1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење невиност со мувач. Да или Не?

Дискусија во 'Секс' започната од Femina...1, 30 март 2012.

  1. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Не сум забележала дека постои таква тема. Епа еве вака. Јас ја изгубив невиноста со мувач со кој се гледав 2 ипол месеци. Можете да ми судите колку сакате, ама нема многу да ми влијае тоа на животот. Ниту јас немав помислено дека ќе се случи тоа. Си замислував дека ќе ја изгубам невиноста со некој што ќе бидам долго време, што ќе го сакам што ќе ме сака. Имам 21 година, а тоа се случи пред само неколку месеци. Воопшто не се каам за тоа што се случи, ама ниту секунда каење. Иако со мувач и тоа после да кажам кратко време едноставно дојде до тој момент и се препуштив. Не го направив тоа ниту од љубопитност, ниту заради тоа што веќе не ми се чека. Тој потоа замина за Америка, па кога ќе се врати ќе видиме дали ќе продолжиме со нешто повеќе од мување или не. Сигурно веќе имате си помислено во глава дека сум некоја лесна, но можам само да ви кажам дека никогаш во животот не сум имала дечко, ниту многу мувачи поради тоа што бев повеќе сконцентрирана на учењето и градењето подобра личност. На добар начин сум ги одбивала оние кои ми се пуштале дури бев средно, но не бев спремна верувајте, се чувствував незрела за мување и за такви работи, додека имав другарка која си имаше замислено број со колку машки да оди. Сега сум доволна зрела да одлучувам што сакам и како сакам. Секој си има право да решава за себе. Не можеме да судиме дали некој бил невин или ја изгубил невиноста со мувач или со дечко. Има девојки кои си ја чуваат невиноста до брак-НИВНА ОДЛУКА е таа. Не можеме да кажеме дека се заостанати или такви или онакви. Денес ретки се тие случаи кога девојките се невини до брак. Можеби сум имала неколку годишна врска и сум ја изгубила невиноста со некој за кој сум мислела дека е вистинскиот и оп дознавам дека тој ме изневерува или ми раскинува после некој ден. И ШТО??? Јас немам право да се омажам затоа што не сум невина? НЕМА ВРСКА ТОА. Се зависи до човекот и до карактерот. Битно е да сме живи и здрави, да се сакаме, почитуваме, да се цениме, а не да се мразиме, да си љубомориме, да си судиме. Секој нека си живее како што умее и сака. Поздрав од мене :) ;)
     
    На Mrs.Styels, eloves, Petar80 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Кратко и јасно, НЕ!! :)
     
  3. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Не, сепак тој човек треба добро да го познаваш и да ти значи.
     
  4. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Индивидуална ствар. Никад не може да се осудува за ствари кои што се индивидуални. Мене искрено не ми беше голема работа ау бау губење невиност е ипак момент у животот али нз не му придавав големо значење. Многу девојки изгубиле невиност со мувач и сеа се им е топ и тоа ништо не им сменило у животот. Зависи коа си спремен и од другите околности секако.
     
    На Bennet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Боже мој ,што прочитав :o Имам еден сексуален партенр со кој сум во долга врска и плус ми е и првиот со кој се бакнав. Едноставно ми беше гадно и да одам да се лижам со кој стигнам а не па да се е*ам.
    Не сум ни грда ни со вишок килограми ! Имав многу додворувачи но не сум таква го направив тој чекор со некој кој многу го засакав и ме засака !Верувајте ми, беше пресреќен кога не знаев да се бакнувам и кога дозна дека сум невина, не му се веруваше ! Така бев воспитана и многу му благодарам на Бога што дечко ми не ме ни искористил ни повредил ! И само со него сакам да бидам не ми треба никој друг и не значи дека сум помалку искусна ! Не ни сакам да пробам со друг затоа што он е за мене најдобар и пред се ми е гад! Не оправдувам да легнеш со некој мувач, со некој да една ноќ или френдс вит бенефитс освен ако девојка има раскинато од долга врска така сум воспитана и тоа е тоа.
     
    На TheGirl23, Zvezdicka11, Petar80 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јас сум строго против тоа да се загуби невиноста со мувач. Да се препуштиш и предадеш на некој кој не те сака и почитува...страшно. Бидејки нели да му значиш нешто повеќе тогаш нема да ти биде само мувач. Прекрасно е чувството кога со некој си долго време и двајцата имате длабоки чувства, се сакате па потоа се случува и тоа.
     
