Искрено и не сум многу по гушкањето.. уште од мала им бегав на сите коа ке сакаше некој да ме гушне. Гушкам ако стварно сакам некој.. во последно само дечко ми го гушкам.
Гушкањето со мојот сакан е моето второ јас... ако сме сами по цел ден можеме да се гушкаме а да не ни е досадно .... или кога одеме еден накај друг низ куќата се гушкаме без да се одминуваме. кога легнеме да спиеме гушнати спиеме едноставно најубавата работа.
Единствено со маж ми поднесувам пролонгирани прегратки. Можам да го гњавам и по цел ден, а ноќе ми премина во навика да му спијам во прегратка. Убаво ми е и удобно, создава пријатна блискост и топлина. Со останатите, тоа го правам релативно ретко во споредба со тоа колку го правам во маж ми. Чудно ми е кога ме гушкаат луѓе со кои не би остварила близок личен контакт по сопствена иницијатива. Тоа се најчесто познаници или луѓе кои не ги сметам за блиски. Или пак тие се оние, кои ги познавам ама ми се одбивни со ладна природа и сум поставила бариера. Ми создаваат непријатност, незнам како да одговорам на прегратката. Прегратката делува утешително во многу ситуации, често знае да биде поемотивна поддршка од вербално изразената. Прегратката е незаменлива. Гушкањето значи сакање, гушкањето е потреба да му покажеш некому колку ти значи и ти е драго што си со него во моментот.
Со дечко ми многу се гушкаме, дури знам дека него му е поубаво да ме гушне силно отколку да ме баци коа ке ме гушне се осеќам најсигурна и најсакана
Јас сум емотивно ладен тип и не сум расположена за гушкање со пријателите.За мене е доволно само ракување.Во последно време е развиена појава меѓу младите која повеќе би ја оценила како израз на прикриено лицемерие во отсуство на искрени емоции.Едноставно подло глумење.Го гушкам само човекот кон кој имам неизмерни чувства и го сакам,а тоа е мојот дечко
Порано многу го сакав гушкањето ама од другарками ми се смачи да се гушкам.Како некоја лезбејка е само да ме гушка и бацува по образ.Сега се тргам од сите дури ни со домашниве не се гушкам, здравје со дечкото ќе си се гушкам
Ги обожавам прегратките на дечко ми <3 Толку се топлииии, безбеднииии, спокојниии.. Постојано се гушкаме, си гледаме филмче гушнати, си дремнуваме гушнати. Таму припаѓам
Сакам гушкање, сакам да го почувствувам мирисот и топлината на телото на другиот, бидејки мирисот за мене е подеднакво важен во идентификацијата на лугето како и визуелизџирањето т.е видот. Сакам прегратки кои траат баре триесетина секунди а не оние брзински во кои се поголеми шансите да се плеснете со главите отколку да го почувствуваш човекот со кој се гушкаш. При гушкањето ме обзема некое пријатно чувство кое неможе да се опише со зборови. Самото гушкање означува блискост со особата која ја гушкаш и посебна чест што те пуштила во нејзиниот интимен простор. Честопати знам да ги изненадам со бакнеж во врат лугето со кои се гушкам многу ми се интересни реакциите на лугето при што жените обично реагират со блага насмевка и обавезно следи она: Уф, ме наежи будало
Сакам гушкање со луѓе кои ми се најблиски и ги сакам - мајка ми татко ми, дечкоми браќата и други поблиски роднини, секако и другарки
Децата не сум ги испуштила од ГУШ Сп мм исто така се гушкаме, мислам дека неговото гушкање ме лечи. Со никој друг не споделувам гушкање
Се гушкаме секогаш кога сме заедно, т.е. цело време сме гушнати бидејќи таа многу сака гушкање. Многу е срамежлива и кога да и кажам дека ја сакам ќе се вцрвени и почнува да ме гушка и да ја пика главата во мене како маче.