Не ми се допаѓаат. Зошто едноставно не се за секаде. Можеш само на училиште да ги носиш. А со нешто посебно бљак
Катастрофални ми се мене Никогаш не би ги облекла, се чудам кога ги гледам овие што ги носат како можат на нога да ги стават, но се е до вкус нели. Исто како да ја гледам баба ми како излегува од нива, само во пошарени бои
Искрено јас никогаш не би тоа облекла. Тоа ПВЦ не на моја нога освен ако не прегазувам река па сум во зор
Како малечка често ми купуваа гумени чизми, се сеќавам во какви дезени имав и беа одлични за на планина во зима бидејќи не пропуштаа и што е најважно - имаа крзно внатре. Одамна немав видено вакви, ама изгледа се вратиле во мода. Како и да е, иако се практични, не би ги носела освен за по риба
Немам гумени чизми. И мислам дека не би имала ни некоја потреба да ги купам. Сеедно ми е искрено, нит ги сакам, нит ги мразам. Само неможам да разберам зашто некој би трошел 3.000 денари на гумени чизми (имам пример со другарка) Стварно ми е банално! Ама добро на некого му се допаѓаат и сака да ги носи. Но јас никогаш не би можела да се замислам да носам гумени чизми во секојдневни комбинации. Еве преееубава комбинација со ..... гумени чизми. Ноу! Ноу! замислете да носеше балетанки или високи штикли. Прво кога ја видов комбинацијава ми изгледаше ок, но колку повеќе гледам толку повеќе сфаќам дека нешто фали. хаха Но сепак ја почитувам девојкава затоашто има неверојатен стил.
Имам едни од Roxy лани ги купив црни со сини кругови но не оти многу ги носев. Дали 2-3 пати ги облеков. Не ми се нешто посебно но пак, можат да се најдат како интересен моден детал.
A дали знаете каде би можела сега да најдам вакви чизми? Не ми требаат толку како моден детал, повеќе од практични причини бидејќи ќе одам на ЕXIT па да не ми врне Во Traffic и Adams веќе им се повлечени, а во roxy се по 3000 и кусур па барам нешто поефтино, особено затоа што нема да ги носам често
Безвезни се до максимум! Па уште набиле некоја астрономска цена ,за никаде,никаква елеганција нема во нив.Јес да се корисни,ете не пропуштаат, ама порано ко носев такви ми смрзнуваше ногата во нив...Се за мода!
Неудобни, па и одвратни на изглед. Има работи за кои сум рекла дека никогаш нема да ги облечам, но со текот на времето ќе се навикнам на нив и ми се ок. Но, чизмиве ??? Не можам да разберам што има убаво во нив. Многу ми се грди. Дефинитвно НИКОГАШ