    На Aleksandarreal, SimonaTino и Samer им се допаѓа ова.
  7. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Ако веќе некоја решила да го направи тоа по секоја цена без достигнување емоционална и сексуална зрелост, па зошто да бира меѓу дечко и мувач? И двајцата еден ден да се фалат дека ви биле први? Па боље сама...И многу (или малку) подоцна, тоа е релативно и индивидуално, кога ке размислуваш дали детето да биде од мажот, дечкото или соседот, зошто да не се одлучите на-вештачко оплодување од непознат донор...па и на кравите им е сеедно кога ги оплодуваат со шприц а а камо ли на некој што се мислел дали да загуби невиност со дечко или мувач. Нели?
     
    На LadyVamp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Дефинитивноо НЕ !!! сексот бар за мене е нешто мн вредно и не треба да го даваш на секој поготово не 1виот пат. невиноста изгуби ја со некој што те сака и те цени ... тоа искуство ке го имаш еднаш и никогаш повеке.
     
    На joy1, Petar80, Aleksandarreal и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Eci-girl

    Eci-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13
    јас ја изгубив невиноста со мувач, односно не ни мувач туку најдобар другарсо кого самошто почнавме да се муваме, тој ми нудеше врска уште пред сексот, но јас не сакав, вака ни е најдобро, френдс вит бенефитс
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
  11. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Никако.
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Строго сум против,невиноста сепак е важна за секоја жена,и подобро е тоа да биде со некој со кого си подолго време заедно,го знаеш дека е сигурен од секакви преносливи болести и сл,верувајте не дека е пишано правило,дека ќе останете во врска со тој што ви ја одзел невиноста,ама сепак е поинаку малку,одколку со мувач:)
     
    На 2212 и joy1 им се допаѓа ова.
  13. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Golemo NE :!: 8)
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Во мое време „мување“ значеше лапање (со примеси на други попатни активности), ама поимов мувач не ми е баш најјасен. Некој со кој се муваш повеќе пати? Тоа може да се нарече и дечко, ваљда, или е можеби премногу old school зборов за новиве генерации.

    Како и да е, ако дојде работава до секс, не би рекол дека се работи за мувач, туку за ебач (извинете на изразов). :)

    Деца, знам дека сте млади, ама дајте малце посериозно со пишувањава и со размислувањава во животов.

    Поздрав.
     
    На Matotheja, baba Rada, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Не. Оставете ги вие модерниве времиња, дека ако имате 19 години срамота било да сте уште невини па со кој било го правите тоа. Мувач е погрешна личност за да се изгуби невиност. За тоа треба да имаш покрај себе личност која те сака, ја сакаш, те цени, ја цениш. Не брзајте да изгубите невиност, чувајте се за некој кој вреди и кој ќе остане со вас. Можеби размислувањево ви се чини старомодно, но и јас, а и најголем број од оние што ги познавам, ценат девојчиња кои не се даваат и си се чуваат за некој што вреди да се чека. Е тие девојчиња злато вредат.
     
    На little.doll, Mizi123, anonimus-mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Другарка од Швајцарија со Арап била ми кажуе па ене сега свадба ќе прават ... :) и тоа прв и мувач и сеа здравје маж
     
  17. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
  18. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Јас сум така кажано според вас жртва на вакво нешто..но за мене и не сум жртва..
    Изгубив невиност со тогашен другар кој се дружевме како ептен мали дечиња па изгубивме контакт и после некои 13 години се сретнавме пак преку дечко на другар шо беше тој период голема среќа ко брат и сестра бевме и после некое време се лапавме само и на крај отидовме кај другар у викендица и таму се деси тоа .. и после тоа се "сакавме" еден месец се додека не го фатив као се мафта со колешка на другарка...едино шо се каам у цела прича е тоа шо изгубив другар само ради ова...за друго ништо.
     
  19. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Ризик. Но сепак ако го сакаш, направи го тоа. СЕПАК РАЗМИСЛИ. Поздрав :)
     
  20. Mikilion

    Mikilion Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    I nie maskite imame cuvstva i potesko go pokazuvame toa pa smetam deka ne e golema greska da se izgubi neviost so muvac a i zivotot e rizik ako ne rizikuvas ne ni dobivas toa e toa