Со гумени чизми ни во нива не можете да ме видите . Сеуште има начини да се тера мода , во оваа крајност не одам . Нека имаат какви сакаш шари , циркони и што ти знам , ама да ми даеш пари не ги носам .
Гумени бе? Би облекла ако сакам како мало дете да шлапам по вирови. И тоа исклучиво во границите на моето маало. Подалеку никако
Баш ги сакам и никад нема да си опростам што лани не си купив комплет чизми и такво мантилче за дожд исти. Многу ми се убави моделите.
Хехе јас вчера на ќерка ми и купив за да може на раат да си шлапка по вирчињата. Леле колку само се радуваше А мене нема шанси да ме види никој во такви
Мене па баш ми се убави,секако доколку складно се искомбинираат со нешто и обавезно со шалче .Инаку лани беа на мода,ама како по обичај Македончето касни.Оваа години гледам кај нас у град купиле 2 души и сеа одма ќе се зааакаат по нив,без разлика дека оваа година крзнените се тотално ин.Секако би ги облекла пошо баш сакам да stick out from the crowd.
Освен ако не одам по риба некогаш би ги облекла,а да ги носам вака ко за секој ден нема шанси .На рибарот Климе ме потсеќаат
Гумени чизми имам носено само како дете и тоа за дома , никако за на училиште. Сега да ги облечам нема шанси , па и да се најмодерни на свет
Вакви само на први април може да носам Ма најмодерни нека бидат нема шанси да носам такви чизми Го носам она во што се чувствувам удобно и што го презентира мојот стил.Овие дефинитивно не се мој стил Сакам да купувам работи што се во тренд,меѓутоа мора да има усогласување помеѓу трендот и моето прифаќање.Да ми платат не облекувам
Пред две години од Холандија ми ги донесе зет ми, и ги носев, низ Скопјево. Ме гледаа како да ми фали нешто, а сега сите ги носат! Ги носам, кога врне, кога ме мрзи да мислам што ќе ми одговара со што, зошто се црни со бели точки. Немам проблем со нив.
Епа за во зима како што има шлакатарници секаде низ градов и неможеш а да не се направиш лом секако дека би ми биле добредојдени Би ги носела зашто да не, за до ваму до таму
Овие чизми многу ми се свигаат и баш би сакала да имам едни вакви.Сега за овоа време на дожд баш убаво би стоеле.
Уф колку ми се грди овие рибарските чизми. Ама ако се во мода би ги носела барем нема да ме гледаат чудно низ град и нема да ми влегува вода слободно ќе си се шеткам. Грди негрди, практични се...тоа е
леле па нека направат модели на гумени чизми и на штикла за искачање хахахахахахахаххахахахахахахахаааа
Не викај два пати Плус Вивиен Весвуд е хит со гумените чевли!!! Има и балетанки и чизми и сандали ма све! Има слични вакви во Палини во ГТЦ.
Интересни се за гледање, ама да ги носам - no way! Баш сега сум за едни чизмиња ниски во план да си купам, ама вакви нема шанси.
Само личност со стил може да ги носе, сепак да бидеме искрени не се за секој, нема секој фаца за нив........со задоволство би ѓи носила
Па видов негде низ Скопјево (само не се сеќавам каде) гумени чизми до колена на АПЛА штикла, едно 8 сантими можда