рајна-војвода,ти благодарам за советот.ама јас сакам домашно приготвен гулаш,тие во кесички не ги сакам.и затоа барам рецепт за гулаш
Ајде еве ти оригинал рецепт за унгарски гулаш Барем јас вака го правам и го сакам баш пикантен. Е сега има и варијација на класичниот унгарски гулаш а тоа повеќе заличува на чорба па и тоа можам да ти објаснам како се прави. Основата е да избереш добро, младо говедско месо, така да во месара потенцирај дека ти треба вакво. Една до две главици кромид ги пржиш на зејтин. Кога кромидот ќе стане руменкаст го додаваш месото исецкано на коцки и пропржуваш малку. Додаваш црвен мелен пипер и буковец (по правило треба да е лут, во зависност од тоа колку сакаш да е пикантен гулашот), и повторно убаво мешаш и јас додавам исто доматен сос купечки односно салца за загустување, и го подлевам месото со вода, но не многу токму таман за да динстање на месото. И на тивок оган се готви вака се додека не омекне, на говедското му треба малку повеќе време. Ако забележиш дека фали вода за време на готвењето не се плаши да додадеш малку. Откако ќе испари водата и видиш дека се направил густ сос, додаваш потребен зачин како црн бибер, вегета, сол. И воглавно тоа е тоа. Е сега ако сакаш чорбест гулаш откако ќе ти се издинста убаво месото (почетната постапка е идентична) додади сецкан компир и залеј со поголемо количество на вода и остави така да се варат компирите. При крај се додаваат исто така зачините. И тоа е тоа Јас го јадам со тазе леб, така ми е најсладок, а во Унгарија го јадат со ткн. „кнедли“ (еден вид на пециво подготвено на пареа), за илустрација еве ти фотка како изгледа прав унгарски гулаш п.с. Мајка ми за загустување користи и фант исто така, евентуално може да се додаде малку брашно при крај (зборувам за чорбата) но не треба да се претера со брашното за да не се изгуби вистинскиот вкус на јадењето.
И ние дома го приготвуваме на сличен начин како Пирамида, само што залеваме со поголемо количество вода за да остане чорбест и откако се сервира во порции, секој во својата си додава претходно одделно сварени шпагети и ова е стварно ептен вкусна комбинација.
Еве рецепт за најубавиот гулаш кој сум го пробала. Многу е вкусен пред некој ден го правевме дома и одма се изеде. Потребно е: 700гр тазе говедско месо (доволно е за 5 особи) ако сакате можете и да ја зголемите дозата на месото 1л вода 2-3 поголеми главици кромид 2 поголеми моркови 1 патлижан излупен 70мл црно вино малку магданос зачини по желба : сол, бибер мелен, вегета , црвена пиперка, ловоров лист Кромидот се сецка се пржи на тивко да омекне , се додава месото исецкано на ситни коцки и се пропржува. Потоа се додава сецканиот морков, сецканиот и излупен патлижан. Се пропржува се заедно и се додаваат зачините , виното и водата. Се промешува убаво и се остава да се крчка окулу 2 саати, пред крајот се додава малку исецкан магданос. Превкусно е.
Еве го мојот рецепт за гулаш.ништо не ставам по мера се е од око и по вкус 2-3 главици кромид,1-2 зелени пиперки ги пржам дури да се омекнат Месо колку што имам го сечам на мали коцки и го додавам и тоа да се пржи дури да омекни. Потоа ставам едно пакетче гулаш и една крем супа од било што,претежно од печурки користам,и вегета и црн бибер,додавам неколку чаши вода намалувам на средна температура промешувам и го оставам да се вари,(нормално мешам од време на време за да не загори)не многу долго,доволно колку да се довари месото и да се згусни убаво,нај често го сервирам со шпагети или со пире,пре вкусно е