Јас за минатата сезона гледав некакви гумени чизми со разни дезени во Garу кинескиот центар во ГТЦ, и кај стара автобуска што беше пред да се руши таму. Само не бев сигурна да не смрдат на гума, оти од таму се ми мириса на гума.
Каде да си најдам некои поедноставни црни? Со некое каивче или некој едноставен детал? За ефтини пари нели секако
Многу би сакала да имам вакви чизмички, ама грди ми се на изглед бе :/ И се плашам да не немам со што да ги искомбинирам, а знам дека само тие ми се спас за на снег и дожд...Во дилема сум дали да барам вакви да си купам или не......
Нема попрактични обувки за на дожд од гумени чизми.И модерни и функционални за безгрижно шлапкање во вода.Делиме иста дилема
Јас бев многу многу против овие чизми, затоа што не ми изгледаат убаво, ама да бидеме реални - потреба се! Ти и да си купиш кожни, кои не пропуштаат, па жалосно е да ги шлапаш во вода и кал (барем мене ми е жал ) Би купила или обични црни, или црна основа со некои ситни ситни цветчиња (или некоја шара) и не би размислувала дали би ми одговарале на одредена комбинација.. На фармерки све иде Претпоставувам дека оваа сезона ќе почнат повторно да се продаваат и сигурно со некоја висока цена, ќе почекам за некоја пореална, под 1000. Сепак се гумени
Јас имам купено од Ил камино пред 2 години. Немаше мн. избор и гледав, гледав и земав едни како далматинец со точки. После др. проблем имаше што ме кочеа со комбинирање бидејќи јас слабо носам анимал принт. Откако најдов некој начин да ги уклопам и носам, луѓе бре тоа студи корне и тоа не беше мн ладно надвор... мислам дека нозете ми беа скаменети заедно залепени со чизмите а чорапите водени спурени од студ. (ме разбирате, онака од студ дури испотени нозете) Мн. се практични ама за студот големо НЕ! ilent: И ете ги така си седат дома...
Јас вчера зедов од страдиварус гумени и тоа овие http://www.stradivarius.com/mk/en/shoes ... olorId=025 Реакцијата дома:чизми за по риби сум купила
Со здравје да си ги носиш, ама линкот не се отвара. Пробај повторно А за реакцијата ич да не се секираш, битно да те греат
Одамна сакам да си купам, ама не сум наишла на некои убави во момент кога сум барала чизми и сеуште немам такви. Може сезонава, и така обични имам, едни такви ако сум при пари може да земам...
Видов гумени чизми во Adam's Shoes во City Mall (мислам дека на втор спрат) и беа 990 ден. Мислам дека е океј цената, за разлика од Офис Шуз - 6400. Мене лично не ми е реално да давам колку вторава сума за гумени чизми, но секој со својот џеб
Никогаш не би облекла вакви чизми, одвратни ми се, и можеби некој ќе се навреди, но се пашувамкако воопшто луѓето ги носат....
Ми се допаѓаат посебно кога се со детски дизајн на нив, во некоја дреч циклама или црвена боја би носела како за промена.