Сакам, ама периодично. Имам период кога ми текне на нив и купувам константно. Тоа трае недела-две-три, па потоа ги заборавам... Не знам зошто така Како и да е, јадам секакви, единствено едни што се како меки шекерни перничиња не можам да ги пондесам...
Како мала ги сакав (највеќе тие Кока кола ) ама одамна не сум јадела, забите ме болат некако, осетливи заби имам....
Јас од пред некое време ги засакав .Дечко ми пошто е најсрце на свет ми купил од онија што ги има у најразни форми , бои и вкусови во Сити Мол , си мериш колку сакаш , сам си бираш. Ама беа најубавите гумени бонбони што некогаш сум ги јадела ! Дали дека беа од саканиот ми беа толку слатки не знам , ама во план сум кога ке одам ја да си купам
До пред 1 месец јадев секакви вакви чуда, но ова лето сум во план да престанам и засега добро ми оди, бидејќи сакам да сум во топ форма, само здрава храна. хехе
Ауу ги сакам! Имате ли видено како овие само црни? Мене братчетка ми од холандија ми носи такви,вкусни се ама малце грозни...ептен како вистински се...