Многу големо гушкалче сум Поготово пред циклус и во текот на циклусот сум како незаштитено маче и само се умилкувам за да ме гушне. Кога си спиеме заедно и со нозе дури го гушкам, нема кај да ми претне Аааааааааа ми се гушкааааааааа
како луда ги гушкам братучедите па и сестра ми и комшиите(мали) кога ќе гги гушнам не ги пуштам им велам ајде гуш гуш
Јас пак, би се гушкала, ама зависи кога и со кого. Некогаш многу ме нервира, а некогаш, не би се одделила. Братучед ми кога го гушкам, редовно го прашувам, Ме сакаш? Многу ме сакаш? Мене највеќе од сите братучеди ме сакаш?
Најмногу од се со сакам е да се гушкам...мајка ми постојано ја трујам,ела да те гуснам,ај гушни ме,а таја пак ич нејчи! Ама се погодуваме некако А за искажување љубов многу поубав начин ми е гушкањето од бацување. Посебно ако ме стегни силно и ми каже ТЕ САКАМ! Нема посреќен од мене! A кога имам недостаток на љубов си ги молам сите другари другарки братучеди да ме гушка То е јас сум зависник од гушкање!
Како маче сум постојано сакам да сум во нечиа прегратка, цело време гушкам некој било дечко ми мајка ми сестра ми другарка ми, сакам да ме гушкаат и да гушкам, така се чувствувам многу пријатно
Сакам искрена, цврста, ДООООЛГА и топла прегратка. Од било кој, близок или познаник... А најинтересно е она, кога девојката се поткрева на прсти за да го гушне или бакне дечкото
Интересно е, ама мене некогаш прстите ме доболуваат Една прегратка може многу да ме смири кога сум нервозна, кога сум разочарана и обожавам кога ќе дојдам дома и го чувствувам парфемот на дечко ми на себе од толку многу гушкање
Мноооогу сакам да се гушкааамм Некогаш дури и без потреба, онака кога ке ме прифатат оние "изливи на емоции" хихи И чудо е колку една прегратка може да ме смири или пак во некои случаи уште повеќе да ме разнежни.
Обожавам да се гушкам, мојата милост и љубов ја исажувам така, гушкам мнооооогу силно и штипкам И многу често имам потреба од гушкање
сакам да се гушкам ама не секогаш, понекогаш само(пред циклус и во тажни моменти а кога сум лута или нервозна, подобро нека ми помине нервозата, оти ако некој тогаш ме гушне тешко него, и нема шанси да ме смири напротив
Гушкањето ми е израз на најголема нежност Најмногу ме разнежнува кога ќе ме гушнат децата, а јас ги гушкам по цел ден, по милион пати посилно од мене е тоа. На маж ми најмногу му забележувам што не е гушкач, ако си фатам дечко заради тоа ќе биде да ме гали и гушка некој. Со другарките сакам да се гушнам кога ќе се видам, ама па ако ми е некој непријатен, гушкањето ми е како напад, како недозволена агресија на моја територија
Најубава работа на свет без разлика од кој го добиваш. Сега се разбира дека е многу поубаво ако е од некој што си го сакаш али и од некој што не го познаваш суппер е како на улица кога има ФРЕЕ ГУШКАЊЕ
Сакам гушкање, но не со секој...едноставно понекогаш неприродно и вештачки ми изгледа нечие гушкање... А јас со мојов вереник си се гушкаме по 24 саати, зошто и кога спиеме се гушкаме, едноставно се губам во неговата прегратка и просто неписиво е чувството кога силно ќе ме гушне, аххх мислам дека треба да си легнам и да си се бутнам во него да си се гушкаме
Со блиските ми е повеќе од потребно,значи со дечко ми и со моите домашни. Но,не сум тип на човек кој ќе го видите како се гушка наоколу со луѓе со коишто одвај разменил 5 реченици се‘ на се‘. За мене гушкањето е чин на блискост,топлина,припаѓање,доверба и е резервирано за најблиските.За други надвор од овој круг,нема место во мојот гушкачки простор,кој е доволно широк и дизајниран така да ги прими само наведените.Без исклучоци.
AААА! Прекрасно! Обожавам кога сум во рацете на личност која ми значи па дури и не сакам да ја пуштам... Да можам цела вечност ќе ја поминам гушкајќи се!
Мноооооооооогу сакам да се гушкам,со секој што ми е мил,ама во последно време малку и подзаборавив да го правам тоа
НАЈУБАВОТО нешто особено кога се разбудиме со дечко ми во прегратка... И он ќе ме праша цела ноќ те гушкав со такво убаво фациче... Ааааааааааааааа сонце мое...САКАМ ГУШКАЊЕ со луѓето што ги сакам...