1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење невиност со мувач. Да или Не?

Дискусија во 'Секс' започната од Femina...1, 30 март 2012.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Јас сум мајка на две прекрасни девојчиња и можам да кажам дека имам контакт со млади личности со кои сум разговарала на оваа тема. Немам застарени свакања напротив.Сите ме сметаат современа мајка.Верувај нема машко што еден ден нема да ти плесне во очи ако те зел невина па макар бил и светец
    .
     
    На Macedonian.Horse и aerodrom им се допаѓа ова.
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Чувајте си ја невиноста и ке видете што значи таа после во бракот.Филозофии на страна.НЕВИНОСТА ВРЕДИ.Лажат машките дека не и значи
     
    На Macedonian.Horse и aerodrom им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас не верувам дека сите машки се исти, но сепак ти го почитувам мислењето и фала ти за советот. :)
     
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Не се согласувам воопшто со мислењата дека ако не си невина мажот нема да те сака :!:
    Како прво тоа дали си ти скината или не, не те прави подобра или полоша личност. Можеби сум имала подолга врска и се случоло тоа, и што сега ако раскинам со него никогаш да не се омажам затоа што не сум невина? Глупости. Има мажи со такво размислување и за мене тие се сељаци невидени, така да таков фала не ми треба. Он мене нема да ме цени по тоа дали сум невина или не, туку по мојот карактер и личност и по тоа како се чувствува со мене.
    Едно е девојка која сите ја зборат за ку*ва, и ја знае цел град како таква, нормално никој нема да ја сака за озбилно, а друго е девојка која имала една или две посериозни врски во животот и на која тоа што и се случило било од искрена љубов.
     
    На mili4ka123, Sanjichka007, VIN.diesel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ве свакам потполно и познавам парови кои одлично се согласуваат и покрај тоа што имаат скината сопруга и обратно.Темата е губење невиност со мувач,како лошо ми звучи од моја гледна точка одговорот е едно големо НЕ :fubar:
     
    На Macedonian.Horse му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Ало луге за што зборуваме? Мажите сакале невини. Па каде во денешно време има невини девојки? Или поточно која нормална деојка би решила да 1 и биде прв и последен. Затоа не живејте во филм, или не се трудете да бидете паметни овде и да оставите добар впечаток, затоа што реалноста е друга. Денес можеш да најдеш невина девојка која е спремна да се мажи само во некое затуцано село, или некоја грозна што никој не сакалда ја ..... Според мене денес секоја нормална девојка не смее да си дозволи да се омажи без доволно сексуално искуство. И не гледам зошто толку фрка кој ке бил прв дали мувач или дечко. На крајот на краиштата можеш некого да го сметаш за озбилно а тој да е со тебе само заради тоа што сексуално го привлекуваш.
    Така да мој совет до сите девојки немојте да си ускратувате нешто за да останете невини бидејки тоа и не е некоја титула.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Не СМЕЕ да си дозволи? А зошто? Ако не нашла никој со кого ќе се поврзе и со кој ќе смета дека треба тоа да го направи, само за да има сексуално искуство треба да легне со првиот што ќе и дојде? Не се согласував со мислењата дека мора да е невина, ама па богами ни со ова не се согласувам.
    Пак ќе кажам тоа е природно, сексуалното искуство дали го имаш или го немаш не ја гради нашата личност, и никој нема да не осудува дали го имаме или го немаме. И само да те прашам колку според тебе е доволно сексуално искуство?
    Пак ќе стојам до моето дека, се додека тоа се случило затоа што така сме се осеќале во моментот и со личност која сме ја сакале, што и да биде потоа никој нема да не осудува. Друг е муабетот за оние што цел град ги знае.
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Коментаров не ти е воопшто на место!
    Почувствував потреба да изреагирам и да ти возвратам САМО поради болдираното.
    7 години сум во врска со еден сексуален партнер, кој ми е прв а ќе биде и последен.
    Сосема сум нормална и ништо не ми фали. |( Фала Богу!
    Сигурна сум дека во овие 7 години, со мојот партнер имам стекнато многу побогато сексуално искуство од некоја - која сменила да речеме 50 сексуални партнери.
    Невиноста е индивидуална работа, кој како и кога сака нека си ја изгуби.
    Јас сум за водење љубов со чувства, дали прв или 100-ти пат сеедно, да се случи со многу љубов, чувства и емоции. (Што значи дека сум против губење невиност со мувач, зошто ако постојат чувства - ќе постои и врска, а не мување)
     
