Гумените бонбони ми се одлична занимација кога ми се јаде некое стрвче. Иако и мене малку ме загрижува фактот и приказните кои се вртат околу желатинот и начинот на нивното приготвување, сепак не можам да им одолеам. Омилени ми се Харибо мечињата и капинките, а не се лоши и оние праските само преблаги ми се, не можеш да изедеш цело пакетче, а да не ти стане тешко. Или барем мене ми станува тешко. Исто омилени ми се и киселкастите црвчиња, а има и едни како peach rings и мислам дека беа на Bebeto и превкусни се. Ова за сите +18 : П.С. А ја пробавте глупоста Харибо мечиња во водка!? Не пробувајте, опасно е по ... џигерот.
сите ми се убави,кога станува збор за гумени не бирам,единствено кога треба да купам неможам да се одлучам за кој,сепак овие по киселите ми се поубави
И како дете и сега обожавам гумени бонбони! Сите ги јадам! Haribo сите видови,Jelly bear,Jelly Cola,Jelly gummy,Jelly Co.,капинки,црвчиња,мечиња,вилици,сите ми се убави и вкусни и сите многу си ги сакам и си ги обожавам!
Ги обожавааам! А сега зошто ме фати стрв давајте веднаш ми се јадат мнооооогу! Ќе купам утре, па сите заедно ќе ги јадеме
Морам да направам една исправка! Единствено од гумените бонбони не ги сакам вилиците и вилиците со гумени заби и некои специфични грозни животни! Всушност,најискрено не сум ги ни пробала сеуште,не сум ги пробала ни црвчињата,но знам дека ќе ми се допаднат,а овие што ги набројав погоре не ми се допаѓаат поради формата којашто ептен ја поврзувам со реалните предмети,па затоа ми се и одвратни! Не знам воопшто како само на децата им се вкусни и интересни,но за вкусовите,нели,не се дискутира! Срам да ми е! Мечињата и капинките ми се најомилени гумени бонбони!
Колку што успеав да видам, ваква тема не постои а е комбинација и од храна и од пијалок Ме интересира дали некој пробал да направи пијани гумени бомбони и какво е искуството? Ми кажаа ека најубави биле со вотка и да отстојат 1 или 2 дена и после као ептен "фаќало" од нив. Ве чекаам