1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Губење тежина наспроти топење маснотии

Дискусија во 'Фитнес' започната од StefChef, 9 февруари 2014.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Девојки вие сте многу поважни од таа бројка на вагата!
    Сте се запрашале ли што сакате да изгубите од вашето тело?
    Може сте изгубиле 10 кг за еден месец но погодете што,поголем број од таа бројка е вода,бидејќи нели телото е 60-70 % вода лесно е да се излажеш дека си изгубила тежина.
    Телото е составено од мускули,коски,вода,минерали(активна маса) и масти(неактивна маса цитирам подоле дека и тоа не е така).
    Кога вие идете на рестриктивни диети и гладувате вие губите мускули и вода,мастите се согоруваат последни затоа што телото секогаш сака да складира не сака да троши резервна енергија.
    За да согорите 1кг мускули е потребен дефицит од 1200 калории,наспроти 7000-8000 калории за 1кг масти.
    Затоа вагата може да ви покаже дека сте накачиле килажа,а тоа да се мускули и вода и малку масти.
    [​IMG]
    Плус 1 кг мускули и масти не задржуваат ист простор(волумен) во нашето тело.
    За истиот волумен 1 кг мускули зафаќаат помалку простор од 1кг масти.
    Затоа наместо да се фокусирате на вагата земете трака за мерење и калипер за телесни масти.
    Фокусирајте се на огледалото и телесната композиција.
    Со драстично намалување на килограмите не го постигнувате тој резултат што го посакувате и целулитот не го тргате.
    За да го избегнете јо-јо ефектот купете си вага,земете видете колку калории ви треба и намалете 20% од вашите калориски потреби.
    Бидете трпеливи и максимум што треба да ослабнете е 2.5 кг месечно.
    Изгледа малку но резултатите се долготрајни,наспроти јо-јо ефектот на деструктивните диеити.
    [​IMG]
    Колку % телесни масти е здраво.
    Погледнете ја табелава.
    [​IMG]
    Илустративно да видите колку % телесни масти имате.
    http://everamblings.files.wordpress.com/2013/06/bodyfat.png
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Тежината може да се намали со диета и правилна исхрана, а мастите се топат со кардио вежби.
    Сите оние што имаат проблем со тежината и мастите треба да се консултираат со стручни лица за тоа како да ги намалат истите. Во своја рака сами ништо нема да постигнат.
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    ;)
    [​IMG]
    Поправка малку.
    Калориите кажуваат дали ќе ги стопиш мастите.
    Деструктивните диети и гладување ја руши телесната композиција.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kaprilove❤❤

    Kaprilove❤❤ Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Неможев да најдам ваква тема па затоа пишувам тука сите сакаат да ослабат но јас имам проблем секој ден кога се мерам јас имам се помалку и помалку килограми а на мојата висина и години килограмите не се добри јас јадам се воред исто како порано менструацијата ми касни а моментално со училиште и љубов и семејство имам стрес. Незнам шо да направам.
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    Колку е тоа исто како порано?
    Ако сега си физички поактивна од порано а јадеш подеднакво како кога си била помала, веројатно не внесуваш доволна количина на калории.
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Хипертироидизам( зголемена функција на тироидната жлезда), проблеми со тиродината може да водат кон тоа.
    Испитај си и крвна слика