1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење невиност со мувач. Да или Не?

Дискусија во 'Секс' започната од Femina...1, 30 март 2012.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Како и да е на крај сепак испага дека НЕВИНОСТА НА МУВАЧ НЕ СЕ ДАВА тоа е оваа тема а сосема друга е за невиноста во денешно време.
     
  2. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Што подразбираш под тоа "не се дава"? Јас невиноста ја изгубив со мувач и можам да кажам дека не е ништо чудно или штетно. Пред две години го имав првиот сексуален однос со него, па еве уште сме заедно.
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сите машки сакаат да ебаваат,ама на крајот пак бараат невина ;)

    Друго е чуството да знаеш дека пред тебе не ја поминувале и други...
     
    На Nalutena1, richgirl998, devojka54 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Хамистика сакав само да искоментирам дека никогаш нема да поверуваш во тоа ако немаш целосна доверба во партнерот, очигледно тоа сеуште не си го искусила. Ако не веруваш во седумгодишна врска со еден партнер, како мислиш дека им е на срекните парови кои се во брак.? Ако не веруваш како ке поверуваш кога ке ти дојде времето за мажење? (ако планираш брак секако) .. Иначе делам исто мислење со Јагода 123.
     
    На mimiiiii и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Хамстика

    Јас немам ништо против девојките кои имаат или имале повеќе сексуални партнери во животот. Кој што сака нека прави, не е наше да осудуваме, а уште помалку навредуваме некого.

    Ако невините и оние со еден сексуален партнер се грди, глупави и затуцани.. (ајде не сите, туку повеќето - бидејќи тоа го имате констатирано) Какви се тогаш тие со повеќе сексуални партнери?
    Нив како ги нарекуваат? :wasntme:

    Кога веќе беше спомната мојата 7 годишна врска, се чувствувам должна да ти објаснам некои работи, па и да те прашам нешто во врска со она кое ти го имаш изнесено како свое мислење на темава.
    Ќе почнам по ред.
    Викаш не би можела да издржиш со еден партнер?!
    Нема тука што да се издржи, мене никој не ме малтретира па да морам да издржам нешто.
    По ова твое размислување, ми се наметна уште едно прашање.
    Како во брак еден ден планираш да "трпиш" само еден партнер, или не планираш?
    Јас го правам со еден, се она што го правите вие со повеќе партнери, тоа е единствената разлика, а тоа нема врска со сексуалното искуство.
    Е сега сакам да те прашам зошто е поубаво пред брак да се биде со повеќе партнери?
    Ова навистина сакам да го знам, бидејќи некој логичен одговор за ова прашање до сега немам пронајдено.
    Во однос на неверствата те уверувам дека во овие 7 години врска, никој никого не изневерил, сме имале безброј кризи и несогласувања, но причината за тоа никогаш не била некоја друга, или некој друг.
    Пред да ме прашаш како сум сигурна, ќе ти одговорам самата.
    Постојано сме заедно, му го знам секој чекор, а кога не сме заедно знам каде е и со кого е, а исто и тој за мене. (Неверството и довербата во партнерот е веќе друга тема, па не би сакала да пишувам тука за тоа на долго и широко, бидејќи темава е друга)
    Нема да зборувам за сите машки, бидејќи секој си има свои размислувања но мојот партнер е среќен и горд што јас сум влегла невина во оваа врска и што сум имала сексуални односи само со него.
    Од друга страна јас сум така воспитана, премногу совесна и многу чувствителна па тоа што имам еден сексуален партнер, со кој во блиска иднина планирам брак ме прави среќна, никогаш не сум имала потреба да го направам тоа со друг, во оваа врска и со овој партнер фала Богу ништо не ми недостасува.
    Но пак ќе кажам, кој што сака нека прави со себе и своето тело. Јас само си го изнесов својот личен став. Не сум за губење невиност, па и општо сексуални односи за една ноќ со мувач, јас сум за стабилна врска.
     