  9. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Па добро, и оној кој нон стоп јаде леб и сол вика па што ми фали и јас сум жив, но проблемот е во тоа дека не е доволно да преживееш туку да уживаш во животот. Значи какво искуство можеш да имаш само со еден парнер па макар со него да имаш 7 години секс? Јас би рекла никакво. Дали можеш да слушаш 7 години иста песна и да кажеш дека добро ја познаваш музоката? Да таа песна за тебе ќе биде најдобра затоа што освен неа не си чула ништо друго. Се надевам ме разра што сакам да кажам. И само да и одговорам и на Цветче, нема бројка која би значела дека имаш доволно искусто и нетреба да се форсира тоа по секоја цена и со било кого но доколку имаш прилика десетина партнри би биле доволна основа за да можеш да сватиш што сакаш и каков партнер сакаш. Неможеш со еден пар чевли да кажеш дека тие најмногу ти одговараат сепак ќе треба да пробаш повеќе за да видиш кои најдобро ти стојат.
     
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Тие што решиле да бидат невини до брак се ненормални, м? :geek:
    Не сум во тие што ќе се чуваат до брак ама знам девојки кои одлучиле така и верувај, скрос се нормални, ништо не им фали. Нивна одлука. Што има јас да ги ставам во прашање нивните принципи?
    И сите невини девојки се грозни и затуцани? :o Свесна ли си што зборуваш ти?
     
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    :!: По која основа ти заклучи дека моето сексуално искуство е никакво, многу ме интересира? Те молам одговори ми! |( Што за тебе претставува сексуално искуство, бројот на партнери ли?
    Мешаш баби и жаби, не станува тука збор за никакво преживување и уживање во животот.
    Споредбите со леб, сол и музика ти се многу погрешни. Не знам што сакаш да кажеш со тоа, зошто стварно не ми е јасно што може да ми понуди некој друг - што не би можел мојот партнер? Освен секако да си го покачам ризикиот од полово преносливи болести. |(
    Уживањето во сексот, можеш да го имаш со еден партнер, на кого му веруваш, кого го познаваш, кого го сакаш, за кого чувствуваш нешто - па со него да ја простудираш и цела Камасутра. Тоа го прави сексуалното искуство побогато и ништо друго!
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
  13. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Еве вака ќе се потрудам да ти одговорам и тука завршува мојата и твоја полемика околу оваа тема како не би преминало ова во наша мегусебна препирка што останатите ниту се должни ниту иа потреба да ги замараме. Прво точно е дека можеш да уживаш и со еден партнер но точно е тоа дек некој друг може да ти понуди многу повеќе. Ако мислиш дека сексот со секого е ист бидејки како што вели мајками што има другиот што го нема маж ми. Верувај ми неможе да се опише со зборови колкава може да биде разликата од секс до секс и незнам јас посликовито да ти го пишам тоа освен со песната. Ако вртиш една песна нон стоп ќе мислиш дека таа е најдобра се додека не слушнеш уште мноу песни. Инаку то се однесува до полно преносливите болести ако до толку те фака параоја треба цел живот да си останеш невина, бидејки од каде да знае дека твојот партнер нема да му здосадис еден ден и ке проба нешто на страна и ете ти беља. На крајот на краиштата денес можеш на улица да изгубиш глава но тоа незначи дека треба да се затвориме и да живееме в 4 ѕида. Значи јас не те терам да правиш ништо што ти несакаш но ти кажувам дека неможеш да стекнеш доволен впечаток што сексот може да ти понуди ако си само со 1 партнер.Тоа можат да го потврдат и останатите дека на почетокот кога се вљубиле и имале само 1 партнер мислеле дека е тоа, тоа и дека не може подобро но секако дека подоцна се разувериле. Искрено ги жалам тие особи кои се одлучуваат само за 1 сексуален парнер бидејки тие најчесто подоца биваат изневерувани од партнерот на кој му го посветиле целиот свој сексуален живот, бидејки немаат доволно искуство и сексот им преминува во рутина и често им здосадуваат на партнерите. Но секој има право да си го избира патот по кој ќе оди.
     
