си читала низ другите теми за секс без љубов бла бла... тоа е сосема друго. Ова е поинаков случај, едно е ти што го сакаш а друго он. Размислувај за последиците што ако после тоа те откачи и сватиш дека те искористил за што се и големи шансите. Плус имаш само 17 год каде се брзаш ќе дојде и некој кој те сака и цени како што и ти ќе го сакаш и цениш. Така да од мене имаш големо НЕ.
     
  19. Narciska

    Narciska Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојко да ти кажам јас нешто..иам јас мувач веќе 2 години сум со него и со него го имав првиот сексуален однос и не се каам поради тоа затоа што бев сигурна дека не му беше само поради секс..не сме во врска поради тоа што јас не сакам врска.
     
  20. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Со муваш да изгубам невиност :fubar:
    Тоа повеќе би ми личело дека само би ме искористил отколку на љубов.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.