    На Samer, Daydream, Abeja и 12 други им се допаѓа ова.
  6. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    оти да не , ако навистина си се свиѓате еден со друг и си верувате еден со друг тогас оти да не, слободно :)
     
  7. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Виножито е потполн во право. Секое машко повеќе сака невина девојка па и јас исто така, и сите другари мои исто така. А има невини девојки, ,,Ако си ти слеп, не значи оти сте не гледаат или ако си ти болен назначи дека и другите се болни". А има и машки кои што сакаат да се воздржуваат. Според мене невиноста е адут за секоја девојка во секое време. Незнам дали сте христијанки вие што пишувате дека невините девојки се затуцани, глупави, грди итн и дека треба да се има повеќе партнери, па еве изјаснете се. Инаку според христијанското учење блудот е смртен грев.
     
    На vinozito1 и Abeja им се допаѓа ова.
  8. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    ццццц Дали остана некој нормален денес?
    девојкииииииииииииииииииииии каде сте бе?
    како сте воспитни бе ВИЕ?
    ми се гади од вас и од вашите кометари. секоја чест на оние кои сеуште се совесни и навистина не ја изгубиле смислата за почитување и љубов.
    И после зошто болести? сида мида, хепатитис, мепатитис деца со разни пореметувања :fubar: ? е ееее од вакви како вас.
    се додека нас не нарекувате затуцани бидејќи сме биле и сакаме да останеме со еден партнер погледнете се во огледало и пишете што гледате. мене воопшто не ми е срам да се гледам во огледало, а вас? нели ви се лоши и гади од помислата што правите со себе и со вашето тело? како утре ден ќе основате семејства, ќе воспитувате деца? нели бе на нас младината останува светот? ЖАЛОСНО но навистина се плашам да ги донесам на овој свет моите деца. СРАМОТА И ГРЕОТА СТЕ ВИЕ А НЕ НИЕ. ние сме понормални него што може да биде. Чукнете си ја главата малку може ако останало малку сива течност внатре ќе ви текне што правите. животот е долга стаза не размислувајте само од денс за утре,,е хеее што се не чека во животот. СРАМОТИЧАЦИ... можебИ9 ова не треба да го кажам ама понекогаш ми се плаче што сум девојче. Вие нас не нарекувате затуцани а вие секоја вечер доаѓате дома,плачете и ни љубоморте затоа што никогаш нема да го имате она што ние го имаме и се гордееме - ЧИСТ ОБРАЗ. никој никогаш мене нема да ми пререче а вас???? Ајт сеа гледајте си работа и проширете го тунелот за да може да ви помине поширок воз меѓу нозете.
     
    На Samer, Rose437, Kaley и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто е толку чудно ако кажеш дека имаш 5 годишна врска и само со него си била? Или дека си во брак со првиот сексуален партнер? Изгледа во денешно време ептен се извртеле работиве, тоа што едно време беше нормално сега веќе е ненормално и обратно.

    И многу ме нервираат некои непишани правила кој некој ги измислил само за да си го оправда својот сомнителен сексуален живот. МОРАЛО да се има повеќе сексуални партнери пред брак, а каде го пишува тоа? Или некој гинеколог ви го има кажано? Не да знаеме ако е од медицинско лице препорачано да почнеме сите со кој стигнеме да се е*****е. |( МОРАЛО во врска од пет години да се имаат изварано. Абе ајде... |( Како можеш ти да знаеш за мојата врска? И уште една работа која ми ги поткрева нервите, тие што имаат САМО ЕДЕН цел живот поима немаат од сексуален живот. Поголема глупост немам слушнато. Изгледа некои луѓе незнаат дека многу е поважен квалитетот отколку квантитетот. ;)

    Да не ме сфати некој погрешно, има случаеви кога ете некоја девојка има врска од пет години он и' е прв и ете се случува да раскинат. Нормално дека со наредниот дечко ќе има односи не ќе се воздржува само заради тоа што мора да има само еден или ај нека не се мажи. Ама се си има граница, и тоа е едно, а ова е сосема друго.

    И уште нешто, воопшто не оправдувам губење невисност со мувач (тоа е само љубопитност) или секс за една вечер (за ова се изјаснив во соодветната тема). :*
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Леле бе до каде стигна светов..
    Никогаш со мувач, мувачите тоа го сакат па да имат со што да се фалат а, вие си ставате срам самите на себе за некому ќефот да направите.
    Чувајте си газињата за стабилни врски некој што стварно ќе ве почитува и сака.
    Невиноста е најголемата дарба на жената па размислете дали секој заслужува да го добие тоа,
    Имајте малку гордост инаку не се оди многу далеку

    И да,првиот пат се познава немојте да мислите ќе ми ја земе невиноста па што ако ,, абееј цел живот ке се каете.
    Првиот пат не може да се скрие , и кога ке ве прашат кој ти беше прв оној , колку бевте заедно што ќе кажете?
     
