Гумени чизми

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 9 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.254
    Ахам, апсолутно хит се од лани во странство а почнуваат да се шират и накај нас. Ај што забегуваат странциве по гумениве (рибарски, чизми за на фарма како и да ги речам уште) ама гледам и хрвативе на форум сите ги посакуваат, а и видов неколку и кај нас ги носат низ Скопјево.
    Мене не ми е јасно што убавина гледаат во таа гумена чизма. Ама знаеш често ако нешто е мода па и било какво да е нека се носи, модерно е најбитно!

    Така да девојки би носеле ли гумени чизми? Што ве привлекува или одвлекува од нив? :wasntme:

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.102
    Леле жива глупост ми се.... Единствено би купила вакви штосни да кажам... за на снег или ако има големи дождови... некако... не ми се по мој вкус.
     
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.346
    Не ме привлекуваат овој тип на чизми. Гломазни, светлуцави, а за материјалот, да не правам муабет.
    Широки во горниот предел, неудобни за носење, шлапатарски. Не би носела нешто во што не ми е удобно, чисто ради мода. А и реакциите на околината ќе бидат ,,Кај оди оваа? По риба?‘‘.
    Мада, како што дождливите времиња не се за мене, направи еден чекор, вир, направи друг чекор, уште поголем вир, ќе треба да си набавам едни чизми за по риба-гумени чизми. :tmi:
    [​IMG]
     
  4. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Rossonerka, сигурно го виде моето прашање во Дајте совет за чизми, и ја отвори темава. Можно е да ти ја префрлат во таа тема, зашто сепак станува збор за чизми, ама не знам, тоа модераторките...

    Инаку, и прашањето ми беше каде има во Скопје вакви чизми, и да, многу ми се допаѓаат. Не се работи за помодарство, туку за економичност и практичност. Интересни се, не се скапи, а се многу практични за во дожд, а и снег.
     
    На Daniella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.254
    Слободно нека ја префрлат ако сметаат, ама не видов од тебе, баш случајно после видов и се насмеав коинциденција. Иначе мислам дека видов во Калиопе провери си. И не се ефтини мислам дека околу 2000 и нешто беа. А постојат гумени чизми и по 400 евра.

    И секако вкус е.
    Јас никогаш не би ги ставила на нога овие чизми!
     
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.445
    не би ги облекла никогаш ... што знам зошто, едноставно не ме привлекуваат :lol: а и како што рече ангелче многу се гломазни и некако гумата свети :puke: .. аман бре луѓе, како може вакви чизми да се модерни!? па какви се тие светски дизајнери :?: тие се само за таму каде што постојано има поплави и поројни дождови :) така да гумени чизми НИКОГАШ :!: :D
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    23.242
    Мислам дека нема потреба да се заклучи или префрли темава во друга. Мораме да имаме разновидност :)

    Мене лично не ми се допаѓаат чизмиве, пред некое време една пријателка си купи и ми беа апла рибарски |( Повеќе не се на мода, ама баш ми беа слатки тие чизмички со крзно, посебно ако беа розеви :)
     
  8. Filipina

    Filipina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    И јас имам гумени чизми, ама за по лозјето :) и супер ми се, како ми се погодија чудо, не ми студе во нив кога работам, а летото малку се поте ногата ама нема врска ;) . А за по чаршија нема шанси да облечам такви, а во Данска хит биле Гумени Чизми куси панталони и на точакот :D
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    1.452
    леле многу ми се грди и смешни, никогаш не би облекла
     
  10. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Aх, колку и да се на мода овие чизми јас не би ги облекла, па и ако треба ногата да ми кисне. Некако ми се одбивни, нема нешто што ме привлекува во нив :?: . Нема шанси да носам такви чизми, а за употреба можеби се добри, ама како што кажа некој пред мене дека биле 2000ден чизмите :^) , нема шанси да даам пари за вакви чизми..No way ... :) 8)
     
  11. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    881
    никогаш не би облекла, па колку сака нека се модерни, како прво се премногу широки и ќе си шлапам, ќе не можам да одам, се знае такви чизми се за на риби(ова според мене, не се лутете), имам видено како некои девојки носат такви шарени низ град, пред некој ден кога врнеше имаше некои носеа, ама мене гадно ми изгледаше
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] :rofl:

    Meне воопшто не ми се допаѓаат. Другарка ми има вакви гумени и ептен грозно изгледа, ко да ќе оди на риболов! Никогаш не би облекла вакви.
     
  13. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    14
    Пошто јас како типично скопско дете кога видов гумени чизми викам штоо? нема по риба да одам,ама се стварно многу практични. Тука кај нас баш врне и си патики или некои платнени чизми ништо не се праи. И лани кога гледам сите со гумени чизми. И стварно има многу штосни гумени чизми бас денес ги гледав.. Во различни бои, со точки, со цветови, карирани... какви сакаш. Така да ништо чудо едни гумени да се најдат кај мене во плакар иако сум заљубена во UGG.. :rofl:
     
  14. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    235
    Аууу па татко ми модерен бил :lol: Има два пара вакви-темно зелени и црни. За на риболов со црните оди, а темно зелениве за по град си ги чува :rofl:
    Шала на страна многу ми се гадни и никогаш не би ги облекла.
     
    На mode-kristina и LovelyGirl им се допаѓа ова.
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Еееее, старите опинци од бабите ни в село ги модернизираа веќе, сега се такозвани балетанки со некое цирконче плус, аха и плус во различни бои :lol:
    Исто и гумените чизми за на риби, за по лозја. Мора малку модернизирања.
    Грозни се. Вкус, никогаш не би ги облекла, освен на зима да си излезам за надвор на снег да си поиграм, што и скоро никогаш не се дешава пошто мразам снег. |(
    Сите викаат дека се грозни, а се кладам дека за месец-два пола Скопје ќе ги носи. |(
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.346
    јас нема да ги носам никогаш... така како што не облеков ни балетанки ... (освен еднаш ама бев приморана на матурата сите носеа ) .... гродосие бре кај оди светов .... чизми нормални и едни до глужд и патики асолни се моите обувки за во зима ... 8)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.717
    Јас ги сакам, има сега со секаков дизајн и доста ми се интересни а и практични. Имам едни ептен штосни, шарени, и кога си ги нарачав прв пат пред 3 и пол години и прв пат кога ги обув, доста луѓе ми упатуваа чудни погледи...битно сите тие беа мокри до коленици, а јас си шлапкав по најголемите бари без проблем :)
    Точно е дека бидејќи се од гума, прилично се тешки и малку напорни за премногу долго пешачење, ама кога врне многу, си ја вршат работата и те како.
     
    На Iriss му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Многу ми се интересни, а за на дожд се измислени :)
    Иначе лани имаше во SEWA така мислам се викаше продавницата, карши тренд во центар и не беа многу скапи. А годинава не сум видела..сигурно купени се сите :)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Не е исто.Ќе се створи мега тема и на куп ќе бидат сите мислења,ќе се губи поентата и ќе се лута по страниците.
    Добра е темата како ваква...нека не се спојува,моја сугестија.
    Нејсе...
    Ако ме видите со вакви некогаш,освен ако не одам да молзам крава,имате дозвола да ме убиете.
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.718
    Допаѓања:
    26.563
    и да врне, и да вее, и бура да коси, лудото нема шанса гумена чизма да носи :D :lol: епа кога сакаме мода да тераме, ке се враќаме со мокра чорапа :D
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.