Немаш видено? Од овие и од УГГ чизмите преку глава ми е. Овие ич не ги сакам, а УГГ симпатични ми се, ама не се мој стил. За по дома може. Тие не се за дожд и снег, се мократ, се бојат, мислам и дека пропуштаат. На вчерашниот дожд оди со и најскапите УГГ чизми ќе потонеш. А рибарскиве ги има во секоја втора продавница, во Шутка ги има од пред 2 месеци. И во ред додека чекав пред некоја ден една убава девојка носеше вакви тигрести чизми Ај што крцкаше ко прво гумата цело време кога се помрднуваше, ама и неудобни ми изгледаат некако. Овие чизми немаат веројатно ништо ортопедско во нив. И се за краткотрајни дожливи релации.
мене ми се слатки, не знам зошто Ги видов во една продавница поминувајќи, ама не застанав за да видам цена. Не знам слатки ми се, ама и не би ги носела. Добро еве кога има многу снег, и многу врне да ))
Значи моментално е во мода да си рибар Не би ги носела во ниеден случај. Па колку сака нека се модерни.. кај нас па толку се оптеретуваат со "трендовите" што изгубиле осет за добро и лошо парче. Наредно што очекувам да биде во мода е ова Гумени опинци Заштитни обувки за употреба во лоши временски услови (дожд, кал и снег). Лицето на обувките е од квалитетна гума, отпорна на дејството на атмосферски фактори и може да е премачкано со специјален еластичен лак за поголема заштита. Ѓонот е од гума отпорна на абење и атмосферски фактори. Поставата на обувките е од трико-памучна ткаенина.Кој му треба нека пише..ќе ви набавам доста поволно Каков газда - такви шапшали..Кој од кој пооригинален
Викам гумените вакви-такви , ама кога ќе заврне дожд и снег мака си немаме, само ќе ни студи малце ама
Значи модава знае некогаш ептен да забега,барем за мој вкус.Коко Шанел гарант се превртува во гроб.Нема ништо женствено во чизмиве и се многу безвезе,баш ко за на риба.А да не правам муабет што шариве најчесто се ко да се наменети за 5 годишни девојчиња
Без врска ми се, никогаш не би облекла. Поарно ќе земам едни од тие што ги носиме за на бавча и најмодерна ќе сум.
Не не не не не х 1000000000 пати..нит знам со што би ги комбинирала нит ми се симпатични за око, нит женствени...
Мене ми се интересни и несекојдневни. Имам едни дома со зеленко, бело, лилаково нешто шари низ нив и си ги сакам.
Aу мора да кажам што видов пред едно 3-4 недели во град. Жена 40-45 години, облечена во црвен капут преубав, откопчан и беше се гледаше кошула костум со сукња топ топ 10ка. И на нозе ГУМЕНИ ЧИЗМИ!!!! Шарени Толку и ја ужаснуваа комбинацијата тоа е чудо, кај стојат на деловна облека гумени чизми? Ах зашто ги вратија во мода бе, кога луѓево си експериментираат со нив
Овие конкретно ти што ги стави се и многу топлички внатре и чинат околу 100 евра Ги видов истите и јас пред некое време во една продавница ама одолеав. Си имам едни и доволни ми се Иако сега се мислев за едни доле што се гумени а горе се од обичен, зимски материјал. Некоја чудна но убава симбиоза. Другарка ми си купи такви со Burberry коцка и преубави се. Абе баталете дали се модерни или не - практични се! А и убаво се шетка во нив. Јас намерно влагам во најголемите вирови со нив - што детски мерак се крие во тоа ииииихааа! А се кладам дека половина од девојките кои ги познавам и велеа дека им се одвратни за некое време ќе ги видам со вакви чизми. Ееее позната македонска работа
Не не и неее не би облекла не ги сакам ам ич воопшто не ми се женствени ,како ќе се исфирцаш во нив,како ќе се вртат машките по тебе во гумењаци,ко мачорот во чизми абе македонче ,ќе искочи мода некоја и ајдееее и да не му се свиѓа носи ли носи.плус за да гупиш убава гумена чизми ,треба да даеш над 100евра и пак нема да изгледаш убаво во нив, а оние од 1000 ден ми се исти ко моиве што имаат по градина да работат.мислам девојчиња сме по гумени чизми ќе се шетаме?
Зависи. Има модели кои ми се допаѓаат, има некои кои не ми се ама ич убави. Јас си купив сиви, преубави ми се, ама само долу се гумени, а нагоре се од еден друг материјал како шушкав (мислам дека микрофибер беше материјалот, евентуално нешто слично), а внатре имаат крзно. Топлат многу, а и ептен се практични за на влажно време. И многу си ги сакам, да !