Не се убави, ама пред две години запнав да имам едни такви. Фала му на татко ми што одби да ми ги купи, иначе ќе си фаќаа прашина
Вакви чизми никогаш, повторувам, никогаш не би ставила на нога. Толку ми изгледаат лошо, ме потсеќаат на рибарски. Еднаш ги пробав на другарка ми, и се чувствував како вистински рибар, уште една трска ми недостасуваше.. Не не и не.
Уште пред 1 година другарка ми во школо ги носеше и ја многу се чудев која ли е мода таја. Дојде и кај нас таа мода, и сеуште сум со истот став! ВООПШТО не ми се допаѓаат!
Не ми се допаѓаат кога се со шарени принтови но сиви на пр. ми се ок. Но сепак кога би купила би купила заради заштита од дожд и снег
Ги имам и баш сум задоволна од нив така се шарени со цветчиња , им се изнаносив по дождливо време не ме интересира што некој ке каже но нозете ми се секогаш суви а за зима не се никако за на снег бидејки еднаш ги облеков излегов на снег но нозете ми станаја модри затоа што тие чизми се гума и држат ладно но за дожд како во сегашните денови се одлични
О да,врне и со такви на факултет или на работа и шефот те гледа под око и ти,еве си носам штикли у ташна,овие,еве ќе ги оставам тука,токму на влезот,да ми се подисцедат! Море ни крепостен селанец не би ги носел овие денес,туку мода. И шо до коленце,јас мислам до препон и Вардар да можеш да го изодиш.Небаре живееме у земја со монсунска клима,па врне братче,колку можеш ќе се спасиш или имаме оризови полиња ене одне под Водно. Вкус бе,вкус!
Jaс од секогаш сум се прашувала дали ви влегува вода во нив кога врне- бидејќи се широки Знам, чадор носите, ама знаеме колку штити, посебно ако дождот паѓа под остар агол? И многу тежат бре, имам пробано кај другарка, чисто да ги осетам и се осеќав ко да имам ставено по едно тегче од 1кг на секоја нога Јас лично никогаш не би купила- мислам дека би изгледала смешно- на друг ако се со интересен дезен и убаво стојат, можам да ги толерирам
Познати ми се уште од моја најрана возраст, не за друго татко ми користи вакви кога оди во градината или в двор да копа или нешто слично ... а сега гледам ги носат за излегување и такви ми ти работи би се осеќала буквално ко мачорот в чизми
Мене баш ми се интересни. Изнајдов едни дома Roxy, сигурно од пред 2 години се, ама пак се убави. Ке ги облечам деновиве баш ми се јаки плус практични се за ладно време.
Јок, не влегува вода Сеси Впрочем моите се интересно кроени, горе не се толку широки така да таман а пошто се гумени, јас ги пополнувам со дебело чорапче кое горе штрчи и така не ми влегува ич па вода, а никогаш не ми влегувала. Чорапчето ми е за да ми држи топлина пошто гумата баш и не топли. Тешки се - да, па затоа не се за целодневна туку неколкучасовна шетња. Ама не се до толку пак за да имаш чуство дека носиш цигли на нозете. Многу ама многу спасуваат кога има поројни дождови а да не ги спомнувам дождовите во Скопје, искрено, каде што не се знае кој во каква бара ќе западне, можда и жива кал ќе начекаш не се знае Искрено повеќе ќе се намокриш од колите кои те прскаат отколку од тоа да ти влезе вода во чизмиве. Ти иде цела во гума да се ставиш
Немам, но планирам да купам, иако тешко да најдам некој поубав модел.... Би ги носела исклучиво за силни дождови, кога е поплава, бидејќи тогаш ништо не те спасува од воденење. И во тие поројни дождови, не верувам дека некој гледа на нозе што носиш. Сепак, зошто на работа да седам цело време водена в нозе и во чорапите? На такво време не мислам на терање мода.
Мене чизмичкиве ептен ме бендисуваат, интересни се и доста практични. Ама цениве ептен соленки бре. Си барам некои карирани, валда ќе најдам некаде....
Си купив гумени чизми од причина што веќе во никоја друга чизма не верувам. Се пушта вода. Купив за на снег, вода пуштаат, скај-пуштија, кожа-такоџе... Веќе не знаев што да купам и ги купив гумениве. Плус ми се допаднаа. Лани исто ги имаше, ама не ги сакав бидејки беа рамни, а сега овие ми се со малечка штикла... И ако уште овие пуштат вода, почнувам боса да се движам од ноември до април!
Ау...е значи од овие погрди ми се чини нема. Ми личат на оние гумените детски чизмички што се носеле пред 20години и гломазни ми се
Носете си луѓе, проверена е тоа работа. Во Скандинавијава и те како на велико се носат а и мн убави дезени има. Како шо беше лани зима катастрофа планирам и ја да си купам некои штосни
Да ви кажам право каква типка сретнав денес, значи топ изгледаше! Топ! Како прво имаше плава коса, скоро бела, врзана во пунџа, црна цвикера на глава, бело плетено винтиџ пончо врз кожно штосно јакниче, црна тесна панталона, и црни wellington гумени чизми и да ви кажам премногу ми се допадна и со чизмиве! Значи и вакви би си купила во билокое време и сакам или жолти или зелени. Тачка...убави се бре, не се рибарски. Не може да не ви се допаднат признајте А овие ќе бидат мои и веднаш замислувам како еден дождлив ден може да се претвори во сончево утро
Да, навистина се соленки, а се работи сепак за гумена чизма!!! Да се кожа, ајде разбирам, ама гума си е гума...