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Не можеш да одлучиш сама кога дискусијата ќе биде завршена!
    Не планирам да ти го наметнам своето размислување, но нема да ти дозволам ниту да ги навредуваш невините и оние со само еден сексуален партнер. Не ми е јасно зошто имаш напишано цел реферат со работи кои веќе ги имаш кажано, а не ми одговори на прашањата кои ти ги поставив??? |(
    Веројатно одговор немаш...
    Пак ќе те прашам: Што за тебе претставува богато сексуално искуство? Бројот на партнери ли?
    И зошто мислиш дека јас со 7 годишна врска и еден сексуален партнер немам доволно сексуално искуство?
    Искуството не го прави бројот на партнери, туку експериментирањето во кревет. Експериментирањето можеш да го правиш со личност во која имаш доверба, ја сакаш и те сака. Со менувањето на партнери кои не ги познаваш доволно (или воопшто) бидејќи темава нели е за губење невиност со мувач можеш само да си ги задоволиш сексуалните потреби, но не и да стекнеш поголемо сексуално искуство.
    Во однос на болдираното би сакала да те прашам и уште едно прашање: Како заклучи дека невините и оние со само еден сексуален партнер завршуваат оставени и изневерувани?
    Која си па ти да жалиш некоја која одлучила да биде невина или имала еден сексуален партнер? Зошто би ја жалела? Ниту е болна, ниту саката, ниту пак хендикепирана ако е невина. Дај те молам поштеди не од глупости и вакви "современи" размислувања. |(
     
    На Volsebnicka05, Spidy, female.3 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Вистинскиот? Ох.. ако го чекам него, ќе си умрам од чекање. Нема вистински. Секој човек има убава и лоша страна, секој човек има недостатоци, мани, работи/дела за восхитување. Значи, секој човек има 2 страни: добра и лоша... од тебе зависи која ќе ја покаже. Љубовта не паѓа од небо, таа се гради. Секој греши, и што ако згреши тој треба да го фрлам?
     
  16. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Ми се допаѓа начинот на кој што размислуваш. Горе-долу слично мислење имаме :) Инаку да, невиноста би требало да се исгуби со некој кој ти значи. Не верувам дека некоја првата вечер (кога е невина) да легне со некој што не го сака. Може и тоа да се деси, но ретко е.
     
  17. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Оххххххххххххххххххххх!!!!!!! Да се грижам дали сум невина или не, а тој да спиел со повеќе од 10 жени пред мене? Ма дај.. фер е тоа? Маж бил, жена била. Ма што сака нека биде! Гаље ми е! Нека дитад и мажите девици, па тогаш и јас со задоволство ќе бидам. Затоа и жената отсекогаш е потценувана, бидејќи нема свое јас! Се чува и за што? За на крај да ја навредуваат.. Ма терај таму и не попуштај!
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Да бидеме живи и здрави ке ни пишеш кога ке се омажиш, како твојот сопруг реагира на тоа што не си невина во брак.Може нема вистински маж но секако еден ден ке се омажиш. Не те осудувам , те понел моментот си сакала и точка,ама другите кога ке дојде тој момент позамислете се малку на иднината , на вашите родители , на тоа што после.И ВОЗОТ ДОПРАВО ТИ ДОАГА ДА СИ ЗНАЕШ.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Тето :D те гледам постара си малку од нас, друго време е ова, паметни си се девојките не се секирај.
    Гледаат примери од постари кои се чувале како дева Марија за нивниот иден сопруг, и за сметка на тоа едни убави бракови што испаднале, една почит од маж- нема грешка...Да не се претерува само и со памет во глава.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Пред се се извинувам што ви се мешам, но морам да искоментирам. Се согласувам со Sardinija21, но не те критикувам тебе затоа што си имала 1 сексуален партнер. Тоа е нормално, но некако чудно ми е. Јас не би издржала цело време со 1, без разлика колку го сакам, но потоа ако го изгубам, незнам што ќе се случи.. ваљда светов ќе ми падне врз глава. Убаво е да бидеш со повеќе машки пред да стапиш во брак. Ако навистина си немала до сега повеќе од 1 партнер, ти се восхитувам тогаш, тоа во денешно време е речиси невозможно. Од твоја страна е ок тоа што не го изневеруваш. Но и да ми стават пиштол на глава нема да верувам дека во една седумгодишна врска е можно двајцата партнери ниту еднаш да не смувале некоја друга! Извини ако те навредив, но потруди се да ме сфатиш, не го пишувам ова конкретно за тебе. Инаку уште еднаш ќе напоменам дека ептен се согласувам со Sardinija21 и сметам дека е во право. Можеби кога напиша за невините девојки (тоа се глупи..) сакаше да каже дека такви се повеќето случаи, но има и исклучоци. Верувам дека 80 % од наровов се скинати пред брак, 15 % - се невини и се нормални (нивна одлука) и 5 % - исто така невини, но ете господ не им дал убавина, моќ, шарм, разум..