    На hermosa, figgiMK и Macedonian.Horse им се допаѓа ова.
  11. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Никогаш!!
     
  12. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Зошто да не... Стварно мразам вакви дескриминации - за машкото е дозволено со девојка мувач да го има првиот сексуален однос, но за девојка не е. Не да е забрането, ама е многу осудувано... Што си има веза дали е со него во врска или така се за некоја вечер..
     
  13. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Јас ја изгубив невиноста со мувач и сега да можам да го вратам времето не би го направила тоа. Мислев дека сум емотивно стабилна дека го сакам навистина тоа, што има врска ако е мувач ми работеа хормоните но сепак не беше како што мислев. Многу ми беше тешко бидејќи знаев дека од сега па натаму сум му девојка само за секс а јас почнав да имам чувства за него. И затоа со тешко срце прекинав после 2риот пат, јас си знам колку ми беше тешко и какви се мисли ме обземаа. Мој совет е НЕМОЈТЕ да го правите тоа за ПРВ пат со мувач, никако, никогаш.
     
    На leona83 и Insatiable13 им се допаѓа ова.
  14. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Не мислев да коментирам на темава ама искрено кога го прочитав задебеленото, се изреволтирав малку.
    Прво девојката не е должна да му се правда на машкото за нејзиното сексуално минато или пак околу фактот што воопшто е 'скината'(смешен збор :D ). Машките се правдаат ли за своето сексуално минато? :^) Не. Па дури и ке се фалат со тоа како имале незнам ти колку.

    Значи океј е машкото да се има е*бено со пола град, а девојчето мора невина да се чува, нели оти машките таква сакаат. А нас женските не прашува ли некој што сакаме? Nein. |(
    Машките во принцип ти бараат невина женска поради причината што дотогаш немала друг па ке нема дотичниов со кој да се натпреварува на тоа поле или пак да се плаши дека ќе биде спореден со бившите и нема да испадне таков голем е*ач за каков што се кажува. Нели на машките тоа му го билда егото. ;)

    Иначе, да појаснам не сум за оргии пред да ме нападните. Туку како што кажа некоја феминка погоре едноставно девојката можеби имала долга врска и ете се десило да раскинат и сеа некој треба да и суди неа оти нема меѓу нозе парче кожа? И што е најжално ние жените се дискриминираме, а потоа и мажите се придружуваат. Смешно, морам да признаам. :wasntme:
     
    На fificaaa, blueeparadise, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не и не. Секоја девојка заслужува првиот пат да и биде посебен, со некој кој знае дека ја сака и цени, дека може да има доверба во него и во кој ќе биде сигурна дека после тоа ќе продолжи да се однесува убаво и ќе остане со неа. Сега може ќе речете од кај знаеш дека мувачот не ја цени и не ја сака, како прво ако ја сака ќе бидат во врска, а не мување, како второ мувачот е овде само кога на некој од двајцата ќе им се присака средбата, додека приказната со дечко е друга (зборам за подолга врска).
     
  17. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    а најлошо е тоа што и да ти е некој, во случајов дечко и да му дозволиш да те скине нема никаква гаранција дека не знам колку долго ќе сте заедно... едноставно за ништо веќе нема гаранција. колку и да мy веруваш и да си сигурна сепак се е можно. според мене на број се тие кои останале со првиот( исклучоците нека не ми замерат).
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Никако ...кој како сака ама јас sum protiv...Toa treba sо личноста што ја сакаш итн. -според мене ....Но секој за себе своја приказна
     
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски
    Нема шанси, многу сум против за ова.Првиот пат треба да биде посебен, со некој кој те сака, го сакаш и ве врзуваат многу нешта.А вака, обичен
    лапач
    не доаѓа во предвид. :tmi:
     
  20. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Не, никако не доаѓа у обзир тоа! ... али затоа со пувач некој чинам може! :!:
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.