Девојки помош! Сакам гумени чизми за оваа есен и незнам кај да најдам.. мислев да порачам преку нет али еве сеа читам и кај нас ги имало а јас немам сретнато никаде.. Кај е тоа трафик??? Незнам зашо не ви се допаѓаат мене ми се баш фенси
Кога ја видов темава и јас исто како тебе помислив што зарем на риболов ќе одам, но навистина се добри кога има големи дождови и снегови, зашто сите останати чизми знаат да пропуштат, но сигурно овие чим се гумени не пропуштаат, па можеби и ќе си купам.
Лани си купив чизми кои држат топло (ама стварно држат ) и не пропуштат вода. Одлични се за на снег и за многу ладно време. Ама би си купила некои интересни гумени кои ќе ги носам на дожд и на не толку ладно време
Да бев средно би ги носела За секој ден за растрчување за пролетта и есента за во дожд се супер,секако ако се со некоја убава шара
Што е убаво кај чизмиве не знам.. Воопшто не ми се допаѓаат, евентуално може да земам ако одам по риби.
Ги имам и ги обожавам,толку се пријатни за носење. Да излезат есенва одма си купувам уште еден пар,али се е нели прашање на вкус.
Значи мислењава за за чизмиве се поделени. Или ти се допаѓаат многу или ич. 99% сум сигурна дека имам пишано на темава, ама одамна беше. Јас многу сакам гумени чизми. Прво практични и топли, второ може да се направат супер комбинации ако знаеш како и ептен се штосни. Јас имам едни од Рокси, ама тие се тешки ама затоа како топлат. Имам два пара Hunter, љубов ми се најголема. И уште еден пар, што го добив на подарок и го чувам како очите. Планирам есенва уште едни да си купам. И како бе да не ги сакаш?
Некогаш ми се допаѓаат, некогаш не. Сега у последно време ми се допаѓаат. Порано како помала неможев ни да помислам да носам такви, мислам пред 2-3 години, а на 4-5 годинки по снег само во такви бев. Него, сакав да прашам како се движат цените одприлика?
Mи се допаѓаат само во одредени случаеви кога се носат. Би биле практични за работа во градината и за време на многу снег доаѓа во предвид,инаку не
На изглед интересни ми се ама многу ладно држат.Зимоска носев еднаш вакви ми смрзнаа нозете и тоа на суво време.
Мене не ми се допаѓаат многу и да ладно држат братучедка ми ги има и се смрзна цела зима како боса да идеше мораше да носи по 2 пара дебели термо чорапи.
До пред некое време воопшто не ни сакав да ги видам,а камоли носам.Но,по купување толку многу чизми кои што по ставање 5,6 пати ми пропуштиле без размислување во голем дожд и снег би ги носела.Сега имаат мала мана,внатре немаат крзно или некој материјал што држи топло,но со подебели чорапчиња се решава птроблемот.Со некоја добра шара без размислување би ги носела,ем не лизгаат ем не пропуштаат.