Ух не, не ми се допаѓаат. Гума е бре, како на татко ми тие за по риба. Ама од друга страна совршени се за дождливо време, да си шлапкаш без мака (кај мене у маало само, за у град не). Или пак за у бавча по магдонос кога одам
јас лани ги зедов 2200 со крзно внатре оваа година се поефтини се наоѓаат за 1500 за 1200 мислам(за оние што се без крзно внатре)за тие со крзно се поскапи ама мн.топлат јас имам 2 пара едните ги зедов од странство мн.ми се слатки и мн.ме топлат за на дожд се совршени а и за на снег воопшто не се лизгат,да материјалот е гума ама не се како рибарските на таткоми ако беа исти нив ќе ги носевме така?малку отпоќе ми се глупи некои коментари работата е во тоа што за да носиш вакви чизмички треба да имаш облека за да ги искомбинираш...
Абе миме, тоа ствар на вкус е, мене така ми личат, на некој не, сеа и ти немој лично се да сфаќаш Јас сум сигурна дека имам доста парчиња гардероба што тебе нема да ти се сфиѓаат, ама јас пак ќе си ги сакам едит: сеа видов дека не сум само јас со рибарските коментари
Јас си купив гумени чизми пред две години во април месец, на попуст ги земав за 600 денари од трафик или како и да се викаше продавницата пред рампа. Ги убив од носење, снег, дожд, чиста 5 ка.
и јас да не бидам погрешно сватена мојот коментар не се однесваше на никој само се прави груба и глупава споредба бидејќи чизмичките се многу послатки и мн.убаво седат кога ќе се искомбинираат да до вкус е работата се согласувам и јас сакам поќе елегантен стил за на факултет за во град но сакам и спортски лежерно и скатко да се дотерам а ни едни други чизмички не ми дале таков ефект како гумените а и мислам дека се вистинско освежување од модната страна...
Не сум фан на гумени чизми, ама и те како можат да ви се најдат. Овие како добро би ми дошле. Просто би ми било жал да ги носам од што се нежни и мили.
За вчерашниот дожд само со гумени можеш да излезеш и да знаеш дека сув ќе се вратиш Мене ми се симпатични и баш би си купила кога би нашла
Провери во земјоделска аптека или евентуално на пазарче у делот кајшто се продаваат гребла, мотики, ашови и сл.
Јас минатата година си купив убави од она турското што е карши факултетите на Битпазар. Доле се гума, горе се скај ама топлат прилично затоа што имаат и као волна внатре. Тегет боја на се ми одат Ги земав дали 600 дали 800 денари ама ич не ми текнува. Ги утепав од носење, ги носеше и сестра ми и ми ја зезна едната пета. Гази навнатре и како толку ја уништила сеуште не ми е јасно. Би си земала сега други, но овој пат шарени.
Јас никогаш не би носела вакви чизми, па ако сака сите нека носат. Грди ми се бе, ич не ми се допаѓаат.