Во принцип не сакам никој да ме допира со исклучок на најблиското семејство, дечко ми и најдобрите другари. Само со дечкото почесто се гушкаме, со другите чат пат.
И прегратките имаат „свој“ ден... 21 јануари е светски ден на прегратките. На овој ден, почнувајки од 1986 година, луѓето низ целиот свет споделуваат прегратки, од човек за човек, со мнооогу љубов!!! Никој не може да остане рамнодушен на искрена прегратка. Таа значи топлина, љубов, сигурност, приврзаност, благодарност, охрабрување... Научниците тврдат дека пет до шест прегратки на ден ке ни го продолжат животот Прегратката е „чудотворен лек“ за менталното и телесното здравје на секој човек - го намалува стресот и крвниот притисок, го регулира пулсот, го зајакнува имунитетот, ја намалува вознемиреноста и болката, смирува и е главен „виновник“ за среќа и насмевка на лицето!!! Искрената прегратка не може да наштети, може само да не расположи... Искористете ја секоја можност да гушнете некого и да бидете посреќни.
Гушкање да, ама не со секој. Се гушкам со тие што ги сметам за блиски - мајка ми, баба ми, вујко ми, со други роднини не. Се гушкам со поблиски другарки и другари со кои се знам долги години од детство. Обожавам да се гушкам со деца Со оние кои сум само на здраво и два-три реда муабет не сакам гушкање. На почеток со некои колешки се гушкав, ти доаѓаат и се поздравуваат со гушкање и ај да не бидеш дивјак ќе возвратиш, ама бидејќи не ги сметам за блиски и не сакам лажни лигавења почнав да држам дистанца. Сакам топли, искрени, силни и долги гушкања Гушкањето ме прави среќна, ми ја зголемува самодовербата, прави да се чувствувам сигурна.
Ден без гушкање за мене е изгубен ден. Се гушкам со најблиските ама во последно време само со дечко ми. Се навикнав долго време да сме гушнати и немам желба да се гушкам со други личноси
По пρиρода сум малκу дива и мρазам гушκање, баκнување и било κаκов физичκи κонтаκт со луѓе со κои не сум блисκа. Слободно можам да се гушκам само со дм и внучκо А гушκањето со дρуга личност дуρи и со мајκа ми ми е непρијатно и во тој момент само здρвено чеκам да ме пуштат.
Чудна сум, сакам да гушкам луѓе, но не сакам да ги гушкам оние од моето семејство. Можеби бидејќи не сме некои луѓе што општо искажуваат physical affection едни спрема други. Како и да е, гушкање
Јас неможам да замислам да ми помине денот без гушкање. И не само со дечко ми,со сите што ми се блиски и ги сакам. Обожавам да се гушкам, тоа навистина ме смирува
Гушкањето е ок со најблиските, а не со било кој, на пример, комшија или познаник. Мене ми е многу непријатно кога некој маж, демек од куртоазија ќе се залета да ме гушне, се’ има граница. Тие што не ми се блиски, банално ми е да ме гушкаат.
Ова е најинтересниот и најубавиот начин на поздравување и размена на енергија меѓу луѓето. Може и да не сакам гушкање во моментот, по природа сум маалку поладна, ама интересна работа е што со него никогаш не одбивам гушкање, секогаш сакам. Ама има периоди каде што цел ден ја гушкам сестра ми, а таа е преизненадена и тогаш ги добивам сите привилетии. Од варење кафе, појадок, сѐ... Да, тоа што се прави поретко, послатко е. Којзнае колку убаво ѝ доаѓа кога ќе ја изненадам со гушки и тоа на гоооолемо. И со мајка и татко разменуваме гушки. И со поблиски го практикувам тој начин на поздравување, покажува повисок степен на блискост, ај лајк ит. Ама и последно во мода е, слушав порано како не сте практикувале, па ние младиве сме го донеле тој 'новитет'...
Воопшто не ми е проблем да гушнам некој што првпат го запознавам.Незнам дали по навика ама штом запознавам некој веднаш се пуштам да го гушнам,знам дека на некои им е непријатно и понекогаш се контролирам да не гушнам некој што штотуку сум го запознала.Оваа навика ми ја наметнаа другарките пошто кога и да се сретнеме се гушкаме и некако и мене ми премина тоа во навика...