1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење невиност со мувач. Да или Не?

Дискусија во 'Секс' започната од Femina...1, 30 март 2012.

  1. Narciska

    Narciska Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А можиби јас сум го искоритила
     
  2. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Што би го искористала ти? Нему не му се познава тебе ти се познава ;)
     
  3. Narciska

    Narciska Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    што е битно тоа дали ми се познава или не 21 век..сега уште на 12 се проебуваат а не пак јас..го користам некако ама не е за во јавност.
     
  4. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    И подобро да не биде во јавност ;)
     
  5. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
     
  6. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    nekogas vo pravo se starite koga vikaat na decko od pola nagore daj mu se od pola nadole ne.
    jas ne bi ti preporacala da imas odnosi so nego bez razlika dali po izvesno vreme ke imate vrska ili ne samo zamisli utre koga ke se setis deka ne ti bil nisto a so nego si go imala prviot odnos.
    zarem ne sakas da ste vo podolga vrska za da napravis takov cekor. mozebi ova ce ti zvuci demode no bez razlika na toa dali sme 21 vek maskite sakaat cesnost i samopocituvanje a ti so odbivanje na negovata ponuda ke si dokazes deka samata se pocituvas sto e pred se drugo i deka nema da se sramis da se setis na prviot odnos a i toj ke smati deka ne moze da igra so tebe pa i neka te otkaci ama ke znae kade mu e mestoto.
    pozz i pamet vo glava :))
     
    На Kolumbo, srcekrsacka и Femina...1 им се допаѓа ова.
  7. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    што ви е вам луѓе, аман!!! претпоставувам дека си немала сексуални односи и затоа постои некоја конфузност кај тебе, но и да си имала не иде тоа така!!! се договарате однапред за некоја работа која како ради реда мора да се случи!! едноставно тоа чувство за секс треба да го имате взаемно!! Ако си паметна, понудава ке ја одбиеш и ке имаш повеке памет за др. Едит- не си требала воопшто ни да размислуваш, се знае НЕ!
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Глупа тема..
    На 17 години не знаеш што да правиш со себе. На секоја играчка-плачка од ваков тип со која не знаеш да се соочиш во животот на форум ќе бараш совети?
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Ако ти го сакаш, а он тебе не - тогаш НЕ
    Ако и двајцата не се сакате и ако не придаваш големо значење за првиот пат - тогаш СЛОБОДНО.

    Мое мислење!
     
  10. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    Чекај малце треба да се видите да му одговориш дали сакаш,какво е тоа прашање бе девојче како си можела да му дозволиш да ти го каже тоа на 17 години башка си невина? уште да те уценува до кога да му кажеш ти дава рок да размислиш,по тоа што си го пишала приметив дека дечкото сака само секс за една вечер а ти си мала за тоа(на мои 27 не сум го направила тоа а ти на 17 сакаш РАЗМИСЛИ ДОБРО) башка првиот пат да ти биде со некој таков НИКАКО кога ќе се видите кази му дека не си предмет за заебанција,ако сака САМО секс упати го пред МТВ послушај ги советите ние не ти мислиме лошо,ако легнеш со тој ќе се каеш 100% ти гарантирам дека ќе те искористи и ќе те откачи.
    Или пак ако сакаш да го провериш него и неговите намери можеш да го тестираш кажи му дека е рано ти треба време за да видиш каде води ова вашето мување, кажи му така и ќе му видиш реакција тогаш ќе ти стане јасно за се :)
     
    На Kolumbo и Femina...1 им се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Не не и не!
    Освен ако невиноста се смета за товар ,пречка ,уатевр.
     
  12. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
  13. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Немој девојко да го направиш тоа дефинитивно зошто ќе се каеш цел живот! :!:
    Имав и јас еден таков "мангуп" се смувавме еднаш и типот после две - три видувања почна да ми бара. :^)
    Си викав што му е на овој. :^) А го сакав и од порано долго време, но не го дозволив тоа затоа што тоа ќе беше најголемата грешка во мојот живот. И го откачив веднаш, беше тешко зошто го сакав.. но помина и тоа... животот продолжи.. си најдов подобар што ме заслужува. ;)
    Ќе ти кажам уште еднаш - Немој!! Не ти е дечко, туку сака само да те искористи верувај. Ќе биде фин додека не го добие тоа што го сака но ќе видиш после што те чека. Пак и одговор чекал пфф. |( Батали го девојко веднаш - мој совет!

    [​IMG]
     
