Совршено се вклопуваат во дождливите периоди, и само тогаш ми е убаво да ги гледам. Некое интересно дезенче во комбинација со мантил ми е полн погодок. Ама, ептен ми е глупаво да ги гледам на девојки кога надвор сонце пука. И повеќето што ги гледам низ град се очајно искомбинирани, не знам каде отиде осетот за естетика. За разлика од чудните хибриди од чевли, како плетените чизми или чизмите со отворен прст - овие имаат конкретна намена.
Имам два пара од Рокси, едните се црно со кремаво, другите корално црвено со сиво. Првите ми се ептен стари, може 4/5 години и кога ги носев и мене ми беше чудно. Сеа гледам минатава сезона и оваа се трендовски и мене ми се свиѓаат. Баш ми е фино кога ќе видам урбана девојка,со гумени чизми,мантил и чадор кај што брза и му се спротиставува на дождот.Филм! Пред се, се практични, само што не држат воошто топло.
Јас имам црни сосема едноставни, и си ги носам почесто, без разлика дали врне или не, добро искомбинирани секогаш знаат да изгледаат супер. Не ги можам овие шарениве со се на нив..
Нема шанси вакви да носам, А ако некогаш ми се роди жебла би ги позајмила од баба што оди во бавча со нив. Исти се.
денеска така ми текна нешто дека сакам да си купам вакви чизмички ( обични скроз црни како на сликава лево ) знае некој кај може да се најдат кај нас и по која цена ?
можеби сите ги носат ди сакат,тренди се, но мене ме потсеќаат на работни чизми и мнооооогу ми се грди,беспари да ми ги даваат не би ги носела
Мене грди ми се оние што се шарени цели и оние тотално рибарски. Но оние што се доле само гумени, а нагоре се како и секоја друга чизма се поприфатливи. Доброто во нив е што не пропуштаат вода и не се враќаш дома со водени чорапи. Мене лично не ми се дотолку лоши, а може и убаво да изгледаат ако се добро искомбинирани.
Лани во Солун си купив вакви чизми со тигрест дезен.И се уште многу си ги сакам.Не ги носам често зошто се многу впечатливи,ама секогаш кога врне дожд, прво што помислувам е- јееееее! денес е ден за моите тиграсти чизмички!
Имам измешани чувства за чизмиве. Еден период ги обожавав и бев на раб да си ги купам. Друг период не можев да ги поднесам, посебно оние зебрестите. Сега? Сега ми се океј, и би купила или еднобојни, или со некој кјут цветен дизајн. А и нешто вака ми се допаѓа:
Воопшто не ми се свиѓаат...но, ете, и јас пред пола година си ги купив. Причина-кога си го шеткам кучето, си шлапкам со нив низ тревниците, и воопшто не си ги мокрам чорапчињата Ги купив од Трафик, на рампа, некои 400-500 ден и немав намера да дадам повеќе пари за нив. А за тоа дека држат ладно, тоа е друга ствар
Моиве чизми пропуштаат Не знам што е работата, може некаде ми се дупнати ама не верувам, баш и една жена се жалеше дека и пропуштале а самошто си ги купила... барам сега решение, а многу ми е криво, со ептен голем мерак си ги купив бидејки сум вечен паталец од водени стопала и викам таман конечно ќе се средам а и плус многу ми се допаѓаат (имам спомнато дека не се цели гума, само доле)