Најпрво гушки до сите на фемина!!!!! Гушкањето е најубавото нешто луѓе....Со него си пронаоѓам сигурност!!!
Обожавам гушкањеее , некое пријатно чувство ми иде , порано прочитав ме со една другарка као дека на секој човек дневно мислам по 6 прегратки му се потребни да се чувствува посреќен и ние секој ден си се гушкавме по 6 пати обавезно , а често се гушкам со другари ,другарки , кога имам дечко со него , кога не со "пријателот " и така
Па понекогаш сакам да ја гушнам личноста што ми значи без разлика дали се работи за мајка, татко, брат, другарка или дечко
За мене гушкањето е најубавата работа што постои на свет. Поубаво нешто никогаш немам почувствувано. Не е битно дали е со другарка , другар , дечко или слично, па макар и со родител. Нешто што многу ме разнежнува и ме прави да се осеќам сигурна. А да и секој ден поминувам 20 минути сигурно гушкајки се со некој
Сакам гушкање многу повеќе од бакнежи сакам да си ги гушкам моите најблиски тогаш се чувствувам исполнето и топло
Аииии гушкање најубавото нешто на светов што може да постои. Ги гушкам сите личности кои ми значат и ги сакам. А пак кога ќе се изгубам во прегратките од дечко ми...
Обожавамммм.. Многу! Поготово кога се работи за личност која не сум ја видела долго време, без разлика, другарка/другар, роднина, дечко... Многу сакам да се гушкам значи!
Најубавото гушкање ми беше со него,за жал.Се чувствував толку сигурна и толку заштитена.Како цел свет да е во мои раце. Ноооооооооо, не не , ајде не се прави будала , тоа помина .Ти треба да го мразиш и да ќе го мразам! Некогаш!!!! Нема веќе шанси,нема веќе ништо.Тој не заслужува.. Леле колку се нервирам вака значи ! Ја мразам реалноста,многу !
Научниците тврдат дека оптималната доза е 8 прегратки на ден. Еве 10 добри причини зошто е добро што почесто да се гушкате. 1. Топлата прегратка предизвикува доверба и чувство на сигурност. Ова помага во остварување на искрена и отворена комуникација. 2. Една прегратка е доволна за да се зголеми лачењето на хормонот окситоцин, кој е како лек за чувството на осаменост, изолираност и лутина. 3. Цврстата и долга прегратка го подигнува нивото на серотонин во организмот, што пак го подигнува нивото на среќа и добро расположение. 4. Прегратката го зајакнува имунитетот. Нежниот притисок на градниот кош и емоционалната исполнетост стимулираат производство на бели крвни зрнца кои се главни борци против секој вид болест. 5. Гушкањето ја подигнува самодовербата. Разменувањето на ваков вид нежност е посебно важен во раното детство, кога ни предизвикува да се чувствуваме посакувано, сакано и посебно за некого. За да ја задржиме самодовербата и понатаму во животот, треба редовно да се прегрнуваме со други и со тоа да го активираме овој бушон во нашиот нервен систем. Впрочем, понекогаш ни треба прегратка со друг за да сфатиме колку се сакаме себеси. 6. Со гушкањето се опуштаат мускулите и се ослободува целата тензија која е насобрана во телото. Прегратките дури и ја ублажуваат болката. 7. Гушкањето нè смирува. Преку кожата се пренесуваат електрични импулси кои му влијаат на нервниот систем да се врати во состојба на совршена балансираност. 8. Прегратките нè учат како да примаме и да даваме. Подеднакво е важно да се прима нечија топлина како и да го правиме тоа за некој друг. Прегрнувањето нè потсетува дека љубовта е двонасочна улица. 9. Прегратката може да замени насмевка или медитација. Нè учи да бидеме овде и сега и нè охрабрува да се препуштиме на својата животна енергија. Ни помага да оствариме врска со нашите чувства и срце, а после само една прегратка, почнуваме поприродно да дишеме. 10. Енергијата која протекува помеѓу две прегрнати лица е најдобра инвестиција во нивниот меѓусебен однос. Формулата е многу едноставна: 1+1=3.
Најубавата, најтоплата и најсигурната прегратка е прегратката на мајка ми и татко ми, брат ми, саканиот итн. Сакам да се гушкам со сите, но не ми е баш кејфски да се гушкам со тие што пред мене се прават едни а позади мене други (дволичните), но сепак не сакам да им вртам и јас грб, таква сум каква што сум па не ми смета да ги гушнам нека си мислат дека не ги знам какви се