    На Ticaa, Kolumbo и Femina...1 им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    морав да ја потенцирам твојата реченица...па прашањето ми е дали си сигурна дека навистина сакаш да останете само на тоа,...Сум била на твои години - подобро кажано не ни до годините , низ животот се додека не дојде вистинскиот ке имаме мувачи, дечковци, едноноќни патници ;) и секој од нас поминал или сеуште поминува низ тоа....Но понекогаш тие мувачи ни се мувачи но потајно посакуваме да се нешто повеке во нашиот живот, а зошто не се?
    главно кривицата е во самите нас,
    - некои од нас се премногу горди (условно кажано)да го направат тие првиот чекор па се претставуваат во поинакво светло, како опасни цури кои не го сакаат типот а всушност е обратно, па типот од страв да не биде одбиен ја игра истата игра...И така двајцата се преправаат дека моменталната ситуација супер им одговара
    -некои само се со тие мувачи колку да не бидат сами (овие не би ги коментирала-не ги ценам жените коии имаат страв од самотија а огромна желба да бидат посакувани од некого)
    -некои го сакаат премногу типот , но ја немаат онаа возвратена хемија која е потребно за да успее една врска, (односно типот си бара друга на патот а оваа е само минлива станица), а таа е тука во случај типот да не ја најде вистинската , го смета ова како единствен начин да остане со него.
    -некои од нас пак самите незнаат што всушност сакаат , и се со типот за кој цело дрштво вели дека е супер....а всушност за неа типот е просечен
    и уште милион такви причини (нема место да ги објаснувам сите женски психологии, а и никој не успеал во тоа, скогаш некоја женска причина може да те изненади , милион жени милион мисли , ние не сме како мажите под еден калап направени.
    и за да не бидам оффтопик муабетот ми беше да си расчистиш со самата себе што всушност ТИ сакаш , не што сака ТОЈ...ти си овде важна , оваа е твој живот и само ти имаш право да ја скроиш твојата судбина, само едно знај НЕМА КАЕЊЕ И НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД, што ке скроиш скроено ке биде
     
    На Femina...1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Најважно е тоа да го направиш тогаш кога ти ќе се чувствуваш психо-физички подготвена и со некој кому му веруваш (т.е. знаеш дека не би те повредил: да ти ја разниша самодовербата,или не дај Боже физички). Дека првиот пат стварно не е толку big deal, не е, но (за повеќето барем) е и те како трауматично искуство и затоа она кое тебе треба да ти е важно е дали ти се чувствуваш психички и физички удобно за да имаш таков вид на блискост со типот.

    А дали е дечко или мувач - тоа е фиктивен назив, има луѓе кои со години живеат во заблуда дека се во врска. Има неранимајковци кои знаат да ја изглумат цела врска. Го зборам ова затоа што другарка ми во втора средно се фати со еден неизживеан сељак кој ја тинтраше две години, во стил, запознавање со другари, јавно шетање за рака, ова она и кога му даде, утредента ја откачи и ај што ја откачи, туку сељакот ја оговараше наоколу демек „не ми даваше две години, мисли дека е принцеза, дрн дрн ама ете си го доби и таа“. Сакам да кажам зависи од ситуација до ситуација. Поважно е дали и двајцата се на чисто во врска со одредени работи отколку статусот во друштвото (дали е итс компликејтед, оупн или ин а рилејшншип)

    Моментот е тука што тој те гледа на еден начин (мувачица, плус те уценува со секс што е најсељачко нешто што постои), а ти него на друг (го сакаш како нешто повеќе) и тоа ги кочи работите. Доколку мислиш дека таква блискост уште повеќе ќе те зближи со него, подобро не се обидувај за да не бидеш повредена на крај.

    Кој е прв, дали ќе е тоа првиот дечко, маж whatever не е толку ни битно, колку што е битно ти да бидеш 100% на чисто со работите и да си сигурна дека за време на тој чин ќе се чувствуваш убаво во сопствената кожа, а ваков
    е**ветар
    (барем според она кое го прочитав), не верувам дека би направил да се чувствуваш така. За сексот не треба да се зборува и потенцира, треба да дојде спонтано и на типот треба да му е важно и дали ти си навистина подготвена за тоа или не. Со самото тоа што ти бара и ти збори за тоа, мислам дека е јасно што е работата и на твое место, инстант би го отерала у п.м.
     
    На Kolumbo и Hipster им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Искрено, понекогаш ми паѓа жал за тинејџерите од поновите генерации. Постојано сте бомбардирани со стереотипи за „кул“, па намерно глумите дека сте лишени од емоции и ви стало само до секс. Нормално, тоа ќе му одговара на тип што сака само да те плесне и ништо више, за после или да се фали каква ти била, или да те бара само после 12 за бути кол. И ти пуста ќе стискаш зуби и ќе го оправдуваш тоа под изговор дека и тебе ти одговара.

    Еее дејче бе, кога ќе видиш колку е убаво некој да те држи за рака дур шетате, да те гушка, милува, бакнува, и пред се` цени и сака...тогаш ќе сфатиш дека не е љубов кога ти дава рок за до кога да му дадеш. И немај никаков сомнеж, не те сака.
     
    На Kolumbo, La.Reina.Del.Sur, Gunshine и 2 други им се допаѓа ова.
  17. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    не- никако ако го направиш тоа ке се каеш цел живот моето мисленје е дека тој не те сака само сака да те искористи за после да може да набројува со оваа спиев, со оваа спиев.... подобро откачи го, неговиот понос ке се скрши и тоа е победа за тебе можеби го сакаш но има многу подобри од него... тоа е моето мисленје ти прави како сакаш
     
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.267
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тој го прави тоа да те искористи, и после ќе те батали, па ќе се осетиш неубаво. Затоа чувај си се за некој што го заслужува тоа, некој што сака да биде со тебе вистински. Не велам дека си мала, зашто најголем дел од девојките губат невиност на твоја возраст, ако не и порано. Такви се времињата. Ама сепак направи го тоа со некој што ќе му значиш.
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Кратко и јасно НЕ!Ќе се каеш после затоа што ќе сватиш дека не те заслужил воопшто.Ако некој те сака ќе ти биде дечко а не Мувач,а и ќе се труди да те освои и да ти покаже дека му вредиш и дека те сака,а не само да те добие толку лесно и после тоа да те отфрли.НЕ!
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105