Па мислам дека мојот потпис само по себе си кажува, Посакувам да сум си едно октоподче за да можам да гушкам повеќемина во исто време. Најубав начин за промена од негативна во позитивна енергија. Ај лав хагс
Родена сум под таква ѕвезда што повеке сака прегратки отколку бакнежи... Единствен лек да ме смири и да знам дека имам некој покрај мене во секое време
Аууууу поголем ГУШКАЧ од мене нема сакам да се гушкам цело време, едноставно преубаво ми е кога ќе ме гушне некој (посебно дечко ми)
Како би ми дошло добро едно гушкање сега мммм... Сакам да се гушам, многу сакам да се гушам со дечко ми, со брат ми. Сакам да заспивам во прегратка. Преубаво чувство посебно од човек што го сакаш и што те сака.
Гушкање ми е нешто најубаво и најискрено (кога всушност и е искрено). Нешто најтопло, нешто што ми овозможува да им покажам на најблиските колку ми значат. Неможам да ги разберам тие што не сакаат нон стоп да се гушкаат!
Најпрекрасниот начин на некој да му докажеш дека ти значи. Ако прегратката е искрена секако. И баш во овие ладни, смрзнувачки денови, колку би било убаво да има некој до мене да ме гушка и чува.
Уххх колку сакам гушкање. Особено на моите блиски и драги особи обожавам да ги гушкам...а кога ме гушка Тој, се чувствувам како на 7мо небо, ја сакам неговата прегратка!
Гушкањето е најубавото нешто на светов.Те исполнува, те прави да се чуствуваш заштитен, среќен.Обожавам да се гушкам. Ве гушкам сите
Некаде прочитав дека имаме потреба од 1 гушкање дневно за да преживееме, и не се сеќавам на остатокот, но отприлика одеше неколку гушкања за да ни тргне подобро, па незнам колку за да бидеме и останеме луѓе и тн. Сакам да се гушкам, ама па не ми е секогаш до гушкање ни не со секого.
Oh, I love hugging. I wish I was an octopus, so I could hug 10 people at a time! Мислам дека со ова се` кажав. Далеку ми е поомилено од бакнувањето, далеку поемоционално. Една прегратка, денот може да ми го смени! Секако, од вистинската личност, во вистинско време.
Ништо не е поубаво од топла и искрена прегратка, прегратката и во лоши и во добри моменти, ја дава целата потремна утеха,сила,енергија,љубов...Со дечко ми обавезно си се гушкаме
i'm definitely a hugger мислам дека гушкањето е она што ги зближува луѓето и затоа луѓето што јас си ги сакам најмногу често ги гушкам, па дури и брат ми кој онака се прави дека не сака таков тип на ''изливи'' од моја страна знам дека длабоко во себе се осеќа убаво кога ќе го гушнам
обожавамм....обожаваммм сакам да ме гушкаат и сакам премногу да ги гушкам луѓето околу мене ...тоа е нешто најубаво
Сакам да гушкам и сакам да ме гушкаат. Тоа го обожавам, а посебно дечко ми кога ќе ме загрли со тие негови големи раце